Kaстрирање на миленици - за или против?

Дали сте за или против?

  • За

    Гласови: 4 23.5%
  • Против

    Гласови: 10 58.8%
  • Воздржани

    Гласови: 3 17.6%

  • Вкупно гласале
    17

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
За мене е одлично, и тепачките и `ритуалите` и ловењето и звуците кои ги пуштаат кога се во потрага по парење или тепачка за заштита на `територијата`, она кога прават зли фаци ако случајно ги стапнеш на опаш (hissing) сето тоа ми е интересно кај нив и не знам што ќе ми е масна топка која глупаво се ѕвери во ѕидот. Ме гребнувале и мене, голема работа, троа ракија и готова ствар...

Нема постојано нагони, си имаат сезона на парење (иако и тоа се менува веќе). Останатите работи кои ги спомена спаѓаат во мачјите карактеристики и како такви го прават мачорот - мачор

Tи го опишуваш ова за мачките кои живеат во склоп со природата. Во никој случај не може да се остави истиот природен процес да се случува во град.Се добива поголем број на улични животни истите не само што трпат за храна најчесто се малтретирани шират заразни болести и немаат услов за преживување.Да се мачки кои живеат на село во склоп со природата е сосем друго.Таму начинот да најдат храна се сведува на тоа колку мачката има природни инстикти за лов,и е сосема поинаку.
Друго,не е вистина дека сите се здебелуваат после кастрација.Периодот ПОСЛЕ кастрирањето може да влијае кон мачорот ако се храни со појака храна а истата не ја троши може да влијае на телесната тежина да биде зголемена.
Нема потреба да се осудува самиот чин на кастрирање како сакатење или малтретирање на животните, првиот чекор во студиите по ветерина се “Кастрација кај животните“ :)
Горе ги наведив причините, ако сопственикот не може да најде постојан партнер за мачорот/мачката кога ќе дојде сезоната за парење да го пари,поголемо малтретирање е да седи во станот него ли да биде кастриран. Луѓе што не ги кастрираат животните најчесто ги носат на парење.Инаку поблаг метод за ова се посебни инекции кои го намалуваат нагонот за парење но се со краткотраен ефект.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Мачките извонредно добро се адаптираат на урбани услови и урбаната средина одамна е за нив природна, тешко дека патат за храна бидејќи секогаш наоѓаат по нешто за јадење (контејнерите и кантите за отпад се омилена цел) а тука се и стаорците и слични штеточини кои исто се урбанизирани и многу побројни така да секогаш ќе се најде дебел, мрсен стаорец на мачјото мени.

Досега сум видел 5 или 6 примери на екстремно дебели кастрирани мачори кои ги чуваат по дома, една поранешна пријателка имаше два и една мачка, беше по некои здруженија за животни ова она... кај мачките не е до толку изразено тоа. Не е само дебелината, оглупавуваат, ништо не прават...

Самиот чин на чување мачор во стан е крајно несфатлив и се граничи со забеганост. Причините зошто раја чува мачори по станови ги наведов погоре.
Инаку имам играчка Јагуар, ја чувам од мал - изгледа во тие детски времиња сум го чувал `јагуарот` како `миленик` :zelen но поентата е таа, замисли некој да чува јагуар во кафез - тоа би било језиво како што е језиво чување мачор во стан.

Кастрацијата е чин на сакатење на животното и чин на одземање на сите мачешки карактеристики. Според мене е најмалку социопатска ситуација тоа, мислам колку треба да е исчашен некој да му ги отсече јајцата на своето милениче бе (facepalm) а рационализацијата дека тоа е за доброто на мачорот веќе ја објаснив во претходен пост.

Fun :)
 
Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
За мене е одлично, и тепачките и `ритуалите` и ловењето и звуците кои ги пуштаат кога се во потрага по парење или тепачка за заштита на `територијата`, она кога прават зли фаци ако случајно ги стапнеш на опаш (hissing) сето тоа ми е интересно кај нив и не знам што ќе ми е масна топка која глупаво се ѕвери во ѕидот. Ме гребнувале и мене, голема работа, троа ракија и готова ствар...

