Како го доживувате форумот?

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
Уште сум пресен тука, но се чувствувам како на форумот да сум од самото пуштање. Наутро кога станувам првото нешто овие 2-3 дена пред да си ги измијам очите е лог ин на форумот и читање на новите известувања и пораки. :) Искрено прв форум кој го прифатив како обврска, да морам да го отворам. Ако не цел ден нешто ке ми фали. И мислам дека така и ке остане. Има прекрасни луѓе тука со кои може преубаво да се комуницира, и до сега сум задоволен во целина, е сега се случува и некогаш некој да стане на лева нога :) и да ја истроши негативната енергија тука, тогаш практикувам да не се мешам и да си барам друга тема за читање :) Инаку форумчето е супер. Само така да продолжи. Не ми треба ни фб ни скајп :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and melpomena

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Како го доживувам? Па како место каде што скоро секој ден се логирам само за да видам што имам и што има на него новости.. И онака не ми е интересен како што ми беше порано! x( И така пополека се губам од тука, со тие што имав контакти и што стоев добро пополека намалуваме со виртуелната дружба и така. Еден ден се ќе биде само обичен спомен...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
Некако го запоставив.. чувствувам вина :D
место дека можам да кажам шо сакам, знам само некој од кој шо не ми е срам, а другото.. го оставам на случајноста :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
интересен дел од мој компјутер, куде што има живи људи, мрдаф и збориф
место куде што се дружу сс тија људи што исто седиф пред пц и штракаф како мене
супер е
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Најмногу пред се ми се од форумот ми се допаѓа што нема многу голема бројка на членови, мразам гужви (голема бројка на членови) Го доживувам како некој кафе бар интересно место за дружење и забава каде што го посетуваат се иста клиентелна (интересни фаци, мислења и ставови) кои интересни се за читање, нормално има и исклучоци. Се на се топ, како што би посакувал да изгледа едно мало местенце на пример кафич.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Како место на кое во над 2000 теми можам слободно да си се изразам како што сакам,
пред се,како место за забава,каде што има голем дел фини членови,пријателски настроени,
како место,каде што можам да поставам некое прашање од моја корист,и притоа да добијам одговор од повеќе виртуелни другарчиња,истотака да помогнам некому во зависност од неговото/нејзиното прашање
како место,каде што можам да научам некои работи,имаме доста едукативни теми
како место на кое што морам да се логирам секое утро штом седнам пред компјутер:)

и како место каде што ја запознав својата форумска љубов parvati,мојот виртуелен дечко(inlove)
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Штознам, онака. Кога ми е досадно и нема со кого да разговарам, форумот е најдобра опција, а и доброто е што се дискутира со сосем непознати луѓе, гледаш туѓи ставови, ќе научиш нешто ново и то ...углавном доживувањето е позитивно.