Секти (генерална дискусија)

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
http://www.chinadaily.com.cn/china/2014-06/10/content_17577033.htm

Како што пренесува кинескиот дневен весник Чајна Дејли, биле извршени масовни рации и биле приведени околу 1.500 секташи :zelen
И тоа само во две провинции (party)



Добро е да се знае дека Исус воскреснал во вид на кинескиња :rofl
А таман се навикнав Манојло да го викам....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Прочитав ова,и сакам да прашам,дали мормонизмот спаѓа во групата секти?Не сум тамо,таман работа,ама пред некој ден две девојчиња ме допреа,едно ливче каде што им беше сликата на Исус и нивниот број,рекоа да даам број,ама ја не им дадов...им реков,да прочитам прво,па после..дома кога дојдов,го фрлиф тоа ливчето..
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Прочитав ова,и сакам да прашам,дали мормонизмот спаѓа во групата секти?Не сум тамо,таман работа,ама пред некој ден две девојчиња ме допреа,едно ливче каде што им беше сликата на Исус и нивниот број,рекоа да даам број,ама ја не им дадов...им реков,да прочитам прво,па после..дома кога дојдов,го фрлиф тоа ливчето..
Во религиозниот свет, секоја девијација од традиционалните верувања, се смета за секташка.
А пошто мор(м)онизмот е настанат некаде почеток на 19ти век, и те како е секта. Штом се рекламира со флаери - и те како е секта. :zelen
Не сум претерано упатена, имам одамна читано за тој основачот нешто демек пронашол златни плочки со пораки од Бога (или нешто слично) и се решил да проповеда, ау-бау. Полигамија колку сакаш, имаат по 30 деца со различни жени, сите до моега затуцани. Вакцини, лекови - тоа ѓаволска работа. Само уште вегани што не се. :giggle
Имаше документарка една за деца што се тргнати од татко-мормон и за прв пат стапнуваат на модерно тло. Немале ТВ и книги поразлични од нивната Света Книга, никакво детство или комуникација со врсници. Таму ги учеле дури и дека тој основачот е уствари нешто ко Тесла (мислам имаше нешто дека тој бил батката одговорен за струјата), бесмртен пратеник од Бога (а он умрен веќе два века)... воглавно идиоштини.
Изгледа кај нив иде Исус. Баш завчера имаше по вративе од зграда флаерчиња некои. Гледам и познаничка една ставила некој кавер у стил "People, get ready. Jesus is coming. Soon, we'll be going home". :eek:
Ваљда пропуштаме битна дешавка. :zelen
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Прочитав ова,и сакам да прашам,дали мормонизмот спаѓа во групата секти?Не сум тамо,таман работа,ама пред некој ден две девојчиња ме допреа,едно ливче каде што им беше сликата на Исус и нивниот број,рекоа да даам број,ама ја не им дадов...им реков,да прочитам прво,па после..дома кога дојдов,го фрлиф тоа ливчето..
http://www.gotquestions.org/Bosanski/Mormonizam.html
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Прочитав ова,и сакам да прашам,дали мормонизмот спаѓа во групата секти?Не сум тамо,таман работа,ама пред некој ден две девојчиња ме допреа,едно ливче каде што им беше сликата на Исус и нивниот број,рекоа да даам број,ама ја не им дадов...им реков,да прочитам прво,па после..дома кога дојдов,го фрлиф тоа ливчето..

Работата е што во овдешниот скромен и јаден јазик нема разлика меѓу секта и култ а разликата е значајна, забеганостите и сета таа забава која што човек автоматски ја претпоставува при помисла на поимот `секта` на македонски е уствари култ (cult)... строго по дефиниција и МПЦ е секта но не е култ, и шиа исламот е секташење а не е култ исто важи и за мормонизмот кој секако е секта но дали е култ, којзнае, како шо спомена електра има материјал за да се смета за такво нешто но од друга страна е официјална религија во америчката држава Јута, имаат и свои факсови и чколии и традиции...
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Претпоставував дека е секта,ама на интернет пишуваше дека е христ.рел.движење...и заради тоа што не им се в црква собирите..забеган е народот,некој што прифача да оди кај нив..
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Претпоставував дека е секта,ама на интернет пишуваше дека е христ.рел.движење...и заради тоа што не им се в црква собирите..забеган е народот,некој што прифача да оди кај нив..
Има многу христијански религиозни движења што се секти.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Има едни во последно време се почесто и почесто низ центрот на градот со најверојатно полици за книги и книги на нив секогаш се по двајца и од далеку кога ги гледаш делуваат како да презентираат книги но кога ќе се доближиш и ги видиш облаците и исус на насловните сфаќаш дека си се зафркнал. Кои се тие т.е од која секта се?