Трачеви и новости

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Па само тоа, за да му дојде памет. Секакви малоумни луѓе има. Па да си убијам мајка, што ме донела на свет, треба да сум психички болен. Па и каков да е проблемот, обрати се кај некој, во полиција или било каде, нека превземат нешто а не со убиства да се решавало. :mad:
Удира времево на психа...
И што ако ја уби сега? Си ја поврати честа? Си исчисти некоја дамка?
Убиството не е решение.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Lovely*-*

Староседелец
27 мај 2012
230
164
1,043
34
Ohrid
kimmyqueen98.tumblr.com
А во Охрид во зграат на една моја другарка во лифтот некој салал да силува две момицинја малолетни 12 години и ги чепкал по интиминте места и кајшот што го носел им го истал и некако едното момиче избегало а другото попосле се ослободило :x
Имат многу психопати и море да ти е страв да излезеш
Мене така еден ми направи кога имав 5 години бев со маркет и еден сакаше сосила да ме пикне во колата и мене ме искуба а јас го каснав силно за раката и ме искуба и ме пушти . :frantic
Среќа што ми падна да го каснам силно за рака инаку јас денес дали ќе бев жива?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner and emzzy

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Судии,кадии колку сакаш.
Дај им на лугево секира во рака и дозволи им да прават како што сакаат.
Пола ке се усерат во гаки уште не земена секирата,од самата помисла дека им се дало за право да одлучуваат,а другата половина ке се покажат поголеми убијци и од детево.
Колку наши мајки и татковци го прават скоро истото како женава само ние си знаеме,а тие што не знаат еден ден ке дознаат.
Па ако тргнеме по стапкиве на детево ке нема место на форумов во темава за трачеви.
Тие мајки не израснале и никогаш не се декларирале како светици.
Ајде кој е светец нека посегне по оружјето и нека убива,тек тогаш најдобро ке се просветли.
Само детето си знае низ што поминал за да стигне до вакво психичко пореметување.
Од вакви сеирџиски работи,и од тоа што секој повеке во чуждиот двор гледа отколку во својот,од разни осуди и глумење идеализам многу полесно се доага до такви психички пореметувања.
Многу потешко им доага на лугето да најдат разбирање и да помогнат,а полесно им доага да донесат заклучок за нечиј живот од тоа што ке прочитат една статија која читајки ја предизвикува да се згрозиш од помислата на што се е спремно едно човечко суштество.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
А во Охрид во зграат на една моја другарка во лифтот некој салал да силува две момицинја малолетни 12 години и ги чепкал по интиминте места и кајшот што го носел им го истал и некако едното момиче избегало а другото попосле се ослободило :x
Имат многу психопати и море да ти е страв да излезеш
Мене така еден ми направи кога имав 5 години бев со маркет и еден сакаше сосила да ме пикне во колата и мене ме искуба а јас го каснав силно за раката и ме искуба и ме пушти . :frantic
Среќа што ми падна да го каснам силно за рака инаку јас денес дали ќе бев жива?
Во која зграда, која населба?
Читав и јас за тоа, срамотилоци..и кај нас ваму имало некои педофилчиња што напаѓале деца од Социјалните згради ама навреме ги пријавиле и повеќе ги нема.
Шо нема...
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Во која зграда, која населба?
Читав и јас за тоа, срамотилоци..и кај нас ваму имало некои педофилчиња што напаѓале деца од Социјалните згради ама навреме ги пријавиле и повеќе ги нема.
Шо нема...

Само кастрирање на таквите. :mad:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Lovely*-*

