Ставајте спојлери кога кажувате конкретни случки де, не секој сака да ги чита.
Инаку, серијава ми е просто фантастична, рамо до рамо со
2.5 Men. Хуморот е на место и постојан, во секоја епизода има барем 2-3 моменти кога „прснувам“ од смеење, и и покрај Барни, што повеќето од вас сте го спомнале, да не ги заборавиме и останатите, сите ја издигнуваат серијата скалило погоре со своите придонеси.

И да, во однос на критиките на некои дека Барни станал „мекуш и лигуш“, имајте на ум дека продуцентите во САД своите долготрајни серии често ги насочуваат според желбите на гледачите. Со други зборови, тоа што Барни се „стабилизира“ со Робин е резултат на предлози од гледачите (a помнам, уште кога читав реакции за епизодите од третата сезона, кога со карактерот на Барни продуцентите се’ уште експериментираа во поглед на Робин, многумина пишуваа дека сакаат нивната врска да се развива во многу поинтимна насока).
