Јас тоа го нарекувам БЕС.
Децава (сеуште се деца) не сфаќаат што прават од животот. Брзаат пред време да пораснат. Брзаат да го облечат првиот минич, првата штикла, да ја запалат првата цигара... Брзаат со дечковците, со првиот секс. И фала Богу ќе остануваат трудни пред да матурираат. Не сфаќаат дека утре нема што да му понудат на тоа дете.
Работа? Со средно единствено чистач. Академски граѓани, со јаки дипломи неможат да најдат пристојна работа.
Демек од љубов се земаат толку рано. Која љубов бе на 18 години, кога мозокот лета по се живо и диво. Затоа на 35 години се со по еден брак зад себе (има и исклучоци секако).
Кога ќе ги видам ваквите дека се во брак, се смеам само. Има време за деца, брачен живот и се што тој носи по пат. Не сфаќаат дека нема назад после. Дека детето не е играчка и има потреби.
И не, не ме фаќа параноја во никој случај. Затоа што не сум ни спремна за брак.