Документарец за трогателна приказна на македонски гејмер

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Дуле или уште познат во гејминг заедницата како Reddakh, е гејмер кој поради социјалните проблеми започнал со активно играње на онлајн играта Conquer. Дуле своите денови ги поминувал во онлајн светот, по што станал и еден од најдобрите играчи, но за тоа платил цена и ги изгубил пријателите. Сепак, тој својата зависност ја претворил во излез од личните проблеми и на крај успеал да си го поврати животот назад.
Трогателно и искрено, ова видео ќе ви прикаже една поинаква реалност, реалност на која можеби никогаш не сте помислиле или пак не сте знаеле дека постои.
Владимир Митревски – Ѓуле не игра игри, не е гејмер, но е режисер на „Reddakh“, првиот документарен филм кој не води во светот на македонската гејминг заедница.
Неговиот филм ја раскажува вистинската приказна за Дуле a.k.a Reddakh, гејмер кој поради социјалните проблеми се впушта во активно играње на онлајн играта Conquer. Reddakh по цели денови ќе се губи во онлајн светот, ќе спие и ќе игра, ќе стане и ќе игра повторно, ќе биде и еден од најдобрите играчи, и ќе ја плати цена – ќе ги изгуби пријателите. Но, во исто време тој својата зависност ќе ја претвори во излез од своите проблеми и на крај ќе си го врати животот назад.
„Темата за гејмерството излезе спонтано, според приказната раскажана од страна на главниот лик во филмот, Дуле. Инаку, приказната не e конкретно за гејмерство тука за една човечка судбина која во сплет на околности се поврзува со гејмерството.“, вели триесети и три годишниот Владимир, студент по филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Во документарецот Дуле a.k.a Reddakh се разликува од другите гејмери поради својата неверојатна трагична приказна. Но, дали тоа „губење“ во играта може да биде оправдување и за многу други да заборават на проблемите во реалниот живот?

Па конкретно во овој филм, играњето на играта представува еден вид на излез од актуелната тешка ситуација на главниот лик, бидејќи тој успева да заработи пари играјќи. А верувам и дека има луѓе кои играат со цел да заборават на проблемите и да се оттргнат од реалниот социјален живот.
Тоа што го забележав е што гејмерите во документарецот велат дека започнале да ја играат Conquer само откако виделе дека други нивни пријатели ја играат. Дали таа виралност е клучна за гејмингот во Македонија?

Јас не сум гејмер, но сепак мислам дека виралноста представува тригер за се повеќе луѓе да стануваат конзументи на одредена игра, во случајов CONQUER.
Како е прифатен документарецот од тие што не се гејмери?

Филмот одлично помина кај не-гејмерската публика бидејќи, како што кажав претходно, ова не е 100% гејмерска приказна, туку прикажува една човечка судбина, која е помалку или повеќе секојдневна, така да, повеќето од гледачите се идентификуваат и сочуствуваат со неа.
Дaли имаш планови да го дистрибуираш филмот и на други фестивали надвор од Македонија?

Филмот веќе се прикажуваше на повеќе фестивали во Македонија, од кои, Skopje Film Festival, Asterfest i Makedox, испратен е на Македонски филмски фестивал во Нов Зеланд, и моментално сум во преговори филмот да биде прикажан на филмскиот фестивал во Херцег Нови.

dulereddakh.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Вчера го гледав ова, приказната не ем трогна колку што ги трогнала другите :D
А филмчето е стварно добро склопено и ефекти и сё, посебно музиката.

Само можеше Дуле да каже што се случило со мајка му и со другата жена. И не сфатив која беше женската на крајот која го гушкаше, Адријана да не беше?
 

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Вчера го гледав ова, приказната не ем трогна колку што ги трогнала другите :D
А филмчето е стварно добро склопено и ефекти и сё, посебно музиката.

Само можеше Дуле да каже што се случило со мајка му и со другата жена. И не сфатив која беше женската на крајот која го гушкаше, Адријана да не беше?

Да, Андријана е :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Прочита га овој, и почна да га апдејтирам WoW... :D Ќе играм малце после којзнае колко време - 3-4 године :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_countess

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Прочита га овој, и почна да га апдејтирам WoW... :D Ќе играм малце после којзнае колко време - 3-4 године :)

и ја би продужија сс кол оф дјути, онлине, али немам намеру да се врату на такв живот.
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
и ја би продужија сс кол оф дјути, онлине, али немам намеру да се врату на такв живот.
Абе добро е нешто да се игра такој, у слободно време. А не верују дека игра може да направи човека да биде зависан од њума...
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Јас на WoW бев ваков .. по цели денови по дома .. не излегував т.е. излегував но многу ретко .. па затоа на серверот кај што играв имав паладин/друид кои беа меѓу најдобрите :) сега ја играм .. но дали еднаш или двапати неделно :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_countess

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Абе добро е нешто да се игра такој, у слободно време. А не верују дека игра може да направи човека да биде зависан од њума...

Ако седну да играм онлајн, нема враќање, за у слободно време пушту мисие и рокам се до 101 и назад :D