How I Met Your Mother

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Види, не планирам да разглабам сериозна и длабока дискусија за ситком, ама не си во право.
Прво, јас сфаќам дека ликовите „созреваат“ (кажав претходно), ама ако збориме така, тогаш сега се понезрели од кога и да е.
Второ, да, поминале години, се им се случило, ама тоа не значи дека треба да почнат да се однесуваат вака.
Трето, суптилност малку фали. Суптилност.
Четврто, како брат ми да го слушам си. Слепо е заљубен во серијава, што и да излезе епизода каде сите ќутат, пак ќе му се допадне. Исто и ти, помири се дека серијава не е тоа што беше.
А да, и да сакав да гледам драма, ќе си пуштев друга серија. Ова е жанр комедија. Демек.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Лично мислење, со кое не можам повеќе да не се согласам. :)
Како што кажав, ми се виде интересно за промена ова побавно и полежерно темпо на ликовите, особено по претходните четири епизоди сезонава, во кои упорно се обидуваа повторно да го наметнат брзиот откачен хумор преку кој ја засакавме HIMYM. Не за џабе и самото име на епизодава, The Autumn of Brakeups.
Велиш нема инспирација? Верувај, продуцентите точно знаат по кој тек сакаат (и треба) да се движи серијата, токму затоа и омекнувањето со самиот хумор... Е сега, тоа што навлекуваат гнев од многумина поради тоа е друга работа. Како што пишав и во некој од претходните постови, ви се допаѓало вас или не, серијата МОРА да се движи во оваа (нешто посериозна) насока, зашто нејзиниот епилог е поставен уште во ПРВАТА епизода.

ПС. Се согласувам само дека имаше премногу „Маршализам“. :)
Мора? Па и не. Можеше малку текот да го смени во 5тата сезона и да се стави крај. Ама не... паричките се слатки поготово кога ќе се добиваат на стара слава.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Види, не планирам да разглабам сериозна и длабока дискусија за ситком, ама не си во право...
Четврто, како брат ми да го слушам си. Слепо е заљубен во серијава, што и да излезе епизода каде сите ќутат, пак ќе му се допадне. Исто и ти, помири се дека серијава не е тоа што беше.

Не е ни поентата да разглабуваш, јас си кажав вчера мое мислење, кое беше „цитирано“ од твоја страна, што воопшто не го промени она што јас го мислам. Така да простор за длабока дискусија не е ни потребен.

Слепо сум заљубен? Не, само ми се допаѓа приказната во серијата како целина. Тоа дека имало двојно посмешни епизоди - имало, но доколку се појави епизода како вчерашната, воопшто не значи дека нема да ми се допадне. Ете, доколку имаш време, би те замолил да читнеш некое од постарите мислења на темава, па види дали за сите сезони еднакво „пропагирам“ дека се одлични. :)

Петто. Да, ова е жанр комедија. Фактички, ако така гледаш, вчерашната епизода „вриеше“ од елементи на комедија со самиот Маршализам и кучето како посредник на Барни (демек продуцентите не знаеја дека изборот им е малку детски, на моменти лигав, па и патетичен, што би рекле вие. Епа guess what, има луѓе и на тоа што се смеат! Сега ќе им судиш на нивниот вкус?). Е сега, тоа што ти по 5 урнебесно смешни сезони „си земаш за дозвола“ да бираш каков сакаш да е хуморот/комедијата и натаму (што е и разбирливо, сепак серијата постави јаки стандарди во првите три сезони) - тука јас не можам да ти влијаам. Take it or leave it. :)
Но дека е гомце? О, не!

EDIT: Интересно, рејтинзите за досегашните пет епизоди (почнувајќи од првата):
8.4, 7.8, 7.6, 7.7, 8.3. :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Солидна 6ка. Моментот коа Тед Шмозби удираше кош, Маршал и Лили пробуваат да имаат секс... Дури и Барни коа пробуеше да ја уценува Робин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma, Farfalla and Nighty

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Солидна 6ка. Моментот коа Тед Шмозби удираше кош, Маршал и Лили пробуваат да имаат секс... Дури и Барни коа пробуеше да ја уценува Робин.

Веќе две епизоди им се базираат на драма, што не значи дека е лошо. :)
Но сепак, се надевам дека следната, The Stamp Tramp, ќе раздрмаат малку, и биде нешто налик кога се бираше кум за бебето, со откачен, па и на моменти безвезен хумор. Барем и по насловот така ветува. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma and Saladin

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
The Stamp Tramp - одлична епизода по малото затишје!
Имаше се' што беше потребно, во дози колку што беше потребно!
Смешен хумор, откачен хумор, глупав хумор, тек-тук драма, тек-тук reality check, и прилично (не)очекуван крај...
Ајде да видиме следната епизода што ќе понуди!
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Најновава епизода ми се свиѓа. Повеќе хумор има отколку во претходните неколку.
If you ever wanna see these boobs again, CRAWL, you son of a me! :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma and Nighty

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Солидна 10ка. Man of the hour - Ted коа им зајмуваше ствари на друштвото. Моментот кога седат во станот на Барни - priceless. Време беше.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nighty and Selma

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Just wow!
Прејаки беа 11и12, се вратија во форма па редно беше, после долго време одлична епизода. Барни во негов стил ја запроси Робин, Тед паметно постапи. Крајот беше priceless, ни на крај памет не ми текнало дека тоа го прави за Робин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nighty