На форумов за секс, нова љубов, другарство или нешто друго..?
Одамна не сум отварал тема и не сум бил присутен тука, но од разговор со членови со кој сум во контакт почнав да слушам муабети за тоа како некој на форумов дошле само за секс, да си пронајдат љубов или другарство или па за сосем друга работа..
Еве јас ќе признаам дојдов за да си губам време тука ( а, сега и се изгубив од тука
) , но и со друга цел да го зголемам кругот на пријатели.
Со некој супер што се запознавме и мило ми е ако уште остане така. Нема зијан од тоа да имаш повеќе пријатели па уште подобро ако се и од различни градови.


Се надевам ќе се запознаам и со некој други.

Кое е вашето искуство?