Влијанието на социјалните мрежи врз човечтвото!? Па зарем почнавте да верувате и во виртуална љубов?
Како ја разбирате љубовта преку интернет?
Напредно општество и сваќањата на младината, преоптовареноста и склоноста на социалните мрежи ви навлегуваат дури и во емоциите?
Еве го мојот став.
Верувам во запознавање преку фб, твитер, мај спејс итн.. но не верувам во емоции никогаш не ги имам искусено.
Зарем романтична вечера и физички допир, бакнеж би го заменил со праќање пиво на масата на тексас холдем или Хај на чат со поздрав со рака, или пак бакнеж ин лајв би го заменал со пишан кисс, мвах за добра ноќ. Зарем тензијата и возбуденота за секс, вложениот напор и физичката изнемоштеност во кола, соба, стан, хотел и рандом места би ја заменал со сајбер секс на скајп, взаемно мастурбирање со некоја. Знам дека на чат се сите фраери и јаки пи*ки секој си ги претставуват своите најсилни страни нема страм, затоа што не го гледа во очи партнерот, не се осудува според фацата на соговорникот и неговите/ нејзините гримаси кои во живо мора да бидете попретпазливи и ќе ви укажуваат како би говореле. Кој има подобри познавања од фотошоп тој е позгоден,поубав, па девојките некој си слики во вц со новиот ајфон и натртена и полунасмевнат лик фото-бакнеж после седумдесет и третото сликање конечно саканата фотка и во рок од 5 секунди на фб и сега очекуваме минимум 73 лајкови за секој вложен труд и барем 40 коментари од типот- кисче топ си лајк. Истата изјавува култура преку повратен коментар фала многу кисс и до тебе, а во живо препотентна, преполна со иронија и сарказам без бон-тон, IQ американско -90.
Статусите наменети за тебе претставуват what's your problem, наместо what's your mind, расправијата во живо и на чат како може да се спореди? Седи мирен ќе те одтагирам од сликиве и од постовиве и ќе се направам сингл. А во живо ќе се искажеш и тоа што ти лежи на срце не можеш да го напишеш.
Пс.Ако некој се пронајде во текстов и се навреди тоа е сосема нормално.