Постои ли сродна душа?

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Да, сметам дека постои. Не сум ја пронашла, но навистина верувам дека има личност која би можела да ме исполни, да ме надополни...
Замислувам дека сродна душа е некој со кого не мораш да зборуваш за да се разбереш, доволно е да се погледнете, да се гушнете, да се фатите за рака ...
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Секако дека постои,односнопостојат,вомножина.
Во мојот случај,бар од досегашното искуство се неколку
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Постои, и тоа како постои таа прекрасна личност која ќе го комплетира нашето секојдневие, која ќе биде едната и единствена и во толпа од милиони!
но не секогаш сродната душа е таа со која го чекориме животниот пат. :)
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Ахх една од моите омилени теми, Мојот најголем прашалник.
Сродна душа ммммм мислам дека постои. Но исто така мислам дека шансите да се најдам со таа сродна душа се многу мали, па така да не се замарам многу со потрагата по таа сродна душа затоа што во меѓувреме можам да изгубам многу други души кои ако не се сродни, сепак се мили и драги. Мислам дека моите родители се сродни души, едноставно се поврзани на секое ниво, духовно, умствено, физички , емотивно, телепатски и со не знам ни какви други форми на поврзаност кои постојат. Па сум размислувала и дека ако се скока една генерација, тоа значи дека јас не сум предодредена да си ја најдам таа сродна душа, па можеби моите деца ќе си ја најдат (хахха лудост). Исто и сум размислувала дека секоја душа може да ни биде сродна, ако во таа комбинација се присутни сите елементи потребни за добар, мирен, убав, спокоен, пред се нормален живот. Чудно но јас кога ќе помислам на сродна душа под дефаулт мислам дека таа душа е во Нов зеланд (што подалеку) што е многу погрешно, можеби таа душа ми е пред очи, а јас барајќи ја со телескоп, ќе ја пропуштам а ми била пред нос. ...
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Да постои сродна душа,но многу многу ретко може да се пронајде.Со поглед да се разбираш,без зборови да се читаш,т.е да бидете две,а сепак едно.
Но не ја барам.Тоа е ко да бараш "игла во стог сено".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Да постои сродна душа,но многу многу ретко може да се пронајде.Со поглед да се разбираш,без зборови да се читаш,т.е да бидете две,а сепак едно.
Но не ја барам.Тоа е ко да бараш "игла во стог сено".

па не би реко дека е баш така сепак како што велата старите за секое грнче има поклопче :)