Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Ја незнам што гледате во овие чизми.... само за на суво да ги облечеш. Катастрофа! Искрено убави се и со крзно и без нив, ама само дома да си ги носиш како собни папучи. Мене ич не ми се допаѓаат.
ги сакам убави ми се ...сакам необични работи е само несакам ко ќе стане од помодарство носењето и за тоа не си купив оти беа многу актуелни последниве две -три години ...ама истото ми се случува и со чевли на полна пета и со чевли со врвки или џезерки . Сеа сите ги носат и ми ја зигубија магијата . Инаку би си купила вакви Ugg чизми.
Си имам јас еден пар темно кафеави, знам да ги облечам некогаш со хеланки, долг џемпер и јакна или елече.
Баш прееска така си носев и ми делуваат слатки во такви комбинации.
Па и исти хеланчиња си имам.
А нај мразам кога ќе видам UGG со шорцеви сред лето, или пак со тренерки. Тренерки бе, ало? Као демек излегла некоја Холивудска фуфа така, па ај и ние да “пратимо трендове.“ Бич...
Се сеќавам во 2005 кога беа едни роднини од Австралија дојдени, братучетка ми ми кажуваше за овие чизми, ги испофали, ама кога ги видов како изгледаат... Си реков „Добро, таму по папучи излегуваат луѓето... Уште малце и по пижами ќе почнат.“ И кога ги видов овде пред некоја година чизмиве, ваква бев . Убави се стварно, ама за низ дома.