Интернетот е најголемиот ослободувач на луѓето во човековата историја. Интернет му дава силна муниција на малиот човек. Секој може да биде виден, слушнат и прочитан. Истите овие компании се обидуваа да го срушат YouTube додека сеуште беше млада фирма, во самите зачетоци.
Изговорот и тогаш им беше потенцијалот за пиратерија и злоупотреба на авторски права, но во позадина поголемата причина беше самата платформа и можноста која ја имаа масите сами да се исконтактираат и сами да се забавуваат.
Да не се замараме со телевизиите и друг да одлучува што ќе гледам, и кои информации ќе стигнат до мене.
Ова со пиратеријата е буквално половина процент од светската популација против сите останати. Половина процент!!
Ова не смее да помине.
Ќе не натераат самите себе да си бидеме полицајци. Меѓусебно да се контролираме, бидејќи 10 бирократа удриле еден потпис и на милијарди луѓе ќе им се забрани нешто.
Еден збор. Corporatocracy.