Нема постојано нагони, си имаат сезона на парење (иако и тоа се менува веќе). Останатите работи кои ги спомена спаѓаат во мачјите карактеристики и како такви го прават мачорот - мачор.
Мачор не се чува во стан, тоа е глупост (другарка ти изгледа тешко разликува мачор од играчка) евентуално на приземје би било ок, тоа е помодарство насадено на сељачките гени кои налагаат животинче по дома ама во комфорт зоната на новата урбана класа... Ако не, на тераса може и коза да се чува, свинче нешто ова она...што да не :)
Како што реков, газдата сака да има играчка за во стан и подобро би било да си купи плишан мачор кој воопшто нема да прави `мачорски` работи туку ќе си стои на кауч така убав и сјаен.
Незнам зошто упорно ми го објаснуваш тоа дека стануваат играчки, и како ние неможеме да разликуваме животно од играчка, и како ние сме лошотилуци и бесчувствителни сопственици кои само сакаме нас да ни биде убаво. Ок, сфатив.
Масна топка како што ги нарекуваш мачорите после кастрирање, ми е ептен грд назив, ама добро. Сето ова паѓа у вода ако сопственикот му обезбеди соодветна храна и физичка активност. Дека ќе му се смени карактерот? Да. Но на подобро според мене. Нема да оглупави, туку ќе стане дружељубив, питом и воспитан. Јас така ги сфаќам овие работи. Ама убаво ќе беше да беа помалку со ваквите предрасуди.
Спомна дека си чувал, и тоа повеќе, кои ти носеле глувци и си бил ептен добар стопан па си ги пуштал надвор сами да соберат некоја болва, зараза, да се истепаат со други мачори а ти да уживаш гледајќи ја тепачката од прозор, ваљда имале и некоја болест но ти за тоа не си знаел, зашто најверојатно повеќето од нив еден ден не се вратиле дома со глушец... ваљда не се вратиле воопшто. А тоа се случува и заради не кастрирањето. Можноста за рак на тестисите и болестите на простатата на лесен начин можат да се спречат. А и зошто се повеќе и повеќе да има скитници мачки, кои ''извонредно се адаптираат'' на урбаната средина, јадат од контејнери секаква храна и најчесто умираат од овие болести или се прегазени. Епа подобро ќе имам здраво милениче, кастрирано, што ќе јаде специјално приготвена храна за него, и ќе има најубави услови за живот дома отколку на улица, ќе има редовни прошетки и моменти у природа но под мој надзор, а со тоа ќе му обезбедам подолг живот.
Не ми е јасно како тоа демек се грижите за мачки и ги сакате, а стереотипот за кастрирањето никако да го срушите. И чување мачки не е само да му дадеш јадење кога ќе си дојде дома, туку сериозна обврска а под тоа се подразбира и да се случи ова за кое дискутираме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel

Со кого ќе стане дружељубив? Со тој што го чува? Што ако стане со него дружељубив кога мачорот ќе посака друго друштво, има право Аутрајдер, мачор не е мачор ако се дружи само со газдата и ако седи дома по цел ден јадејќи грицки и конзерви за мачки. :)
Тој си сака да се тепа, да брка глувци и врапци, да шета надвор. Иако изгледа лошо кога се тепаат но тоа е дел од нив, борба за територија. Јас претходниот мачор што го имав буквално со сите мачори се тепаше, се чуствуваше дека му ја загрозуваат територијата и партал ги правеше. Бркањето глувци е нешто по кое се познати мачките, мачор што е научен да седи во стан и да си игра со играчки, кога ќе види глушец ќе му се чуди и нема да мрдне со прст, а тие другите мачори за 2 секунди ќе го фатат. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Ама јас тоа сето го сфаќам, зашто упорно го тупиме сега за ова? Значи се вртиме у круг нон стоп. Не дека Аутрајдер не е во право, не дека ти не си во право. ВО ПРАВО СТЕ, ОК Е. Но за мене, е сепак подобро кастрирањето. Сакам мачките да ми бидат прочистени, здрави, средени, питоми, да немам страв дека ќе ми избега на улица и ќе биде прегазено или отруено, и да, да бидат дружељубиви.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ама јас тоа сето го сфаќам, зашто упорно го тупиме сега за ова? Значи се вртиме у круг нон стоп. Не дека Аутрајдер не е во право, не дека ти не си во право. ВО ПРАВО СТЕ, ОК Е. Но за мене, е сепак подобро кастрирањето. Сакам мачките да ми бидат прочистени, здрави, средени, питоми, да немам страв дека ќе ми избега на улица и ќе биде прегазено или отруено, и да, да бидат дружељубиви.

