Страв

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Колку и да се трудиме да не се плашиме од ништо, сепак, невозможно е. Секогаш ќе постои нишка страв во нас од различни појави.
Но, не значи дека ако се плашиш си слабак. Да почувствуваш емоционален страв значи да гаиш чувства кон нешто или некого.
Реално, никогаш не сум седнала да размислувам од што навистина имам страв. Тоа доаѓа во моментот кога се соочувам со ситуацијата.
Пр. пред да заминам негде подалеку се јавува страв од непознатото кое таму ме чека и во глава се вртат прашања од типот „А како ќе биде?“ „Да не се случи нешто лошо?“ итн.
Исто се случува да почувствувам страв од загуба на блиска личност. Без разлика дали се работи за смрт или за физичка оддалеченост, пак се врти прашањето дали ќе ми недостига и како ќе можам понатака без него/неа...?!
Но, нешто што најмногу може да ми предизвика страв е неизвесноста. И секогаш во тие ситуации мислам дека ќе се случи полошото. Дека ништо нема да испадне добро... Ова веројатно се знаци на песимизам кој се трудам да го избегнувам, но често тоа е посилно од мене.
Страв е...се појавува без да забележиме и без да сакаме. Предизвикува различни реакции, често постапуваме и непромислено поради стравот. Но, нормално е да го чуствуваме. Сепак, се работи за емоција.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Марија

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
http://forum.crnobelo.com/threads/Од-што-имате-фобија.314/page-8#post-132146

оваа е слична тема, дискусијата се води само кон прашањето од што имате страв, а оваа е поопширна, има и општо за стравот... :)
Јас да надополнам дека фобија и страв не е исто. Фобија сосема друкчие се манифестира. Сттавот е премногу општ поим.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Јас мислам дека немам од ништо страв жими се, лани се заплашив малку дека ќе се удавев у океанон ни Атлански, имаше бранови 5 метра и ја ќе пливам, само ја ко ментална некоја... и така се подзамислив викам чекај бе неможе тука да умрам у Америкиве, моите шо ќе кажат после, ја пративме и не ни се врати.... и викам така не, не е убаво и си испливав до површина, едвај (:|
 

Diamond

Полноправен Член
13 октомври 2012
33
23
8
лажно или не, многу реално за тој што го чувствува во моментот кога го чувствува
Можеби реално изгледа, ама не е. Нема потреба од страв, тоа е само состојба, која нема да смени ништо. Тоа што треба, ќе се случи, со страв или без.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena