Kaстрирање на миленици - за или против?

Дали сте за или против?

  • За

    Гласови: 4 23.5%
  • Против

    Гласови: 10 58.8%
  • Воздржани

    Гласови: 3 17.6%

  • Вкупно гласале
    17

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Темата е дали го одобрувате или не го одобрувате кастрирањето на милениците? Историјата на кастрирањето воопшто кај животните и луѓето е стара откако животните биле доместифицирани. НЕ станува збор строго за кастрирање на мачки или кучиња,туку воопшто на сите домашни животни.
Во постаро време, коњите и воловите најчесто ги кастрирале или народски термин “скопење“ со што машкоста им се уништува,животното не добива нагони за парење и не се создаваат непријатни ситуации при работа.

Кај домашните миленици кастрирањето се врши од малку поинаков тип - спречување потомство.Во многу развиени земји каде шинтерските служби работат како што треба, може да се забележат исто така кучиња кои движат по улица но се претходно вакцинирани,имаат чип и истите се кастрирани.Со кастрирањето се спречува нагонот за парење и самото парење,со што се намалува бројот на улични кучиња - скитници поради неконтролираното парење, и ширењето зарази помеѓу нив.
Многу сопственици што чуваат куче или мачка во домашни услови имаат проблеми кога доаѓа периодот за парење.Доколку имаат каде да го носат за парење мачорот/кучето или ги чуваат во пар немаат потреба од кастрирање,но сепак се создава нов проблем а тоа е потомството,кое ќе доаѓа секоја година од 6 - па до 12 единки кои мора секоја година да најдат дом доколку нема услови каде да се чуваат животните.Многу сопственици се одлучуваат на овој чекор каде го стопираат парењето заради неможноста каде да се вдомат новите миленици или неможност да ги одгледуваат нив.

Позитивни работи при кастрирањето животни:
-Се намалуваат проблематичните периоди кои ги имаат при парење.
-Се намалуваат шансите за пренесување болести (или доаѓање дома на мачорот после една недела искасапен и полужив)
-Се намалува бројот на улични животни скитници и нивно неконтролирано парење
-Се продолжува животниот век на миленичето.

Негативни
-Освен од етички или сочуствителни причини,не би гледал друга причина за некастрирање.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Етички?!
Кога се работи за мачори најчесто тестисите им ги отсекуваат луѓе кои живеат по станови и сакаат играчка во форма на мачор со таа разлика играчката да е жива.
Мачорот енормно се здебелува во отсуство на тестостерон, успорува, оглупавува и ги губи нагоните и инстинктите, далеку е тоа од чисто етичка дилема, тоа е посегнување по се` она кое го прави тоа што е. Метак во главата е помал грев, единствената цел на мачорот е да ја пренесе својата днк, затоа и го прави тоа што го прави.

-Се намалуваат проблематичните периоди кои ги имаат при парење.
-Се намалуваат шансите за пренесување болести (или доаѓање дома на мачорот после една недела искасапен и полужив)
-Се намалува бројот на улични животни скитници и нивно неконтролирано парење
-Се продолжува животниот век на миленичето.

Ова ми е малку лицемерно, демек миленици се чуваат (и кастрираат) поради наведените причини - што се чудни луѓето, наместо да кажат - си сакам мачор ама да си останам во комфорт зона тотално па ќе му отсечам тестисите, мирна глава и ќе си имам крзнена мрсна топка која ќе мрда со опашка низ станот...
Пази муабет уште за негово добро ќе остане без јајца, страва :rofl
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
А како им се продолжува животниот век ако му ги сецнеш јајцата?

Ова иначе искрено да си кажам го прават луди луѓе. Ако немаш услови за чување не ни чуваш и готово. А не сега ќе му ги сечеме за да може да го чуваме, дај на машкото во фамилијата да му ги исечат јајцата па да го видам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Кога би имала милениче нема да се двоумам колку и да ми е греота и колку и да ми е жал, ако знам дека е полезно сето ова. Дека е неприродно, неприродно е, но ако веќе одиме по тоа што е природно а што не, пред се не е природно да го затвориш животното дома за да го спречиш тоа неконтролирано парење и да му ја ускратуваш единствената природна работа-слободата, или пак сите оние хумани сопственици на миленичиња кои се бунтуваат против кастрацијата, барем еднаш во животот фрлиле мачиња у река или ги оставиле на улица. Ептен природна појава денес е фрлањето у контењер нема што.
Друго, @Söldner си прашал како се продолжува животниот век. Па според некоја логика со кастрирањето се спречуваат низа смртоносни тумори, а и можноста да завршат на улица и да умрат од труење или сообраќајна несреќа е помала. Ете пишува во воведот.
А споредбата што си ја дал на животно со човек ми е малку глупава и нема да ја коментирам. :zelen
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Каква е поврзаноста на кастрирање на домашен миленик што го чуваш дома цело време и сообраќајна несреќа?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кога би имала милениче нема да се двоумам колку и да ми е греота и колку и да ми е жал, ако знам дека е полезно сето ова. Дека е неприродно, неприродно е, но ако веќе одиме по тоа што е природно а што не, пред се не е природно да го затвориш животното дома за да го спречиш тоа неконтролирано парење и да му ја ускратуваш единствената природна работа-слободата, или пак сите оние хумани сопственици на миленичиња кои се бунтуваат против кастрацијата, барем еднаш во животот фрлиле мачиња у река или ги оставиле на улица. Ептен природна појава денес е фрлањето у контењер нема што.
Друго, @Söldner си прашал како се продолжува животниот век. Па според некоја логика со кастрирањето се спречуваат низа смртоносни тумори, а и можноста да завршат на улица и да умрат од труење или сообраќајна несреќа е помала. Ете пишува во воведот.
А споредбата што си ја дал на животно со човек ми е малку глупава и нема да ја коментирам. :zelen

