Страв

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Сакам да продискутираме за стравот како секојдневна појава.
Велиме дека сме смели и храбри. Велиме дека не се плашиме од ништо и дека го пречекуваме секој нов ден со широко отворени раце.
Но што ако застанеме еден миг и погледнеме длабоко во себе. Што ако малку размислиме за нештата кои ги сакаме, за нештата кои ги правиме, за нештата кои не опкружуваат и ни се сосем блиски.?
Секогаш постои страв дека ќе ги загубиме. Страв дека нешто може да им се случи, страв дека ќе направиме нешто погрешно, само еден чекор за се да исчезне или да се промени.
Зборувам за страв дека синчето ќе ви се разболи, дека ќе доживеете сообраќајна незгодна, дека ќе ја загубите работата, страв дека времето ќе помине и ќе ги загубите старите добри пријатели, страв дека љубовта која ја негувате со партнерот ќе избледне итн.
Во темава не станува збор за фобија - долготраен, тешко надминлив, постојан страв. Фобијата се вбројува во болести. (Фобија од височина, затворен простор, пајаци)
Стравот за кој пишувам е емоционална состоја која е проследена со психофизички промени.
Помислувате дека нешто лошо ќе му се случи на вашето семејство и срцето почнува да ги забрзува контракциите, пулсот се зголемува, и вознемиреноста може да трае.
Стравот е проследен со немир, неспокој и грижа.
Не верувам дека има човек кој не се соочува со некој ваков или сличен страв.
Можеби не секојдневно но сепак се соочува.
И тука зависи од личноста како се справува со тие мисли и колку им придава значење.

Од нас зависи дали безгрижно ќе се насмевнеме и ќе се убедиме дека се ќе биде добро или ќе грицкаме нокти туфкајќи се што ќе се случи утре.

Што вие мислите за стравот како состојба од која барем еднаш во животот е засегнат секој од нас?
Што за вас претставува стравот?
Од што имате страв?
Како се справувате со него?
Мислите ли дека стравот е длабока психолошка состојба која остава последици во начинот на живот, однесувањето и размислувањето на личноста?

На самиот крај:
Expose yourself to your deepest fear - after that, fear has no power, and the fear of freedom shrinks and vanishes. You are free.
Jim Morrison
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Колку и да речиш дека немаш страв ќе згрешиш.
Нормално е секој жив човек да има
страв.Болните луѓе имаат страв дека
можеби ќе му се влоши ситуацијата,луѓето кои немаат
пари имаат страв што ќе биде утре, дали ќе имаат доволно храна...
Некогаш имаме и интуиција дека на некој наш близок
ќе му се случи нешто лошо и пак чувствуваме страв.
Иако не сме свесни некогаш секој ден чувствуваме
страв за нешто.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Што за вас претставува стравот? стравот е нешто што за момент го обвзема барем еднаш на секој човек, не зависно од која работа и до што доведува истиот... тоа за мене е едно грозно чувство, кое не би сакала никогаш во животот да го немам доживеано
Од што имате страв? најмногу од пеперутки за жал :place кловнови и од смрт на најблиските



Како се справувате со него? многу тешко, кога и да видам пеперутка јас паничам, цикам, а ако нема никој во моја близина за да ја истера истата, јас почнувам да плачам, да бегам... многу тешко е... :eek

Мислите ли дека стравот е длабока психолошка состојба која остава последици во начинот на живот, однесувањето и размислувањето на личноста? да и тоа како... кога и да помислам на пеперутка јас се наежувам целата, кога ќе ја видам во друштво кревам паника, што и не е баш нормално, некои и почнуваат да се смеат на моја сметка, а само јас си знам како ми е... али тоа е :| дури на моменти си помислувам и дека тоа не е нормална работа, дека треба да посетам психијатар, да ми го отстрани тој проклет страв... како и да е неможе секој да го разбере стравот како појава, освен тие што имаат страв од некоја одредена работа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bboby

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Абе може ние да се чукаме у груда дека сме бестрашни, ама не е страв само од змии, мечки, висина, змејови и народ, ко што ни е првичната замисла кога ќе се спомне поимот страв.
Кај секого си е различен. Некој се плаши и од најмали ситници, кај некои е поизразен, кај други не, но секаде го има.
Некој се плаши од обична темница, страв што потекнува уште од далечните предци што живееле по пештери.
Сега што ако живееме во ера на технологија, кога доволно е на некој да му изгасиш светло и се упрпува.
Мојот најголем страв е губењето на блиските. Преку се` ќе пројдам, ама од тие моменти кожа ми се ежи.
Не мора да се работи само за смрт. Еве и преселба нека е, и прекин на врска, пријателство...
Не дека тие работи не можат да се средат, ама карактерот ми е таков што еднаш кога прекинам нешто, назад нема.
Да не забегувам од темата, страв ми е и да не останам сама во стан со мачки. Ама ќе си барам некој на оглас.
Страв имам по малку од иднината, од аспект на тоа дали убаво ќе го завршам факултетот, дали ќе се вработам, па фамилија што како, ама за тоа си треба амбиција, така да може да пројде.
Од други работи може да ме фати језа на моменти, ама што знам, не ми претставува некој страв тоа.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Мислам дека оваа е трета тема на форумов со ваква тематика.

http://forum.crnobelo.com/threads/Од-што-имате-фобија.314/page-8#post-132146

оваа е слична тема, дискусијата се води само кон прашањето од што имате страв, а оваа е поопширна, има и општо за стравот... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
страф од инсекти иам и змии :frantic
за друго неможам да се сетам...а и да не е темата за воа .. ми е гајле...многу има за читање :)
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Мислам дека оваа е трета тема на форумов со ваква тематика.

Пред да ја отворам темава разгледав дали постои некоја ваква. И мислам дека не погрешив кога дојдов до заклучок дека тема како оваа нема.
Го опфаќа стравот како емоција, не станува збор за фобија тука за состојба која секој ја почувствувал.
Секој има страв, но не секој има фобија од нешто.
Различна е од онаа на хипхоп а тоа веќе го посочив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Trajche

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Реков погоре, дека ќе се навратам покасно во темава.

Е сега нема човек кој не чувствува емоционален страв, немора тоа да е само за него, и никој неможе да ме убеди дека не чувствува страв за некој друг, на пр. кога некој негов близок пријател/ка оди некаде на одмор или заминува во друга земја на печалба и сл. и веднаш кај нас се појавува тој страв: „Еј, а да не и се случи нешто?„, „Ќе биде ли добро?„, „Се надевам ќе се врати„ и тн. нели? И тоа ако не секој ден ама се појавува на 2-3 дена верувам кај секој, ако не ова е лично за мене, а човек ако не чувствува страв за себе или за некој друг како што наведов во примерот погоре, тој е без емоции, без чувства, едноставно речено нема срце!