Во тек се квалификациите за ФА Купот, најстарото континуирано фудбалско такмичење во сончевиот систем
Како мотивација и пример за да се основа овој куп послужиле двата one-off купови играни по денес веќе стандардниот нокаут систем со финале на неутрален терен, првото воопшто фудбалско такмичење од било каков вид било каде во светот, наречено Јудан Куп, према финансиерот Томи Јудан во 1867 година !!!
Финалето било помеѓу ФК Халам, втор сеуште постоечки најстар клуб (после ФК Шефилд) и ФК Норфолк. После 90 минути било 0-0, продолженијата сеуште не биле измислени а тај брејкер бил поголемиот број удари кон голот така да Халам станале освојувачи
3.000 гледачи на Брамал Лејн (денешниот дом на Шефилд Јунајтед) посведочиле на стартот на такмичарскиот фудбал во светот, дотогаш се играле само пријателски.
Следната 1868 година, се одржал уште еден куп, овој пат Кромвел купот именуван по некојси Оливер Кромвел (не оној Оливер Кромвел
) со што фудбалот почнал да добива на континуитет. Во финалето Шефилд Венздеј кој минатава сезона пак не успеа преку плеј оф да се врати во ПЛ - го совладал ФК Герик со 1-0 иако во регуларен дел било 0-0. Тогаш за прв пат биле воведени продолженија и во нив Венздеј дале еден гол, доволен за триумф.
За она време огромниот интерес и ширењето на фудбалот како низ урбаните раднички центри така и низ руралните средини, железницата која овозможувала брзо и масовно патување и со искуството од два нокаут купа - ФА, стара само 8 години во тој момент - во 1871 година го распишува одржувањето на секоегодишно такмичење наречено The Football Association Challenge Cup кое со пар, би рекол оправдани прекини
поради прва и втора светска војна се игра до ден денес.
Иако тие прекини ќе бидат искористени за стварањето на Лига Купот, но за тоа подоцна.
Сега играат некакви Сандеј-лиг и слични, но за кратко време ќе почне и First round proper.
Арсенал инаку е најтрофеен во овој куп со 13 титули, победувајќи го Челзи со 2-1 пред некој месец во финалето а Арсен Венгер со 7 титули е осамен на врвот на 146 години стариот куп, се оддели од Џорџ Ремзи од Астон Вила кој имал 6 триумфи.
На балканот и истокот куповите не се сметаат за нешто значајно, се играат ради реда пред полупразни трибини, се потценуваат. Но тоа е последица на спортската анти-култура и немоќ да се даде до значење на самите себе. Дно.
Осовјувачи (44 клуба) се следниве :
13 - Арсенал
12 - Манчестер Јунајтед
8 - Тотнем Хотспур
7 - Астон Вила, Ливерпул, Челзи
6 - Блекбурн Роверс, Њукасл Јунајтед
5 - Форест Вондерерс, Вест Бромвич Албион, Манчестер Сити, Евертон
4 - Шефилд Венздеј (1 Cromwell), Вулверхемптон Вондерерс, Шефилд Јунајтед, Болтон Вондерерс
3 - Вест Хем Јунајтед
2 - Олд Итонианс, Престон Норт Енд, Нотингем Форест, Бјури, Сандерленд, Портсмут
1 - Халам (1 Youdan), Оксфорд Јуниверсити, Ројал Енџиниерс, Клапам Роверс, Блекбурн Олимпик, Олд Картузијанс, Нотс Каунти, Братфорд Сити, Барнли, Барнсли, Хадерсфилд Таун, Кардиф Сити, Дерби Каунти, Чарлтон Атлетик, Блекпул, Лидс Јунајтед, Саутемптон, Ипсвич Таун, Ковентри Сити, Вимблдон, Виган Атлетик.
Најголем лузер е Лестер Сити кој има 4 финалиња и 4 порази во нив.