Убиецот има една цел, да те убие.
Верувајте ако наумил (особено наркоман) никакво разубедување нема да помогне.
Сите на форумов храбри, ама ептен.
Јас не сакам да замислувам што би било кога би било.
Нешто слично се има случено кај мене на работа, среќа што тој ден бев слободна.
Ама колешките мои што биле таму, наредниот ден не знаеа каде се наоѓаат, дали знаете колку тоа влијае на психата.
На едната колешка буквално и имале вперено пиштол на чело,ја натерале да клекне на коленици (додека другите крадат) баш затоа што се трудела да ги разубеди.
И во сето тоа она да успее да го притисне паник тастерот. (секоја и чест на постапката)
Мислите така лесно се разубедува, особено ако се професионалци.
Чувството дека ви е нарушена безбедноста.
Тогаш проработува инстктот, се зависи од ситуацијата,
никогаш не можеш да знаеш како ќе изреагираш.