Пратам пратам. Навивам за Оклахома сезонава, ептен добри играчи има тимот и ми се свиѓа играта. Засега се први во западот со 22-7 и сум презадоволен од резултатите засега. Ќе влезат во плејоф, дај боже.

Иначе, ако барем малце следите НБА сигурно знаете за Џереми Лин, замената во Њу Јорк за Кармело Ентони. Типов пет или шест меча со ред постигнува над 20 поени мислам и е одличен играч. Си го има талентот, а и има напорно работено. Секоја чест едноставно, во "ѕвезда" прерасна.
За една недела е и Ол-Старот и едвај го чекам.
На главниот меч помеѓу истокот и западот еве ги играчите кои ќе настапат.
За истокот стартери: Дерик Роуз(Чикаго), Леброн Џејмс(Мајами), Двајт Хауард(Орландо), Кармело Ентони(Њу Јорк) и Двејн Вејд(Мајами).
Резерви за истокот: Крис Бош(Мајами), Луол Денг(Чикаго), Рој Хиберт(Индиана), Андре Игудала(Филаделфија), Џо Џонсон(Атланта), Пол Пирс(Бостон) и Дерон Вилиамс(Њу Џерси). Тренер на истокот ќе биде Том Тибодо(Чикаго).
За западот стартери: Кевин Дурант(Оклахома), Блејк Грифин(Клиперс), Коби Брајант(Лејкерс), Крис Пол(Клиперс), Ендру Бајнам(Лејкерс)
Резерви за западот: ЛаМаркус Олдриџ(Портланд), Марк Гасол(Мемфис), Кевин Лав(Минесота), Стив Неш(Феникс), Дирк Новицки(Далас), Тони Паркер(Сан Антонио) и Расел Вестбрук(Оклахома). Тренер на западот ќе биде Скот Брукс(Оклахома).