И по две недели пауза, конечно нова, и прекрасна епизода!

Не поради хуморот во неа, зашто тој,
ќе бидам реален, не беше толку застапен. Дали во 3-4 ситуации во цела епизода се насмеав онака силно (и аман веќе со Маршал, женско петле!

).
Но после 7 полни сезони, и осма во тек, толку многу ми „сраснаа“ сите карактери, толку ми се мили, што едноставно сакам да гледам како нешто конкретно се случува во нивните животи, па макар и тоа било нешто тажно, како во оваа епизода (за да видам како потоа ќе закрепнат и продолжат). Криво ми е што Тед и Барни, ликовите околу кои воглавно се врти сета серија, минуваат низ зезнати периоди, па затоа и мило ми е што барем Барни имаше од оние неговите „зачинети“ хепи-ендинг ноќи.

Севкупно, после последната олд-скул урнебесна епизода со типичен HIMYM хумор, уживав и во оваа, со доста побавно и нетипично темпо за ликовите.