Затоа што не сакаш мачор со карактеристики на мачор, природни, генетски наследени, бидејќи НЕ ВЛЕГУВААТ ВО КОМФОРНАТА ЗОНА НА ЧУВАЊЕ МАЧОР ВО СТАН - туку ИГРАЧКА БЕЗ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МАЧОР (постигнато со помош на сечење на тестиси) само со надворешен изглед на мачор, компатибилна на ЛУДИЛОТО наречено чување мачор во стан. Дали разбираш сега?:)
На мачор не му е место во стан, тоа е нова мода во последниве 15-тина години, имам правено муабет со постара раја порано никој не чувал мачор во стан.

...какво спречување болести, каков рак на тестиси и сигурност, тоа е се рационализација за да се сокрие психопатијата на сечењето на тестиси на сосема здрав мачор со цел да се претвори во дебиласта играчка. Знаеш која е таа логика која ја пишуваш? Некој да ти отсече уво бидејќи можно е еден ден да имаш болест на увото.
Подобро нека проживее 5 години како мачор и нека направи еден куп мачиња отколку 15 години како глупава вреќа со сало која се мази од нозете на газдата и која ждере храна за мачки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Со кого ќе стане дружељубив? Со тој што го чува? Што ако стане со него дружељубив кога мачорот ќе посака друго друштво, има право Аутрајдер, мачор не е мачор ако се дружи само со газдата и ако седи дома по цел ден јадејќи грицки и конзерви за мачки. :)
Тој си сака да се тепа, да брка глувци и врапци, да шета надвор. Иако изгледа лошо кога се тепаат но тоа е дел од нив, борба за територија. Јас претходниот мачор што го имав буквално со сите мачори се тепаше, се чуствуваше дека му ја загрозуваат територијата и партал ги правеше. Бркањето глувци е нешто по кое се познати мачките, мачор што е научен да седи во стан и да си игра со играчки, кога ќе види глушец ќе му се чуди и нема да мрдне со прст, а тие другите мачори за 2 секунди ќе го фатат. :)

И собирањето во глутници и напаѓање стока давење други животни и растргување на парчиња е одлика на кучињата особено на нивните диви форми кои подоцна биле припитомени,па сега гледаме разни џукели и врсти на кучиња,со синџир трчкаат кај што оди газдата јадат зрнеста храна и растргуваат на парчиња крпи влечки и друг прибор низ дома. Едно разбери го КУЛТИРИВИРАЊЕ на животни. Ни коњот не влечел плугови во природа,ни папагалот не јадел во кафез, ни рибите пливале во аквариум. Затоа се нарекуваат домашни миленици кои имаат симбиоза со човечкиот живот и се прилагодува на ЧОВЕКОТ наместо човекот кон животното.
Нема ништо лошо во кастрацијата ако тоа изгледа злобно прашајте постари кои чувале дома стока - редовно прасињата,коњите воловите и друга крупна стока се кастрирала со цел да нема нагон за парење и да биди попитома со животните. Нема поента да се чува дома МАЧКА во домашни услови ако истата има двоен живот т.е фаќа глувци влегува по канти се “бори“ како што викаш со други мачки, не само мачката туку и човекот е изложен на разни болести.