За кого е полезно, за мачорот или за власникот?
Не, никогаш не сме фрлиле мачиња во река а сме чувале многу, замисли го тоа.
Никогаш не сум имал играчка милениче, they came and they go as they wished, ретко кога седеле повеќе од 15 мин. Понекогаш се појавувале со фатен стаорец, како трофеј ваљда, дури имаа обичај да ги ставаат под простирачот за нозе, не знам зошто, ретко ги јадеа.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
За кого е полезно, за мачорот или за власникот?
Не, никогаш не сме фрлиле мачиња во река а сме чувале многу, замисли го тоа.
Никогаш не сум имал играчка милениче, they came and they go as they wished, ретко кога седеле повеќе од 15 мин. Понекогаш се појавувале со фатен стаорец, како трофеј ваљда, дури имаа обичај да ги ставаат под простирачот за нозе, не знам зошто, ретко ги јадеа.
Моите ги ставаат до шпоретот, изгледа сакаат да им ги испечам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
@Söldner Ова си прочитал ама не си ме разбрал. Ај прочитај ме уште еднаш, па баш да видам каде тоа јас сум го пишала.
@Outrider Полезно ваљда и за двајцата. Колку за мачорот толку и за сопственикот.
Тоа дека после кастрирањето се пасивни ок, но што е подобро? Ваљда за тебе е подобро да имаш животно кое постојано има нагони за парење, нон стоп дерење и патетично валкање низ дома. За колку се агресивни да не спомнувам. Сум била сведок на таква ситуација кога мачорот касапи и напаѓа се живо и диво по дома, па другарка ми завршува у болница на шиење.
Епа сега изборот е наш.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@Söldner Ова си прочитал ама не си ме разбрал. Ај прочитај ме уште еднаш, па баш да видам каде тоа јас сум го пишала.
@Outrider Полезно ваљда и за двајцата. Колку за мачорот толку и за сопственикот.
Тоа дека после кастрирањето се пасивни ок, но што е подобро? Ваљда за тебе е подобро да имаш животно кое постојано има нагони за парење, нон стоп дерење и патетично валкање низ дома. За колку се агресивни да не спомнувам. Сум била сведок на таква ситуација кога мачорот касапи и напаѓа се живо и диво по дома, па другарка ми завршува у болница на шиење.
Епа сега изборот е наш.

За мене е одлично, и тепачките и `ритуалите` и ловењето и звуците кои ги пуштаат кога се во потрага по парење или тепачка за заштита на `територијата`, она кога прават зли фаци ако случајно ги стапнеш на опаш (hissing) сето тоа ми е интересно кај нив и не знам што ќе ми е масна топка која глупаво се ѕвери во ѕидот. Ме гребнувале и мене, голема работа, троа ракија и готова ствар...

Нема постојано нагони, си имаат сезона на парење (иако и тоа се менува веќе). Останатите работи кои ги спомена спаѓаат во мачјите карактеристики и како такви го прават мачорот - мачор.
Мачор не се чува во стан, тоа е глупост (другарка ти изгледа тешко разликува мачор од играчка) евентуално на приземје би било ок, тоа е помодарство насадено на сељачките гени кои налагаат животинче по дома ама во комфорт зоната на новата урбана класа... Ако не, на тераса може и коза да се чува, свинче нешто ова она...што да не :)
Како што реков, газдата сака да има играчка за во стан и подобро би било да си купи плишан мачор кој воопшто нема да прави `мачорски` работи туку ќе си стои на кауч така убав и сјаен.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
јас сум против
да се работи за доброто на животното разбирам
но живо здраво родено јас да го осакатувам не може
ако некој не е способен да чува домашно милениче нека не ни пробува
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider