Не заборавајте дека името кое ќе го изберете за вашето дете ќе му остане за цел живот. Постојат многу истражувања кои откриваат врска помеѓу името и карактерот на луѓето.
За изборот не постојат строги правила, но сепак би требало да се придржувате до оние што следат во продолжение, со помош на кои ќе ги избегнете непријатните ситуации за вашето дете во иднина.
-За да ги избегнете потешкотиите при изговор на името и презимето, внимавајте последната буква од името да не биде иста со првата буква од презимето.
-Името треба да одговара со презимето, па затоа водете сметка нивната комбинација да звучи добро и мелодично. Правило е дека со долго презиме оди кратко име и обратно.
-Не дозволувајте вашето дете поради името и презимето да биде предмет на исмејување во одделението. Внимавајте името и презимето да не формираат смешни асоцијации. Иако можеби вам ќе ви звучи симпатично, не заборавајте дека децата најчесто имаат сурова смисла за хумор.
- Не се согласувајте на компромиси со пријателите и семејството. Иако можеби вашата мајка или татко сакаат нивното внуче да се крсти по нив, бидете свесни дека детето е ваше, а тоа ви дава право на ваш избор и избор на вашиот партнер, ничиј друг.
-Ако сте неодлучни, составете листа со имиња па секој ден елиминирајте по едно додека не дојдете до она вистинското, кое ќе ви се допаѓа на вас и на вашиот партнер.
-Бидете исклучително внимателни со уникатните, оригиналните и странските имиња и осигурајте се дека вашето дете нема да се срами од вашиот избор во текот на целиот негов живот!