Живеењето во град си носи свои последици особено за уличните животни. Не би биле толку болни истите животни и преносители на болести ако би живееле на пример глутница мачки во село тука веќе имаме природен круг,за разлика од хранењето од контењери со отпад,фаќање глувци кои во секој поглед се пред се БОЛЕСТ и се преносители на еден тон заразни болести (Зборот преносител значи дека истата единка не боледува туку разнесува одредена бактерија,вирус или паразит).
Кој е тој што чува домашен миленик и притоа му е потполно во ред мачорот да му вади глисти низ дворот или пак истиот да влегува и живее низ дома? Посебно ако има контакт со мали деца треба да се обрни внимание. Домашно култивирано животно е она кое одредени навики кои ги има по природен пат ги има откажано.Затоа доаѓа хранењето со купечка храна во тајнирче или со остатоци од она што се јади по дома, дрвјата ги заменува со кревети пердиња и други играчки, а фаќањето глувци и врапчиња од разонода го заменува со гумено топче.
Ако се размисли малку подлабоко, и човекот е многу поразличен од природата и како му налага природата да живее. А сепак живееме модерно и во станови.

Накратко кажано (за тие што ги мрзи да читаат долг текст) ако се чува домашна мачка и притоа се обрнува внимание да биде здрава треба да се кастрира.Се намалуваат проблемите кои се појавуваат во период на парењето и екстремната активност на мачките.Евентуално ако не планирате да го кастрирате,како што прават голем број љубители, се чува во пар или секоја сезона за парење имате кај да го однесите.Не е решение да се пушти надвор и сам да се сноаѓа оти ќе се врати дома полн болви вошки крлежи глисти шуга краста и што уште не.
 
Еве јас имам мачори чувано и сега имам еден, никој не бил кастриран и си живеел како сака, а мене ништо не ми е жив сум уште, никогаш не сум имал проблем со болести. Храна за мачки ретко им давам дека си јадат се и сешто. Но, муабетот е за болестите, толку време чувам и сите мачки и мачори шетале надвор по цел ден а јас немам никаква болест, и ај сега, зашто да му ги сецнам тестисите? :)

И зашто да нема поента да се чува мачка што лови глувци. Ем е интересно за гледање, целиот тој ритуал што го прави додека се спрема да го фати мене ми е интересен, а и немам глувци. :)
Јас сум многу против кастрирањето, ај ако не да му пуштам на мачоров топче да си игра, знаеш што ќе му направи? Ништо, ќе го погледне и ќе излезе надвор по глушец. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Затоа што не сакаш мачор со карактеристики на мачор, природни, генетски наследени, бидејќи НЕ ВЛЕГУВААТ ВО КОМФОРНАТА ЗОНА НА ЧУВАЊЕ МАЧОР ВО СТАН - туку ИГРАЧКА БЕЗ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МАЧОР (постигнато со помош на сечење на тестиси) само со надворешен изглед на мачор, компатибилна на ЛУДИЛОТО наречено чување мачор во стан. Дали разбираш сега?:)
На мачор не му е место во стан, тоа е нова мода во последниве 15-тина години, имам правено муабет со постара раја порано никој не чувал мачор во стан.

