Мет Смит ја имаше несреќата да треба да го замени Тенант како Докторот. Тешка задача која Смит ја одработи во рамките на своите (не)можности, што значи јадно. Толку знае и толку може, не е тој крив, криви се оние кои го правеле кастингот. Дури и Еклстон делува како real life инкарнација на докторот во споредба со џанаковидната и невпечатлива појава на Смит.
Од другите доктори (надвор од последниве 3) го имам гледано само првиот, едно старче кое се моташе во тардисот, нискобуџетноста многу позабележлива отколку денес, дали беше лош торент или толку низок квалитет на снимка не сум сигурен.
Она што е сигурно е дека оригиналната тема на серијата е феноменална, како што беше и каверот од 2005-6 кога почнаа пак да снимаат.