„Црвени знаменца“ во (потенцијална) врска

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Кога сме со некој нов, многу е лесно да се фокусираме само на убавото и позитивното, а да ги занемариме т.н. црвени знаменца што личноста ги покажува, а потоа веќе станува доцна бидејќи сме развиле чувства и изградиле каков-таков однос, па се тешиме со „Па добро, таков/таква е“.
Како и да е, некогаш пак не сме ни свесни дека она што го прави и зборува личноста, всушност може да претставува поголем проблем од само обично однесување или една реченица „уз муабет“.
Секако, секој има различни критериуми за тоа што и колку толерира и дали нештото му го пали алармот во глава дека нешто не штима, но ова се неколкуте најчести црвени знаменца што треба да ги забележиме во (потенцијална) врска:
  • Посесивност и љубомора. Доволно се само двата збора, без објаснување. Може некому е слатка мала доза љубомора, но генерално не е знак дека партнерот те сака, туку дека не се сака/не си верува себе, а со тоа не може да те сака, ни да ти верува и тебе.
  • Активна зависност од нарколтични средства. Додека поддржувам човек да е присутен до зависникот и да му пружа емоционална поддршка и потпора да тргне на подобро, сметам дека треба да се остане во пријателски односи. Ова посебно го гледам кај тинејџери и рани 20-ти каде си ги губат најубавите години надевајќи се дека тие ќе се оние што ќе ја сменат личноста. Излишно е да се каже дека само сам можеш да решиш да се смениш, другото е залажување.
  • Gaslighting (не сум сретнала некој соодветен наш термин за ова... потпалување е можеби најсоодветно, ама звучи смешно) т.е. емоционална манипулација што може долго време да седи неоткриена поради тоа што манипулаторот своите намери ги кажува во форма на совет, сожалување или „за твое добро“, но всушност се со спротивна замисла. Прост пример е одење на факултет/работа во друг град, па тука почнува со како ќе ја одржиме врската (не со интерес, туку со судење), па дали си способен/способна за таму да се снајдеш, па што ако се случи ова или она, по што најчесто другиот партнер почнува да се сомнева во своите способности и евентуално се откажува.
  • Зборување лошо за бивши или општо личности од полот што го/ја привлекуваат. Тука збориме за бившите ми се луди, таа и таа бивша се курви, не знам како глупакон мисли дека може да го погледнам, итн. Шансите се дека ако мене ми зборуваш така за други и на другите (ќе) им зборуваш така за мене.
  • Поддржува партија и виси во штаб. :zelen Од ова лично бегам ко од огин. Не знам кој нормален на денешницава може да мисли дека има помало зло во дупкава или дека баш неговите, што му/ѝ ветиле некоја работичка, ќе направат подобро. Гледање само личен интерес по линија на најмал отпор и труд многу зборува за самовреднувањето на личноста и пак идеме до тоа дека ако себе се гледа ко неспособна, што останува за мене.
Во глобала, тие ми се. Ќе надополнам како ми текнуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Одлична тема која важи не само за врски и бракови туку и за френдшип и роџаци но бидејќи темава е за врски меѓу партнери има што да се каже нашироко, деновиве ќе напишам поопширно пост базиран на свои и туѓи искуства, вечерва умот ми е на 30% :(

Лагите се прилично високо на листата заедно со премолчување гејм чејнџер состојби, пример како со искуството со особа која имаше сериозно ментално нарушување кое се карактеризира со аудитивни и визуелни халуцинации меѓу другото.
Некоја да премолчи такво нешто е навистина тешко опростиво, сериозно бе...
Од друга страна сум благодарен што се интересираше на мене во моменти кога бев андејтабл буквално, што сакаше да ми пружи шанса ама ете...неколку ред флега (едно од нив погореспоменатото опсесирање со бивши партнери) и на крај ништо...а можевме заедно да работиме на случајот, да ги ублажиме состојбите.

Ghosting е уште едно црвено знаме, неодговарање на повици, на пишување на соц.мрежи или било на кој начин, заедно со молчење и игнорирање во живо, тоа е катастрофа во најава, пауер плеј, особата која го прави тоа се осеќа надмоќно со самото тоа што има прилика да го иритира партнерот. Сфаќам од каде доаѓа потребата за такви срања но тоа не значи дека се оправдани. Ајде до 17-18 години ама 30+ волови и крави не не не....основна почит ако се нема кон лицето со кое се дели постела, ајт.

Фалење со број на партнер/ки, ова особено за мажи би требало кај жените да биде ред флег од прва категорија. Муабети neje dase falam ali mn sum ebel u zivot eheheh cak i crnkinja sum onadel ali mn i smrdese kozhata inace nogu jako pichence au da znaes koja cicka се знак дека се работи за бот.

Споредување со бивши е исто ред флег, особено физички атрибути, должина на пенис или големина цицки и стегнат гз, све тоа е дно. Или муабет како шо имам доживеано "исти со оној митре бившион значи" а поводот беше утакмица на Арсенал...