...какво спречување болести, каков рак на тестиси и сигурност, тоа е се рационализација за да се сокрие психопатијата на сечењето на тестиси на сосема здрав мачор со цел да се претвори во дебиласта играчка. Знаеш која е таа логика која ја пишуваш? Некој да ти отсече уво бидејќи можно е еден ден да имаш болест на увото.
Подобро нека проживее 5 години како мачор и нека направи еден куп мачиња отколку 15 години како глупава вреќа со сало која се мази од нозете на газдата и која ждере храна за мачки.
Неможеш да споредуваш животно со човек. Претходно Soldner сега и ти.
Значи, јас можам сама да се грижам за мене колку толку да не добијам инфекција. Или ако имам болест на увото можам сама да си ја лечам без ничија помош.
А ти мораш да го заштитиш миленикот. Затоа не се согласувам со твоето мислење, а не дека нешто не разбирам или не ми е јасно.
Втора работа. Тие куп мачиња што ќе ги направи во текот на својот живот гарант нема да доживеат ни година. Ќе бидат пуштени надвор уште првиот месец, а тоа е исто како да пуштиш бебенце од една година да си игра надвор у двор. Ако веќе правиме споредба на животно со човек. Освен ако не се прави бизМис и се продаваат, ама јас лично не би дала маче на некој што не го познавам и што не сум сигурна дека ќе му посвети внимание. Тоа е друга тема, да не навлегувам.
Вака можиме до другиот Ноември, спротивставените мислења скоро секогаш остануваат како првичните што биле пишани.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
И собирањето во глутници и напаѓање стока давење други животни и растргување на парчиња е одлика на кучињата особено на нивните диви форми кои подоцна биле припитомени,па сега гледаме разни џукели и врсти на кучиња,со синџир трчкаат кај што оди газдата јадат зрнеста храна и растргуваат на парчиња крпи влечки и друг прибор низ дома. Едно разбери го КУЛТИРИВИРАЊЕ на животни. Ни коњот не влечел плугови во природа,ни папагалот не јадел во кафез, ни рибите пливале во аквариум. Затоа се нарекуваат домашни миленици кои имаат симбиоза со човечкиот живот и се прилагодува на ЧОВЕКОТ наместо човекот кон животното.
Нема ништо лошо во кастрацијата ако тоа изгледа злобно прашајте постари кои чувале дома стока - редовно прасињата,коњите воловите и друга крупна стока се кастрирала со цел да нема нагон за парење и да биди попитома со животните. Нема поента да се чува дома МАЧКА во домашни услови ако истата има двоен живот т.е фаќа глувци влегува по канти се “бори“ како што викаш со други мачки, не само мачката туку и човекот е изложен на разни болести.

Живеењето во град си носи свои последици особено за уличните животни. Не би биле толку болни истите животни и преносители на болести ако би живееле на пример глутница мачки во село тука веќе имаме природен круг,за разлика од хранењето од контењери со отпад,фаќање глувци кои во секој поглед се пред се БОЛЕСТ и се преносители на еден тон заразни болести (Зборот преносител значи дека истата единка не боледува туку разнесува одредена бактерија,вирус или паразит).
Кој е тој што чува домашен миленик и притоа му е потполно во ред мачорот да му вади глисти низ дворот или пак истиот да влегува и живее низ дома? Посебно ако има контакт со мали деца треба да се обрни внимание. Домашно култивирано животно е она кое одредени навики кои ги има по природен пат ги има откажано.Затоа доаѓа хранењето со купечка храна во тајнирче или со остатоци од она што се јади по дома, дрвјата ги заменува со кревети пердиња и други играчки, а фаќањето глувци и врапчиња од разонода го заменува со гумено топче.
Ако се размисли малку подлабоко, и човекот е многу поразличен од природата и како му налага природата да живее. А сепак живееме модерно и во станови.

Накратко кажано (за тие што ги мрзи да читаат долг текст) ако се чува домашна мачка и притоа се обрнува внимание да биде здрава треба да се кастрира.Се намалуваат проблемите кои се појавуваат во период на парењето и екстремната активност на мачките.Евентуално ако не планирате да го кастрирате,како што прават голем број љубители, се чува во пар или секоја сезона за парење имате кај да го однесите.Не е решение да се пушти надвор и сам да се сноаѓа оти ќе се врати дома полн болви вошки крлежи глисти шуга краста и што уште не.

