СДК ретко кога се „отворам“ на форуми и слични виртуелни „прифатилишта“, па веројатно ова ќе е единствен пост од ваков вид. Но ете, морам да кажам некои работи што ги собирам во себе, и кои периодов ми го прават максимално чуден, непознат, па нека е и убав (се извинувам за должината, слободно скролајте ако не ви е по мерак).
Не дозволувам да ме зафати песимизмот на моите другар(к)и преведувачи (и по некој толкувач), кои мислат дека тешко кој успеал на наши простори во оваа (прекрасна) професија. Луѓе, како и во секоја професија, треба да се потрудите и да си го пробиете патот, работата од дрво нема да ви падне! Та и јас што имам 2 години работно искуство со преводи и 3 месеци со толкувања, знам дека нема некој туку-така да ме прими, и веќе сериозно си ги разгледувам достапните опции за пост-дипломски. Што мислевте мили мои, дека дипломата ви гарантира сигурно и постојано работно место? Веќе не, верувајте ми... Парче хартија што гарантира дека сте завршиле некоја струка, но вие
лично треба да се докажете во истата.
Во недела си доаѓаат моите, и со тоа конечно се става крај на подолгиот период „самотија“ дома. Не дека не уживав во неа де, сам свој газда, правев/правам што сакам и со кого сакам. Но сепак, и полната куќа си има свој шарм. Не ми пречеше/пречи што сите домашни обврски беа/се на мои раменици, туку баш напротив, ме раздвижуваа(т) и размрдуваа(т) низ дома, но сакам веќе и да си ги видам „старчињата“, единствени ми се.
Летово можеше и мораше да го искористам поактивно во досегашниот период. Со исклучок на четирите прекрасни дена во Прилеп за Пиво фестот и некои убави проводи, излегувања и шетања во Скопјево, речиси и да не ме зафати онаа летна еуфорија што е толку карактеристична за сите нас, па и за мене. Има уште месец и пол до крајот на летото, само половина е поминато, и ќе се потрудам да си го „обојам“ секојдневието со боите што и тоа како ми недостасуваат.
До трите (нај)блиски другари: Ве сакам дечки, и бескрајно ве почитувам, го знаете и самите тоа. За вас би направил се’ што треба, значи и во лице сум ви го кажал тоа, и ќе ви бидам „верен до гроб.“
НО!!! Момци, на моменти вашиот летаргичен стил на живот и животот „во сенка“ ме убива. Помните кога последен пат сме се оставиле заедно до зори на некоја журка, во ноќен клуб или дискотека? Ни јас...
Ако не излезам со другаркиве што ми се настрана (среќа што и тие се тука), барем еднаш-двапати во месецот, и тоа токму на такво место, не би функционирал како што треба. Едноставно, потребна ми е таа доза на луда и безгрижна забава, па и подзачинета со алкохол (чашка до две, знаете дека повеќе не е за мене
). Едноставно преку неа добивам сила и инспирација да продолжам наредниот период, и да се соочувам со наредните предизвици. Поработете на тоа момци, па и ако треба стиснете заби за мене, ОК?
И како последно, но не и најмалку важно, и
таа стапува на сцена (или подобро кажано, се’ посилно чука на врата)...
Таа која со прости порачиња умее да ми извлече насмевка на лицето и поради која секојдневието често ми добива нова доза свежина каква што одамна ми фалеше. Но како и секогаш, колку поубаво станува, толку повеќе се наметнуваат оние дилеми и стравови:
Дали се’ правам во ред? Што (не) и’ се допаѓа во мојот карактер? Вистина ли е кога вели дека и јас за неа сум нешто ново и интересно? Ќе ја запознаам ли подобро некогаш (а сакам, премногу сакам!)?
И толку треба, настапува оној (мини-)период на бедирање и тотално губење самодоверба (која обично ја имам и повеќе од доволно)... Но сето тоа исчезнува моментот кога ќе ја видам најновата порака од
неа. И потоа, пак по истиот рецепт, односно како од почетокот на точката. А во меѓувреме, желбата да споделувам дел од моето време со
неа расте и непрекинато расте...
Накратко (или надолго
) тоа би било тоа. Толку конфузен период, кој од една страна ме исполнува, а од друга тотално ме исцрпува, одамна не сум имал. Веќе утре не знам што ме чека, но хеј! Па токму тоа го прави овој (тежок) живот толку убаво (иако на моменти заебано
) искуство, не? И пред се’,
НЕПОВТОРЛИВО!!!