NBA

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Заврши првата рунда од плејофот, ова беше можеби најдобрата прва рунда во историјата. На 5 натпревари се играа по 7 утакмици, а за прв пат во ист ден на 3 натпревари решаваше 7мата утакмица. Одиме по ред :zelen.

Мајами - Шарлот 4:0
Очекувано шампионот Мајами најлесно помина, 2 победи на гости и 2 дома. Шарлот немаа шанси ни на една утакмица, освен на 2рата каде изгубија со 4 разлика.
Џејмс и Вејд беа незапирливи на сите утакмици, по 50 поени даваа заедно на секоја утакмица. Ги гледав Мајами и во регуларниот дел и играта од регуларниот дел и плејофот многу им се разликува, ако пред плејофот се заеебаваа сега не беше така, затоа колку и да ми се одбивни, фаворити се за шампиони на истокот. Освен ако Бруклин не им направи проблеми, затоа што Мајами играат против нив во полуфиналето а во регуларниот дел ги изгубија сите 4 утакмици од Бруклин.

Вашингтон - Чикаго 4:1
Чикаго остана без Роуз пред плејофот, само што се врати после долго време одма се повреди и после тоа се знаеше дека Чикаго нема да стигне далеку во плејофот. Во првите 2 утакмици беа повеќе расположени за игра, иако 2рата ја изгубија после продолженија, во 3тата победија со 9 разлика и тоа беше се, после тоа немаа многу што да бараат после првите 2 изгубени. Во регуларниот дел не беше така, тогаш играа подобро и врзаа неколку победи ама сепак тоа е.
Вашингтон од друга страна па беа ептен мотивирани за да одат во полуфинале, сите утакмици ги играа како да им се последни :zelen освен 3тата кога изгубија. Колку и да беа мотивирани мислам дека полуфинале ќе им е најмногу, нема да можат повеќе да одат.

Бруклин - Торонто 4:3
Ова беше една од 3те најинтересни утакмици во првата рунда. Прво победи Бруклин на гости па после тоа изгубија после 3тата дома ја победуваат и 4тата и 5тата ги губат, за на крај да врзат 2 победи, една дома и една на гости и да одат понатаму.
Првите 3 утакмици и последната ми беа најинтересни за гледање. Добра кошарка од двата тима, од една страна искусни играчи а од друга помлади кои сакаа полуфинале. На почеток на плејофот мислев дека Бруклин ќе изгубат во 4 утакмици, бидејќи не го гледав Кид како некој добар тренер, како играч беше супер ама како тренер не толку. Торонто баксуз тим, ја однесоа серијата до 7 утакмици и во последната утакмица дома имаа шут за победа но не погодија и Бруклин победи со 1 разлика.

Оклахома - Мемфис 4:3
Неочекувано се играа 7 утакмици и во оваа серија. Оклахома беше фаворит пред да почне плејофот, можеби и затоа Мемфис беа повеќе мотивирани за да победат. Првите 2 утакмици се играа во Оклахома, на првата победи Оклахома а на 2рата Мемфис со одлична игра и во напад и одбрана израмни на 1:1. Истото се случи и во Мемфис, прво победи Мемфис исто и на таа утакмица играа одлично, а после тоа победа на Оклахома. 5тата утакмица беше најдобра од сите 7. Победа на Мемфис на гости со 1 поен разлика, после продолженијата. Мемфис водеше 3:2 и следната утакмица ја играа на домашен паркет, се очекуваше да се случи првото изненадување и еден фаворит да изгуби уште во првата рунда но Оклахома победи на гости а во 7мата утакмица иако губеше во првиот дел, после тоа со многу добра игра успеа да стигне до победа и да оди во полуфинале.

Клиперс - Голден Стејт 4:3
Уште една серија која траеше 7 долги утакмици. Голден Стејт победи на 1вата со 4 поени разлика, а на 2рата примија 138 коша. Клиперс во 3тата утакмица што ја играше на гости, победи со 2 поени разлика. Оваа утакмица ми беше најинтересна за гледање, во последните минути се играше кош за кош. Во 4тата Голден Стејт ја стегнаа одбраната и им тргна шутот и победија со 21 поен разлика. До крај се менуваа во победи :zelen еднаш Клиперс еднаш Голден Стејт. 7мата утакмица имаше најмногу поени, Клиперси победија со 126:121 и со тоа се најдоа во полуфинале.

Портланд - Хјустон 4:2
Можеби немаше 7 утакмици но овие 6 ми беа најинтересни посебно последната во Портланд. Во 1вата и 2рата на домашен терен Портланд победи и поведе со 2:0. После тоа во Хјустон ја изгуби 3тата, слаб им одеше шутот а Хјустон играше добра одбрана а и беа повеќе расположени. Затоа Портланд во 4тата победува со 3 разлика и сега води со 3:1. Хјустон повторно игра добра утакмица и намалува на 3:2. Е последната 6та утакмица во Портланд, беше предобра. Уште од почеток и двата тима тргнаа јако. По првите 2 четвртини беше 58:56 за Портланд. Интересно беше тоа што и 1вата и 2рата четвртина Портланд ги доби со резултат 29:28 :zelen. Во 3та и 4та четвртина Хјустон ја стегна одбраната, но не беше доволно затоа што не им одеше шутот и имаа многу изгубени топки. На 2 секунди до крај Хјустон погодува за поен предност и останува уште 1 секунда. После тајм аутот Лилард погодува тројка за победа и Портланд оди во полуфинале за првпат после 14 години. Не очекувам да победат во полуфинале ама сакам да има 7 утакмици и таму.

