Секти (генерална дискусија)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ми текна едно време рајата гледаше турска серија под име Караѓул или нешто така...мојот секташки инстинкт веднаш реагираше поради зборот кара кој значи црно...и троа прогуглав...

http://www.imdb.com/title/tt2735484/

https://translate.google.com/#tr/mk/Kara gül

и во право сум бил, рајата гледа серија под име Црна Ружа

:eek::eek::eek::eek:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Ми текна едно време рајата гледаше турска серија под име Караѓул или нешто така...мојот секташки инстинкт веднаш реагираше поради зборот кара кој значи црно...и троа прогуглав...

http://www.imdb.com/title/tt2735484/

https://translate.google.com/#tr/mk/Kara gül

и во право сум бил, рајата гледа серија под име Црна Ружа

:eek::eek::eek::eek:
Shit TV Sitel is workin for Satan!!! IN THE NAME OF JESUS сите што сте ја гледале серијава повторете ја молитвата 3 пати и ќе бидете избавени од прљаштините на лукави Сител.

Regna terrae, cantata Deo, psallite Cernunnos,
Regna terrae, cantata Dea psallite Aradia.
caeli Deus, Deus terrae,
Humiliter majestati gloriae tuae supplicamus
Ut ab omni infernalium spirituum potestate,
Laqueo, and deceptione nequitia,
Omnis fallaciae, libera nos, dominates. :rofl
 
Последна промена:

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Има ли некоја секта ко за мене? Ама по можност секташите да имаат дебели нерви и одговори на сите мои прашања :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Има ли некоја секта ко за мене? Ама по можност секташите да имаат дебели нерви и одговори на сите мои прашања :)

Постои голем избор на секти, мора да има некаков каталог на секти за заинтересираните да си седнат и да изберат опција :zelen
Јеховини сигурно нема да ти завршат работа...
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Постои голем избор на секти, мора да има некаков каталог на секти за заинтересираните да си седнат и да изберат опција :zelen
Јеховини сигурно нема да ти завршат работа...
Они можат да ми завршат работа само за една игра 100 doors open заглавив 25 ти левел, не знам како да ја отворам вратата :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Физичката болка е фасцинантна појава, посебно кога е потребен сериозен ментален напор да се издржи во нејзините канџи.:eek
Една ствар која помага е шкрабализмот, посебно што го окупира мозокот и го држи подалеку од боловите барем кратко време.

Како резултат на шкрабализмот почнуваат да осамнуваат писанија, често за секти :unsure кои сами по себе се феноменална тематика
Еве пар редови напишани неодамна од мене, за една фина сектичка -

tl:dr thug life (party)

Далечното минато, неоптеретено со постоење на медиуми, скоро сосема слободно од било каков вид на масовно ширење на информации - било особено погодно за долговремено егзистирање на оригинални здруженија на граѓани познати како секти, од кои една е посебно фасцинантна.
Сектата Таги, со своето делување во тек на половина милениум и со бројот на жртви кој е поголем од оној на сите секти во историјата земени заедно, оригиналните Thugs, ужасот на Индија - се издвојуваат од една просечна хомицидална секта по времетраењето, еволуцијата во клуб на платени убијци и според безграничната лојалност кон божицата Кали. А таа е само едно од милионите божества, полубожества и аспекти на божества во хаотичниот верски систем познат како Хиндуизам.
Некаде добра, фина, плодна и конструктивна, некаде зла, одвратна и деструктивна, во овој случај нејзината сила зависела од редовното снабдување со човечка крв и пригодните ритуали над жртвуваните.

Како и сите натприродни будалаштини, така и оваа е подложна на секакви интерпретации а во случајот со сектата Таги - жедта за крв која наводно и била потребна на Кали за да опстане во оваа реалност е ништо повеќе од уште една теолошка дилема во слава на ирационалното.

Етимологијата на популарниот англиски поим Thug (кој означува грубијан, криминалец, `горила`), упатува токму кај припадниците на оваа секта кои во времето на Британскиот Раџ биле предмет колку на бројни легенди и митови, толку и на смртоносна реалност и големи напори на британските колонијални власти да стават крај на опасноста.

Организирани уште во тринаесеттиот век, Тагите со векови демнееле по патиштата и крстопати, залутани патници и товарни коли, гласници и конвои исчезнувале од површината на светот со помош на тивките орудија на Тагите кои презирале пролевање крв во страв да не ја навредат Кали.
Затоа користеле посебни ткаенини со кои ги давеле своите жртви. Крвта на жртвите не смеела да се пролее на земјата бидејќи со тоа станувала нечиста и непогодна за апетитот на Кали, од таму следи дека Тагите природно се свртеле кон давењето како modus operandi.

Со векови припадниците на оваа секта ја усовршувале уметноста на практичан `глума` со цел да се камуфлираат во безопасни патници кои влеваат доверба, со еден збор биле нешто како ретардирана верзија на јапонските Нинџи.

