Во кревет сте со вашата сакана и ви е одлично, но на самиот почеток ја уништувате љубовната атмосфера со прерана ејакулација.
Додека вашата девојка луто ве гледа, буквално имате две секунди за да изреагирате.
Што ќе направите?
Насмејте се![prepana-ejakulacija-statija.jpg](http://www.themen.mk/images/statii/seks/prepana-ejakulacija-statija.jpg)
Сосема е природно во незгодна ситуација да се обидете да се насмеете. Така што, одморете се малку, добро насмејте се и потоа обидете се повторно.
Ако вашата девојка во тоа не гледа ништо смешно, ви преостануваат две можности: да се потрудите да ѝ го одвлечете вниманието или да си најдете друга девојка.
Извинете се
Секако дека секогаш може да се извинете. Додуша, кратко извини сосема е доволно за девојката која ве сака. Немојте да навлегувате во проблемот, единствено треба да ви биде жал бидејќи не сте ја задоволиле, а како причина наведете замор или нешто слично.
Немојте да се муртите
Возрасните мажи не смеат да се муртат. Муртењето е забрането во сите ситуации, особено во онаа кога прерано ејакулирате. Бидете маж, подигнете ја главата и обидете се повторно да ја задоволите.
Запомнете, доколку се однесувате како смуртено двегодишно дете, тоа нема да ви помогне во заработувањето на втората шанса. А ако ѝ дадете до знаење дека вашата прерана ејакулација е нејзина грешка, можете да ја заборавите засекогаш.
Немојте да паничите
Немојте да испаничите и срамејќи се да избегате од собата. Останете мирни и обидете се да се однесувате мирно. Ако побегнете во бањата, таа и понатаму ќе лежи во собата кога ќе се вратите. Таквото однесување само ќе ја зголеми и онака незгодната ситуација.
Немојте да ѝ објаснувате
"Oва никогаш не ми се случило", оваа реченица никако не смее да ви излета. И покрај настојувањето да ја убедите дека ова ви е прв пат прерано да дојдете до врвот, таа нема да ви поверува.
Верувале или не, жените се свесни дека прераната ејакулација се случува често. Не им е потребно објаснување.
Немојте да глумите дека не се случило
Глумење на оргазам е една работа, но да глумите дека не сте имале оргазам е сигурно, многу полошо. Освен тоа, после ејакулацијата постои и доказ кој е невозможно да се сокрие - опаѓањето на ерекцијата ќе ве издаде! Затоа, немојте да се правите дека не се случило.
Одвлечете ѝ го вниманието
Најдобрата можна реакција после прераната ејакулација е да се фокусирате на тоа таа да ужива. Одвлечете ѝ го вниманието од тоа што се случило.
Ако ги користите устата, рацете или секси играчките, нема шанса да ви замери што прерано сте ејакуирале.
Обидете се повторно, и повторно, и повторно..
Ситуацијата може секогаш да се спаси доколку се соберете и почнете одново. Ако не успеете да ја задоволите истата ноќ, рано наутро разбудете ја со бакнежи и задоволете ја како никогаш досега.