Љубов преку интернет

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Јас го имам почувствувано ова со мојот сегашен дечко на мсн и иако живееме во ист град во живо се видовме после 11 месеци и сега сме 2 години и 6 месеци во врска:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pilot, Lena and melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ja читам темава и не сум сигурен дали повеќето тролаат или навистина го доживеале тоа. I'm very confused.
Јап, во тоа видео убаво е опишано тоа што им се случува на младите. Но има исклучоци.
прашањето не беше за што објаснува видеото,до толку помош не мислиш дека ми тренбасо умот ваљда,прашањето беше лично за тебе.
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
31
абе како да кажам, значи јас во живо тешко се заљубувам а камоли преку нет. Не знам.. социјалните мрежи можат да послужат како старт, начин да закажеш дејт, ама ако останеш само на тоа тогаш не е она вистинското. Немаш допир, немаш поглед во очи, мимики ,гестови. Голема е веројатноста само да се лажеш самиот себе си, бидејќи многу јасно личноста ќе си ги претставува само своите позитивни страни и ти ќе се возбудуваш демек си ја запознал совршената. Потоа доволен е само еден контакт во живо и да се најдеш во небрано :D .

Поради тоа кажав , мислам дека никогаш нема да се заљубам на овој начин.. тежок тип сум :D
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
прашањето не беше за што објаснува видеото,до толку помош не мислиш дека ми тренбасо умот ваљда,прашањето беше лично за тебе.

Реков, има исклучоци каде е можна љубов преку интернет. Но не љубов каде едниот ќе „лајкнува“ статуси и слики на другиот и така ќе покажува колку се сакаат, не со пишење срцки-мрцки и сл. Но сепак, физички контакт е неопходен и без тоа не би било исто.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Јас еднаш имав љубов преку СМС со една типка од Швајцарија. Беше се имавме запознаено на свадба во Босна, бидна шо бидна и двајцата сакавме да останеме во контакт. После месец дена залудно трошење кредит сватив дека врскава на даљина нема да мрдне подалеку од СМС, а и емоциите испарија од ко си најдов девојче на 7 км. од мене.

заебите ваква ’’љубов’’, не вреди да се троши времето.

 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Запознасмо се на одмор кт беше ја после одржувасмо пријатељство преко интернет, овуј годину кт беше па се видимо и ете цели 3-4 дна смо заедно :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
немам......а имав една на телефон :) си се запознавме и си одевме некое време.....
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
За сите оние кои се обиделе да одржат страст во врската на далечина, пристигнува помош во вид на направа за електронски "усни", кои на вљубените но разделени парови им овозможува да се бакнуваат преку интернет.
Професор по роботика во Сингапур измисли направа која личи на мала глава со преголеми силиконски усни - "кисинџер" (кратенка од "Kiss Messenger") и ја претстави неодамна на една научна конференција во Британија. "Кисинџер" моментално се подготвува за комерцијална продажба.
d8d25ff10f6bd913b893b94a2b53.jpg

"Може да се искористи како средство за подобрување на комуникацијата помеѓу луѓето", за "AFP" изјави творецот на "кисинџер", Хјуман Самани.
Паровите треба само со помош на УСБ кабел да ја поврзат направата со компјутерот, да се поврзат на интернет и да почнат да ги бакнуваат силиконските усни кои ги движат сензори, кои потоа ја поместуваат направата од другата страна на "жицата".

Паровите исто така преку екранот можат да се гледаат еден со друг додека разменуваат бакнежи.

bainter1.jpg

Специјалниот силиконски материјал од кој се направени усните нуди "најдобро чувство", истакнува научникот, кој лично ја испробал направата. "Кисинџер" се уште не е подготвен за пазарот и покрај многуте понуди поради "етничките прашања" кои мораат да се решат.
"Бакнувањето е интимен чин така што за пласирање на овој производ е потребно да се направат соодветни студии и истражувања за социјалните и културни гледишта", изјавува Самани.

ЕТЕ РЕШЕНИЕ:):):)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and The_Mayor