За разлика од други секти, кај Тагите членството било наследно, стриктно од татко на син, со ретки случаи на регрутирање на бистри деца со брзи прсти од редовите на потенцијалните жртви, над кои ќе се сожалел некој `давител`. Ритуалот за иницијација бил посебно згоден, а започнувал на десетгодишна возраст кога идниот Таг морал да биде сведок на ритуално убиство! Подоцна следувале учества во грабежите како `логистика`, за да после неколку години `обука` се пристапело кон првото убиство со кое младиот Таг влегувал во светот на возрасните...

Бројот на жртви на оваа секта е невозможно да се утврди, пред се поради неверојатниот временски период во кој во тотална тајност егзистирала оваа организација, се` е оставено на проценки и шпекулации каде што цифрата од 30.000 жртви се зема за апсолутно најниска а онаа највисоката оди и до два милиони.
Како и во многу други ситуации, можеби и тука вистината е некаде на средина што сепак остава простор дека секташите убиле стотици илјади луѓе со што се одвојуваат од светот на деструктивните секти и влегуваат во категорија на општествени непогоди бидејќи од нивна рака настрадале повеќе луѓе отколку во многу војни и епидемии.

На почетокот на 19.век, британските колонијални власти сеуште одбивале да поверуваат во постоењето на вакво нешто, нивниот скептицизам бил засилен и од тоа што немало извештаи за британски жртви а локалната раја и онака била бизарна `потрошна роба`.
Она што подоцна ги навело на дејство била трговијата која почнала да трпи од постојаните напади на секташите и фанатичната упорност на еден човек, Сер Вилијам Хенри Слиман, заменик гувернер на неколку области на потконтинентот и воен ветеран од бројни конфликти на тие подрачја.
Слиман имал сериозна мака да ги наведе властите на дејство бидејќи ретко кој верувал дека Тагите сеуште роварат, но после самоиницијативното заробување на неколку секташи и доставувањето на сериозни докази - Британскиот Раџ му дал одврзани раце при справувањето со сектата.

Била формирана специјална паравоена единица (Thuggee and Dacoity Department) која била задолжена да ја елиминира сектата без премногу церемонии. Од 1835 до 1850 траел беспоштедниот лов на секташи во кој имало од се` по нешто, употреба на она што подоцна ќе биде познато како counter-insurgency tactics, цели битки и операции против организацијата, бројни судења и истраги при што најмалку 1500 членови на сектата биле осудени на смрт а уште повеќе затворени или протерани.

Најзначаен момент бил фаќањето на легендата на Тагите, извесниот Таг Бехрам кој за време на половина век `ординирање` своерачно ликвидирал 931 жртва што го става во нова, досега непозната категорија на серијски убијци, необичен лик од кого би стравувале манијаци како Џефри Дамер или Ричард Куклински. Природно, Бехрам добил смртна казна и бил обесен во екот на кампањата во 1840.
Обезглавената секта, лишена од своите легендарни секташи и најактивни членови започнала да венее и во наредните децении сосема престанале извештаите за нивните зулуми. Тешко е да се претпостави дека тајна организација со огромно членство искалено низ искуствата на петстогодишно криење од властите би исчезнала комплетно за толку кратко време. Ако ништо друго митот останал да живее до денешен ден и се претпоставува дека низ пустите хиндустански патишта, залутан патник сеуште понекогаш бидува задавен и ограбен од Тагите дури и во 21.век...

Оваа секта има слаба литературна и медиумска покриеност во западниот свет, со исклучок на еден од филмовите во серијалот за `Индијана Џонс` (Проколнатиот храм) каде што археологот-авантурист со своите пријатели се обидува да избега од канџите на Тагите. Во сеќавање останува сцената кога Тагите откорнуваат срца со голи раце кои полека престануваат со чукање надвор од жртвата, судбина која филмски `за малку` не го задеси и самиот Харисон Форд.
Нормално, се работи за филмско искривување на реалноста во која на Кали би и било скршено срцето ако види искорнати срца кои прскаат со крв насекаде и со тоа го загадуваат `горивото` кое ја погонувало...

:kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Некој секташ по професија пчелар се причестил во православен храм. Меѓутоа, Светите Дарови не ги проголтал, туку ги извадил од устата и ги замотал во марамче. Доаѓајки дома, ги ставил во кошницата за пчели. Зошто го направил тоа не е познато, но она што потоа се случило е разгласувано на далеку.
Веднаш одкако честичката од Светите Тајни се нашла во кошницата, пчелите престанале со правење саќе и брзо почнале да прават место за чување на Телото Господово. Најнапред подигнале мал престол, потоа дискус, а над него изградиле свод сличен на олтарот. Ја положиле Честичката на дискусот и правилно распоредувајки се околу неа, почнале со тивко зуење да Му принесуваат слава на Бога. Гледајки го ова, пчеларот вчудовиден побарал од домашните да го повикаат свештеникот. Под влијание на чудото тој се покајал и се вратил во прегратките на Мајката Црква.
„За покајанието“
Свети Теофан Затворник

:x