Непознати пријатели на Facebook

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Откако го отворив новиот фејсбук, не прифаќам секого. На првиот имав 2000 пријатели, како да ми се потребни сите до еден.. а сега имам само 280, со сите се знам, добро, не скрос сите, познаници ми се :)
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
ФБ ми е само за луѓе со кои лично се знам и контактирам. Мојата листа на контакти од 180 луѓе е составена од другари/ки, колеги од факултет, школски од средно/основно и роднини.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Немам полуголи слики, а и таа што ја имам за профилна не е од мене, па затоа и немам некој налив на непознати пријатели. Два-три месечно да се, многу е.
Пред 3 години прифаќав секакви фаци за Mafia Wars, имав над 1000 души. Дебилче.
Сега дали пола од бројката имам, од кои добри 80% ги знам лично, а другите се што останале од игрите и тук-таму што сум прифатила некоја фаца, оти ме мрзи да истражувам што е, па кој е, па од кај ми нашле профил итн.
И не, не сум фан на ФБ познанства, го имам претежно за групата за факултет да се информирам и крај.
Глупаво ми е некако да одам од профил на профил, да разгледувам слики, статуси, освоени поени на игри итн, па да решавам дали да додавам некого, или пак да ме додаваат, па да развиваме муабет за времето и школото и да разменуваме лајкчиња.
Имам попаметни работи на интернет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Не е темава да си ги мериме кој има појќе пријатели ебаго.
Ме додаваат во последно време, ги прифаќам за сеир да си терам. Тие уствари сакаат сеир да тераат со мене, ама откако ќе ги истролаш убаво ќе те избришат и исто ко да не те ни додале. Инаку јас не ги додавам ни тие што ги познавам не пак непознати.
Си имам две три што се редовни со полуголи слики, две три што постираат статуси во стилот на srcu6ki и еден куп срциња, и некој искомплексирани типови на кои им смета секоја е*ена работа. Порано скоро сите што ги имав ги познавав, сеа некаде 50тина врска неам ни кој се ни што се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
428 и сите се или од форуми, школо, другари на другари, што слушаат рап и тоа. :D
Тешко прифаќам нови пријателства и ако видам некој/а со срање статус, како се фали, шмизли го/ја делиткам одма..:cool:
А некој и ставам на "Рестриктед" што не сум сигурен па после одлучуваме делит или ќе останат на листата. :D А од форумов сите ги прифаќам за сега арни се сите..
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Непознато-познати (подредени по групи) на мојот facebook:
  • Групи
  • Девојки (А)
  • Девојки (Б)
  • Девојки (В)
  • Другари
  • Другари (х)
  • ИКТ
  • Јавни Личности
  • ОУ
  • Работа
  • Работа (-)
  • Роднини
  • Роднини (-)
  • СОУ
  • Форум
Болдираните се непознати за мене...
 

zombie#

Полноправен Член
11 април 2012
72
65
18
29
имам над 1000 од кои 40 % не ги знам али секој ден гледам по родендениве кој не познавам бришам и така почнав по малку да ги кратам :)
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Порано ги прифаќав повеќето непознати..сега ни машки ни женски не прифаќам толку :)
Ако некој толку сака да ме запознае и у живо ќе ме запознае. А и повеќе го ценам тоа у живо.
Дури се мислев и да го бришам фејсбуко ама ради некои групи ми треба, а и да не трошам пари на телефон :rofl
Сега имам околу 700 и нешо повеќе, шо ме мрзе да ги бришам, а 70 % ги знам скоро сите, дали онака само или на здраво или ми се блиски другари/другарки.. :)
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Имав околу 1800 пријатели, не ги знам сите, прифаќав секого ама пред некој месец почнав да бришам по неколку т.е на кој му е роденден тој ден и од страна ми се појави а не го знам го бришам.. така сум стигната до 1080 па ќе видиме до кај ќе завршам :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum