Ахх една од моите омилени теми, Мојот најголем прашалник.
Сродна душа ммммм мислам дека постои. Но исто така мислам дека шансите да се најдам со таа сродна душа се многу мали, па така да не се замарам многу со потрагата по таа сродна душа затоа што во меѓувреме можам да изгубам многу други души кои ако не се сродни, сепак се мили и драги. Мислам дека моите родители се сродни души, едноставно се поврзани на секое ниво, духовно, умствено, физички , емотивно, телепатски и со не знам ни какви други форми на поврзаност кои постојат. Па сум размислувала и дека ако се скока една генерација, тоа значи дека јас не сум предодредена да си ја најдам таа сродна душа, па можеби моите деца ќе си ја најдат (хахха лудост). Исто и сум размислувала дека секоја душа може да ни биде сродна, ако во таа комбинација се присутни сите елементи потребни за добар, мирен, убав, спокоен, пред се нормален живот. Чудно но јас кога ќе помислам на сродна душа под дефаулт мислам дека таа душа е во Нов зеланд (што подалеку) што е многу погрешно, можеби таа душа ми е пред очи, а јас барајќи ја со телескоп, ќе ја пропуштам а ми била пред нос. ...