Tool

Тој

Полноправен Член
3 март 2012
44
61
18
Од тул до комерцијала патот е колку еден круг околу Земјата, а од Бон Џови и Аеросмит до комерцијала патот е колку од курот до ташаците.

Не претерувај веќе. Тул иако се малку искомерцијализирани, тие сеуште го водат „андерграунд“ филмот. Под малку комерцијализирани подразбирам дека се под позната продуцентска куќа. А тие фанови што тул ги имаат се повеќе добиени „од колено на колено“ отколку од рекламите од продуцентската куќа.

Да беа Тул комерцијала, до сега ќе имаа снимено стотици настапи, ќе имаа соработувано со поп пејачи и ќе имаа спотови и филозофии каде што повеќе би сакале да се продадат себе си отколку музиката што ја свират.

Како што набројав, не снимаат лајв шоуа оти СВИРАТ, а не ГЛУМАТ. Не снимаат спотови направени за тинејџерки да топат гакички (Бон Џови), прават спотови за да те однесат на друго место заедно со музиката.

Сфаќам дека на многу луѓе Тул нема да им се допаѓа бидејќи имаат поразлична музика од повеќето групи. Ова вклучува и ритамот (кој не е воден со еден означен такт, се мењава дури и во секоја песна), вокалот, текстот итн... Но кога прочитав дека Аеросмит и Бон Џови ги сметаш за подобри од Тул - готово. Биди објективен. Iron Maiden не ги слушам и не ги сакам многу но знам дека се многу поталентирани и се подобри музичари од SOAD (кои ги сакам многу)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината

добро да ти кажам за последното како мене абе Iron Maiden не ми се свигаат
додека SOAD се многу јак бенд според мене....ај заеби чоек не сакам да се фалам или шо ти знам шо
само коментирам дека е добра музиката ништо повеќе :)
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ае ништо сеа, не е интересно да кењам за Тул кога се открив:)

Инаку ај доста заебавање од моја страна. Мејнард од Тул го сметам за музички гениј. Во едно интервју има изјавено дека звукот на Тул го барал цел живот. Има големо и значајно творештво. Покрај Тул, тука се и A Perfect Circle, Puscifer и колку што знам има помагано за првиот албум на Ashes Divide. Искрено, ги обожавам Тул и АPC. Puscifer не дека не се добри, патем одлични се, само повеќе е тоа амбиентално и поретко ги слушам.

(им се извинувам на сите во темава за претходните мислења, ама едноставно сакав да се зафркавам и да се правам дека врска немам:))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Тој

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Мајнард е ептен добар музичар. Ги поштуем неговите дела. Ги слушам од поодамна, најомилени ми се Schism i Eulogy.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Тој and cakar_ulav

Saturnia

Нов член
31 август 2012
27
24
3
Ае ништо сеа, не е интересно да кењам за Тул кога се открив:)

Инаку ај доста заебавање од моја страна. Мејнард од Тул го сметам за музички гениј. Во едно интервју има изјавено дека звукот на Тул го барал цел живот. Има големо и значајно творештво. Покрај Тул, тука се и A Perfect Circle, Puscifer и колку што знам има помагано за првиот албум на Ashes Divide. Искрено, ги обожавам Тул и АPC. Puscifer не дека не се добри, патем одлични се, само повеќе е тоа амбиентално и поретко ги слушам.

(им се извинувам на сите во темава за претходните мислења, ама едноставно сакав да се зафркавам и да се правам дека врска немам:))

Хахахахахаха браво!
Мене за момент ме прелажа и ми падна чудно како може човек кој има толку јаки размислувања во поглед на религија (те читав на темата за Атеизам) да има толку сиормашен вкус за музика... :rofl ама добро е :D

Во врска со Tool, ги засакав уште од првата пуштена песна. Текстовите им се страшно интелегентно напишани, а музиката им е вонвременска. Си имаат изградено свој оригинален Tool звук, доста препознатлив и тежок за копирање. Посебни се во секој поглед.
А гласот на Мејнард во никој случај не го навестува неговиот изглед :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Тој and cakar_ulav

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
После добри 8-9 години откако прв пат ги слушнав Тул, досадни ми се. Ако почнеш да ги анализираш детално ќе приметиш дека цела дискографија им е дрвење. Ритмиката им е навидум комплексна, ама само навидум: пр. во Schism имаш 5/8+7/8 кое што на крај ти дава навидум нерамноделен ритам кој всушност е 12/8. Во повеќето од нивните песни се провлекува тоа собирање нерамноделни тактови за на крај да се добијат чисти рамноделни целини. И друго што ми скурчи е тоа што постојано се форсира едно исто крчење налик на континуиран звук од фиќо кое што се мачи да запали. Не е дека не ги почитувам, ама ете после некое време ми скурчи дрвењето.