Колку и да се трудиме да не се плашиме од ништо, сепак, невозможно е. Секогаш ќе постои нишка страв во нас од различни појави.
Но, не значи дека ако се плашиш си слабак. Да почувствуваш емоционален страв значи да гаиш чувства кон нешто или некого.
Реално, никогаш не сум седнала да размислувам од што навистина имам страв. Тоа доаѓа во моментот кога се соочувам со ситуацијата.
Пр. пред да заминам негде подалеку се јавува страв од непознатото кое таму ме чека и во глава се вртат прашања од типот „А како ќе биде?“ „Да не се случи нешто лошо?“ итн.
Исто се случува да почувствувам страв од загуба на блиска личност. Без разлика дали се работи за смрт или за физичка оддалеченост, пак се врти прашањето дали ќе ми недостига и како ќе можам понатака без него/неа...?!
Но, нешто што најмногу може да ми предизвика страв е неизвесноста. И секогаш во тие ситуации мислам дека ќе се случи полошото. Дека ништо нема да испадне добро... Ова веројатно се знаци на песимизам кој се трудам да го избегнувам, но често тоа е посилно од мене.
Страв е...се појавува без да забележиме и без да сакаме. Предизвикува различни реакции, често постапуваме и непромислено поради стравот. Но, нормално е да го чуствуваме. Сепак, се работи за емоција.