Што подразбирате под Господ?

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
31
Еве гледам нема до сега ваква тема отворено, а баш ме интересираат различни размислувања за тоа како секој го гледа, замислува и разбира "Господ". Многумина кои се изјаснуваат како верници веруваат и се потпираат на него, но дали ние воопшто знаеме шо би требало да означува овој апстрактен поим. Дали е тоа семудриот старец со бела брада или.. ?

Јас си останувам на моите атеистички погледи поради повеќе работи меѓу кои и оваа нејаснотија. Ниту папите не знаат шо е тоа "Господ", а велат дека ова нешто ги контролира нашите животи. Според мене "Господ" би можело да претставува одреден кварк или уште помал дел од честицата ако сепак го има, можеби тоа е одредена хемиска/физичка реакција шо го предизвикала почетокот, сеуште за нас непозната сила или нешто слично, но никако личност која го набљудува својот т.н проект. Дури и подобро е да кажеме дека некоја работа навистина сеуште не ни е јасна, отколку да се залажуваме дека го знаеме одговорот заменувајќи го со фиктивна замисла.

Се надевам краткиот вовед ќе поттикне дискусија, па ајде да ги видиме и другите размислувања.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: annazac

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Белобрадо старче постаро и од универзумот кое лебди на трон сместен на облак и гледа се` што прави секој, во секое време, држејќи го стапот на судбината со кој ни го диригира животот ко на марионети и ни суди за грешките кои најверојатно тој не`поттикнува да ги правиме, затоа што, нели, така ни било пишано во неговата книга.
Ме густа.

Е сега малку посериозно. Сум пишала и во друга тема, ќе повторам само тука.
За мене Бог е енергија. Енергија која ете, по некоја случајност го добила тоа име.
Не е ниту старец, ниту ми ги гледа гревовите, ниту ме наградува за добрите дела, ниту ми налага да одам во црква и да плеснам на икона десет денарка ко што мераклија би плукнал и плеснал иљадарка на гола танчерка или чело на трубач, нит ми наредува да му оставам зејтин и пешкири, а најмалку пак ми ја пишува судбината и најмалку треба да го величам или укривувам него за она што ми се случува мене.
Едноставно, енергија која го движи универзумот и спречува настанување на тотален хаос.
 

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Господ подразбира личност од кој е создаден светот создадени сме ние луѓето и се што е околу нас ако господ не постоеше од каде ќе настанеше светот од каде ќе настаневме ние.па сега научниците ќе почнат да објаснуваат физика,честици и како настанал светот па од каде настанале тие честички како настанале како може од ништо да настане универзум да настане планета па некојси суштества,Како што пишува во библијата Господ рече нека биде светлина итн...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: balerina and lolypop

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Едноставно, енергија која го движи универзумот и спречува настанување на тотален хаос.

Можеби универзумот во суштина е батерфлај ефект од аспект на хаосната теорија (smoke)

За другото се сложувам... Спој од енергија и материја сме ние.. а господ е или енергија, или човекова фантазија..
 

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Господ е универзумот, виша сила која владее со душите на сите нас ...........љубовта и сите оние благородни чувства, мисли и духовни вредности кои го штитат човештвото од уништување и пропаст. Тоа за мене претставува господ. :D

П.С. Огромно БРАВО за темата (bravo)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rosana and turop

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
31
Можеби универзумот во суштина е батерфлај ефект од аспект на хаосната теорија (smoke)
Многу блиску и до моето мислење :kafe
index.php
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Еве гледам нема до сега ваква тема отворено, а баш ме интересираат различни размислувања за тоа како секој го гледа, замислува и разбира "Господ". Многумина кои се изјаснуваат како верници веруваат и се потпираат на него, но дали ние воопшто знаеме шо би требало да означува овој апстрактен поим. Дали е тоа семудриот старец со бела брада или.. ?

Јас си останувам на моите атеистички погледи поради повеќе работи меѓу кои и оваа нејаснотија. Ниту папите не знаат шо е тоа "Господ", а велат дека ова нешто ги контролира нашите животи. Според мене "Господ" би можело да претставува одреден кварк или уште помал дел од честицата ако сепак го има, можеби тоа е одредена хемиска/физичка реакција шо го предизвикала почетокот, сеуште за нас непозната сила или нешто слично, но никако личност која го набљудува својот т.н проект. Дури и подобро е да кажеме дека некоја работа навистина сеуште не ни е јасна, отколку да се залажуваме дека го знаеме одговорот заменувајќи го со фиктивна замисла.

Се надевам краткиот вовед ќе поттикне дискусија, па ајде да ги видиме и другите размислувања.

Светот се уште се создава има нови планети и нови сончеви системи што значи светот не настанал само со земјата и сончевиот систем.
значи тој процес се уште постои.
Значи не ќе да е бог само експлозија туку сепак нешто друго, што постои и егзистира во универзумот.
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
31
да ама сепак би морало да има некаков почеток, значи тоа е тоа шо е најасно, почетокот. А разните процеси кои креираат или уништуваат планети и галаксии човекот колку-толку може да си ги објасни, зашто ги проучува. Работата е шо никој точно неможе да претпостави шо се случуло 13 милијарди години наназад, ако не и повеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: freak

annazac

Истакнат Член
2 август 2012
30
13
108
Господ...не е нешто коешто може да се докаже...според моите верувања не постои,но сепак можно е да постои некоја надприродна сила,кој знае.А религијата е нешто коешто не тера да гледаме само во една насока и да одиме по еден единствен пат.Е тоа не можи така кај мене.Добар пример зошто не ја почитувам религијата е смртта на Коперник затоа што не размислувал како црквата.Друг добар пример е Папата кој држи говори за тоа како се што имаме повеќе во животот да им го дадеме на сиромашните,но лесно му е него да каже бидејќи тој имал се во животот(храна,место за живеење итн),и потоа Библијата е полна со неприфатени работи од науката...така да науката е вистината според мое мислење!
П.С.верниците ве молам да не се навредите,ова е само мое мислење,а секој има различно мислење :)
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Папата кој држи говори, како што велиш, дома лежи на злато и се бања во пари, што е превише апсурдно тоа. :)

Како и да е, јас сум повеќе агностик. Кај мене нема стриктно НЕ ПОСТОИ, или стриктно ПОСТОИ.
За мене Господ е приказничка, ваљда била почната онака чисто случајно, некои биле многу напушени па си замислиле работиички, али па други луѓе си ја превише озбилно сфанале па решиле да сменат големо мислење кај другите народи со тоа шо почнале да ја шират на големо.
Општо зборувам, не само за Исус наш, или ваш :D
Сепак, јас ништо не можам да докажам со тоа, затоа и не велам дека не постои.
И ќе си ја завршам дискусијата овде, зашто темите со религија се најдолги и резултират со општа нервоза, особено кога се конфронтират верник и атеист! Од искуство кажувам... :D