Староседелец
27 мај 2012
230
164
1,043
34
Ohrid
kimmyqueen98.tumblr.com
Во која зграда, која населба?
Читав и јас за тоа, срамотилоци..и кај нас ваму имало некои педофилчиња што напаѓале деца од Социјалните згради ама навреме ги пријавиле и повеќе ги нема.
Шо нема...
Во Марина со мене шо учит во нејзинион влез кај кам маркет
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Нема пострашна вест за еден родител од веста дека ќе го изгуби своето дете. Кога докторите ѝ кажале на Џенифер Лосон дека нема надеж за нејзината 14-месечна ќерка, таа го искористила секој момент за да ја опсипе со нежност и љубов малата Алис.
На фотографијата е прикажан моментот кога Џенифер мислела дека ја бакнува својата ќерка за последен пат, за да ѝ каже збогум. „Како ќе можам да продолжам понатаму без неа?“ – си мислела таа во тие очајни моменти.
Но, очигледно некој не сакал малото девојче толку рано да се раздели од својата мајка. Кога сите мислеле дека Алис ќе го испушти последниот здив, а докторите чекале за да ги земат нејзините органи за донирање, се случило чудо. Алис се изборила да остане на овој свет.
Пред да дојде на работ на смртта, храбрата Алис еден месец се борела со менингитис (meningococcal meningitis) и сепса, болести кои предизвикале да ѝ откажат бубрезите и да добие мозочен удар. Кога на родителите им било кажано да се подготват за последното збогум, Алис била во кома, а медицинска опрема ја одржувала во живот. Докторите биле убедени дека откако ќе ги исклучат апаратите, Алис ќе умре.
Сакајќи животот на Алис да не отиде залудно, Џенифер се согласила нејзините органи да бидат донирани за да му се помогне на некое друго дете. Таа за „Дејли Мејл“ изјавила:
„Се обидував да ѝ кажам колку ја сакам, се надевав дека ме слуша и разбира. Зборував со неа како да не се случува ништо лошо, но бев во делириум. Сè беше толку нереално. Ја чувствував нејзината топлина, ги гледав нејзините розови образи. Таа изгледаше како бебе што спие. Минатото и иднината се споија во тој момент. Ѝ кажав колку сум горда со неа, дека се бореше долго и дека сега треба да се одмори. Потоа, легнав до неа.“
„Бев зашеметена. Ми кажаа дека ќе умре тоа утро, дека ги исклучуваат машините затоа што таа никогаш не би можела да дише сама. Па, се убедував себеси дека таа веќе е замината, дека тука лежи само нејзиното тело. Но, тоа не оди така. Се држиш за надежта додека сè уште има останато.“
„Докторите дојдоа по нејзините органи. Одненадеж исклучија сè. Алис лежеше на креветот, светлата беа придушени. Докторите ѝ ставија морфиум и нè оставија насамо, бевме само Алис, јас и нејзиниот татко, мојот партнер Фил.“
„Тогаш го бакнав моето мало девојче. Таа беше толку топла што не можев да си замислам дека се очекуваше да умре.“
За среќа, исклучувањето на апаратите не значело крај на животот на Алис. Таа започнала сама да дише, иако никој не верувал дека тоа може да се случи.
Среќниот татко раскажал: „Медицинската сестра влезе и ни го рече најчудното нешто. Ни кажа дека тимот за донирање на органи си заминал, дека нема да бидат потребни. Потоа дојде докторот и ни кажа дека Алис дише без апарат. Тие ја набљудувале преку монитори во одделна просторија и го виделе нејзиното подобрување.“
02.jpg
Џенифер и нејзините две ќерки (малата Алис и 8-годишната Тејлор)
Џенифер сега со голема болка се присетува на тие страшни моменти, но и на радоста од ненадејното опоравување на Алис. „Направивме отпечатоци од нејзините раце и нозе за спомен и останавме со неа до доцна, буквално губејќи свест од замор во текот на раните утрински часови. Рано тоа утро отидов до нејзиниот кревет во одделението за интензивна нега и ѝ однесов балони. Таа обожаваше балони. Ги врзав за креветот и ја бакнав. Кога го направив тоа, светот сопре за момент. А потоа, се случи чудото“ – изјавила Џенифер.
Закрепнувањето било мачно, затоа што Алис повторно била како новороденче. „Не можеше да ја контролира главата и да седи, но функционирањето на нејзините бубрези се подобруваше. Тоа ни беше како победа. Ја хранеа преку цевка, па кога за првпат зеде пасирана храна, тоа беше друг триумф. Потоа започна да посега по мојата рака. Половина од нејзиното лице беше парализирано, но бавно нејзината насмевка се врати“ – објаснила Џенифер.
Денес Алис е среќно три и пол годишно девојче. Но, борбата со болеста не ја оставила без последици. Едната нога ѝ е покуса од другата, па не може да се движи без помош. Не може да зборува, иако секој ден се подобрува. Неодамна за првпат го изговорила зборот „мама“. Сè уште се храни преку цевка, бидејќи не ѝ е вратена способноста да голта.
Фил и Џенифер се откажале од своите кариери за да можат да се фокусираат на подобрувањето на здравјето на Алис, но се пресреќни што таа е жива.
„Кога навечер ќе погледнеме во нејзината соба и ќе ја видиме како спие мирно, за момент стоиме и си мислиме колку сме среќни. Таа навистина е нашето чудо“ – рекла Џенифер.