Јас лани седев во студентски и повеќе не стапнуем у студентски дом. Галами, гужви, турканици за јадење...уф, гадосии. Да не можеш да се одмориш на раат. А пак кога јас имав колоквиумска обично другите немаа и кога сакав да одморам пред колоквиум или испит, обично се наоѓаше некој од комшиите да си најде глупава причина за славење. Годинава станче пред факултет. Убавини. Си стануеш сабајле, нема кој да те замара, убаво одморен. Башка тоа јас уживам кога готвам и најубаво ми е да јадам нешто што јас ќе го зготвам. Студентски јок. А и горе-долу исти трошоци имам.Во студентскиот дом дефинитивно има повеќе забава и дружења. Ама да е добар. Тоа би ти било како 2 дом, цело време си таму, јадеш, пиеш, спиеш, се капеш, се` правиш таму. Но, сликите што ги видов се ужасни о.О Која катастрофа човече, јас не би поминала оттаму а не па да спијам таму. Како ли заби ќе мијам или ќе се капам? :О Не дај Боже, ги жалам тие што се таму.
Стан си е стан, ама за жал не секои имаат пари за да изнајмуваат стан, па приморани се да одат во студентски..ама ете тоа е тоа.