Сан Антонио - Далас 4:3
Уште една интересна серија која стигна до 7 утакмици. Во првите 4 утакмици и двата тима победија по една на гости и дома. Во 5тата Сан Антонио победи и поведе со 3:2. И во 6тата утакмица во Далас, Сан Антонио ја имаа победата но на крајот Картер со 3ка ја однесе серијата до 7 утакмици. Супер утакмица беше посебно последната четвртина. За разлика од утакмицата во Далас, 7мата беше нешто друго. Далас го немаше никаде, Сан Антонио ја покажа својата сила и победи со 119:96 а можеше да биде повеќе. Во првото полувреме дадоа 68 кошеви. Иако Сан Антонио беа фаворити сепак Далас добро се држеше во сите 6 утакмици. На ист начин Далас ја освоија титулата, никој не ги сметаше за фаворити а тие стигнаа до финалето и таму го победија Мајами. Оваа година Сан Антонио ми се фаворити, ако лани беа премногу блиску до титула, еден скок ги делеше од титула :(. Затоа оваа година се оди на 5та титула.

Индијана - Атланта 4:3
Намерно за крај ги оставив овие две екипи, за да пишам повеќе :zelen. Индијана беше фаворит пред почетокот, очекував 4:0 или 4:1, но предноста на Атланта беше тоа што имаат центри кои шутираат тројки и повеќе се надвор од рекетот отколку внатре. Индијана во регуларниот дел мислам дека беше најдобра дефанзивна екипа и затоа и беше тешко против Атланта. Утакмиците не беа толку неизвесни, на секоја утакмица една од екипите победуваше со повеќе од 10 разлика. После 5тата утакмица Атланта водеше 3:2, следната утакмица се играше во Атланта. И тука исто како утакмицата во Мемфис се очекуваше изненадување, ако им тргнеше шутот на Атланта тоа и ќе се случеше. Индијана изигра добра утакмица и добро ги затворија сите позиции и победија за да израмнат на 3:3. Последната утакмица беше најлесна за Индијана, играчите на Атланта се обидоа нешто во првото полувреме ама толку беше. Индијана победи со 12 разлика и оди во полуфинале. Оваа година се надевам дека ќе играат во големото финале и ќе се борат за титула. Кколку добро финале би било Сан Антонио - Индијана :zelen. Намерно не го спомнав Перо затоа што никаде го немаше. Имаше во регуларниот дел 1-2 добри утакмици и тоа беше, почнаа да се палат сите како којзнае што да направил, а сега го немаше никаде. Од следната сезона се враќа Хорворд па да видиме дали ќе игра "најдобриот" наш кошаркар. Најмногу заради него ми е мило што изгуби Атланта.

Најдолг пост ми е ова што сум го пишал :zelen. Не верувам дека ќе седне да го чита некој освен некој ако има што прати кошарка или пак му е досадно. Уживав во гледањето на утакмициве и затоа морав да пишам нешто. :zelen
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Сан Антонио - Оклахома финале на запад и реприза од лани Мајами - Индијана на исток. Очекувано најдобрите 2 тима во регуларниот дел и од истокот и западот во финале :zelen.
Сан Антонио си се прошета, 4:1 против Портланд без многу замарање, сепак интересно беше да се гледа.
Оклахома малце потешко помина, 4:2 против Клиперс ама секоја утакмица беше неизвесна. Последните 2 беа најтешки за Оклахома а Клиперси па имаа шанса за 7ма утакмица ама ништо.
На истокот Мајами мислев ќе се мачи со Бруклин ама тие 4:1 победија. Бруклин играа супер ама сега се изгубија скроз.
Индијана па (facepalm), ова не е истиот тим од лани. 4:2 против Вашингтон а искрено не заслужија. Првите 3 утакмици ептен слабо, после тоа малце се подобрија ама не е тоа тоа. Лани немаа проблем до финалето а и таму против Мајами 7 утакмици играа, сега дали 5 ќе играат а не па 7 со ваква игра. :zelen
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Реприза од ланското финале ќе гледаме. Мајами оди по одбрана на титулата а оваа генерација на Сан Антонио ја има изгледа последната шанса за титула :).
Сан Антонио во полуфиналето против Оклахома победи со 4:2. Освен 6тата утакмица каде што имаше продолженија другите не беа така интересни.
Мајами исто со 4:2 ја победи Индијана. Индијана не очекував да земат 2 утакмици, многу послаба игра имаа од лани а и ја нема таа хемија што ја имаа лани. Сепак дадоа отпор колку толку.
Во финалето навивам за Сан Антонио, лани ептен ми беше криво што на глуп начин им избега титулата овој пат се надевам нема да е така :).
 

Metalec

Полноправен Член
1 јуни 2014
36
33
18
34
Јас пратам НБА и мој омилен тим е Олхохома сити тандер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Navoj

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ај да си ја пробам среќата и тука, па може како во темана за серијата и тука ќе излезе некој што ќе ми прави друштво.
Следи некој нба? :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Et tu, Brute? И ти ли си Селтикс фан :mad:
Спарс фан. Данкан, Паркер, Џинобили и Поп. Мајсториштата, кога ќе се пензионираат тие, а не е далеку тоа, ќе има голема дупка во Нба. Исто ќе биде и за Вејд, Пирс, Гарнет, Новицки и останати. :)
Остарев веќе, сите заради кои останував до сабајле да гледам кошарка, се пред пензија. :)