Еве гледам нема до сега ваква тема отворено, а баш ме интересираат различни размислувања за тоа како секој го гледа, замислува и разбира "Господ". Многумина кои се изјаснуваат како верници веруваат и се потпираат на него, но дали ние воопшто знаеме шо би требало да означува овој апстрактен поим. Дали е тоа семудриот старец со бела брада или.. ?
Јас си останувам на моите атеистички погледи поради повеќе работи меѓу кои и оваа нејаснотија. Ниту папите не знаат шо е тоа "Господ", а велат дека ова нешто ги контролира нашите животи. Според мене "Господ" би можело да претставува одреден кварк или уште помал дел од честицата ако сепак го има, можеби тоа е одредена хемиска/физичка реакција шо го предизвикала почетокот, сеуште за нас непозната сила или нешто слично, но никако личност која го набљудува својот т.н проект. Дури и подобро е да кажеме дека некоја работа навистина сеуште не ни е јасна, отколку да се залажуваме дека го знаеме одговорот заменувајќи го со фиктивна замисла.
Се надевам краткиот вовед ќе поттикне дискусија, па ајде да ги видиме и другите размислувања.