Сето тоа во ред, но забораваш зошто воопшто биле култивирани и доместицирани мачките, мислам дека се мотаат со луѓе 11.500 години, некаде на Кипар биле најдени најстари наоѓалишта на мачешки костури кај човечки живеалишта.
Мачките не биле култивирани за да седат во СТАН како украс, тоа е НОВА мода во урбани средини и меѓу луѓе со изразени социопатски црти.
Во средниот век католичката црква, некој папа беше не знам како се викаше - се опседнале со идејата дека мачките се ѓаволски креатури и издал едикти со кои заповедал уништување на мачките.
Резултат на тоа било што штакорите, глувците и остали штетници го изгубиле основиот предатор и почнале да се множат. Со нивното множење стигнала и чумата а со чумата - смрт јад и чемер.
Во Венеција мачките се заштитена врста бидејќи го спасиле градот од стаорците а со тоа и од епидемијата на чума.
Значи мачките низ историјата си имале сосема јасна улога и НИКОГАШ не биле кастрирани. Затоа што кастриран мачор би бил бескорисен мачор.
Модата со касапење тестиси е сосема нов феномен и АПСОЛУТНО СИТЕ квази-аргументи кои се нудат за да се оправда една таква варварска постапка се лага.
Пази сега, 11.430 години човекот си живеел со мачките без да `се грижи` за црви,глисти,бактерии и не знам што и сега за 20 години почнаа да им сечат јајца за `нивно добро`.

Ајде да немам чувано мачки и мачори па да ги земам за серионо муабетите за `ризиците` од чување мачки ама вака ми е смешно.

Неможеш да споредуваш животно со човек. Претходно Soldner сега и ти.
Значи, јас можам сама да се грижам за мене колку толку да не добијам инфекција. Или ако имам болест на увото можам сама да си ја лечам без ничија помош.
А ти мораш да го заштитиш миленикот. Затоа не се согласувам со твоето мислење, а не дека нешто не разбирам или не ми е јасно.
Втора работа. Тие куп мачиња што ќе ги направи во текот на својот живот гарант нема да доживеат ни година. Ќе бидат пуштени надвор уште првиот месец, а тоа е исто како да пуштиш бебенце од една година да си игра надвор у двор. Ако веќе правиме споредба на животно со човек. Освен ако не се прави бизМис и се продаваат, ама јас лично не би дала маче на некој што не го познавам и што не сум сигурна дека ќе му посвети внимание. Тоа е друга тема, да не навлегувам.
Вака можиме до другиот Ноември, спротивставените мислења скоро секогаш остануваат како првичните што биле пишани.

Апсолутно НЕ.
Не споредувам мачор со човек туку ги потенцирам ВРОДЕНИТЕ, ГЕНЕТСКИ И НАСЛЕДНИ карактеристики кои мачорот го прават мачор.
Нема спротиставени мислења. Зошто?
Твоето не е МИСЛЕЊЕ туку ЛАГА. Значи се лажеш самата себе и лажеш други и очекуваш да ти веруваат:). Тебе ти е цел да имаш мачор кој нема да ти прави проблеми затоа што го чуваш во стан и затоа СИ ГО ОДНЕЛА ДА МУ ГИ ОТСЕЧАТ ЈАЈЦАТА.
Луѓето чуваат мачори ЕДИНАЕСЕТ И ПОЛ МИЛЕНИУМИ и демек сега последниве 15-20 години се загрижија за ризиците кои имањето тестиси наводно ги загрозувале мачорите? Па тоа е бре чист садизам.
Ако не ископај му ги и очите пошто можно е да добие очна инфекција а така ќе биде уште помирен и изложен на уште помалку ризици. Лажиче за кафе може да послужи сосема добро за таа намена. :)

Друго, велиш да не споредуваме мачки и луѓе а подолу правиш споредба меѓу бебенце и маче. Сериозно?!
Бебето кај човекот е едно, не може да преживее само на улица и му треба екстремно многу време споредено со остали цицачи за да може да се грижи само за себе. На мачето му требаат два месеци.
Тоа е мачешката реалност, од 4 мачиња да речеме, ќе преживеат до зрелост можеби две, некогаш сите 4 а некогаш ниту едно. Така си живееле отсекогаш.

МАЧОРИТЕ никогаш низ историјата НЕ ПРЕТСТАВУВАЛЕ закана за здравјето на луѓето, напротив имаат спасено милиони животи.

П.С. Не сакам постот да звучи грубо или навредливо само што садизмот не ми е нешто омилен.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Podem