Доколку одеднаш после извесен период започнувате да се осеќате како да сте на парада на Комунистичка партија на Кина со сите тие црвени знамиња наоколу, тоа е знак дека треба да раскинете или барем, во случај на повеќегодишна врска или брак, да дадете последна опомена придружена со најсериозен можен разговор и очекување на отвореност кон евентуални решенија, макар тоа било посета на психијатар.

Секако не сите лаги се исти, мојата некогашна најсакана криеше дека ја боли заб пошто знаеше дека ако ми каже веднаш ќе ја земам за рака и ќе ја однесам кај матичнава, феноменална забарка па пошто имала паничен страв од забари не сакала да оди на забар заедно со немање пари за поправка во тој период така се погоди, hence лагата а се гледа дека нешто не е во ред...
На крај сепак ја однесов и се среди све па беше изненадена колку лесно испаднало. И што дека немаше пари јас и платив за све излезе околу 5000 денари а тогаш имав солидна пара после години работа по иноземство.

И нормално, подоцна ми солеа памет дека ме користела пошто сум бил наивен гастербајтер. Тоа е таа фиромска раја :banghead

Како што реков, ќе споделам неколку моменти од искуства мои и туѓи подоцна, прилично опширна тема е, штета што е ретко или ич присутна во јавен дискурс или во муабети меѓу младина пошто се работи за една од најважните елементи во развој на една личност.

Тоа го гледам како некој вид на Радар кој детектира црвени знамиња и не ги релативизира.
Секако, треба да се разгранични меѓу леџит знамиња и параноја, а тоа и не е толку лесно.
Има особи кои гледаат знамиња таму каде што не постојат...
Што само по себе е уште еден ред флег Baaaa Dum Tsssssss:D

To be continued...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Уф уф, ми текна на фамозното bros before hoes, а во hoes ја става и женска му на која, кога не е со друштво, се лигави и ѝ ветува брда и планини. Оти не дај Боже пред други или во јавност да покаже дека има чувства.

За познаничка чув муабет (што не можам да тврдам дека е вистина) дека ѝ беше раскинал тој за да следи Светско на мир во 2018-та, па оваа си појде со друг во меѓувреме, па се смирува со овој, ама си седи на две столчиња, па типов ја начекува во хм... кревка положба со другиов. Еве сега верени се. :zelen
Ова не е знаменце, ова е олимписка неон застава колку цел стадион, ама не знам, многу повеќе луѓе си функционираат вака отколку ко што човек би очекувал (нормална реакција со пичке материне и терање секој свој живот).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
417
709
1,103
За познаничка чув муабет (што не можам да тврдам дека е вистина) дека ѝ беше раскинал тој за да следи Светско на мир во 2018-та, па оваа си појде со друг во меѓувреме, па се смирува со овој, ама си седи на две столчиња, па типов ја начекува во хм... кревка положба со другиов. Еве сега верени се. :zelen
Јебо факич. Само ме интересират една работа - колку заебавање имат јадено типов од другарите?

Иначе супер си кажаа Аутрајдер и Електра, и мислам дека ги опфатија натешките црвени знаменца не само во потенцијална врска, туу и во било која друга меѓучовечка интеракција.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Јебо факич. Само ме интересират една работа - колку заебавање имат јадено типов од другарите?
Два пати дали се имам само поздравено со него, не знам дали и колку заебвање има видено, ама секако ми е многу поразително од млад дечко што сиот живот го има пред себе да избере фина и стабилна партнерка т.е. ова важи и за двајцата пошто не дека неговово однесување за фудбалот било многу зрело.

Може е до моите гледишта и неспремност, ама навистина не знам зошто на денешницава се размислува за брак кога си под 26-7. Бар сега животниот век не ни е 50 години, па да брзаме.
Што ме води до уште едно црвено знаме - сериозно планирање брак и деца кога едвај ја познаваш личноста и сте во врска само месец-два (во некои случаи и веднаш, посебно кај лица во рани 20-ти и занес). Бев еднаш на дејт со лик што одма почна таков муабет, демек му било веќе здосадено од состаноци, сакал да се скраси... едвај чекав да си одам и да го избришам од сегде.

Од друга страна па е и ако после долго време заедно се плашиш да прашаш на што сте и врската не прогресира кон нешто подлабоко. Ова укажува на страшен недостаток на комуникација и треба да се терминира што е можно побрзо.
 
Тука веќе влегуваме во водите на личните преференци, погоре ги наведовме општите црвени знамиња сега се на ред личните. Проблемот со влегување во брак и годините е тоа што не се знае на која возраст ќе се запознае партнер со кој брак би бил возможен. Мојата имаше 24 кога планиравме такво нешто, јас бев 29-30 па беше прекрасно :)
Не сфаќам што тоа луѓето губат, за што се чуваат, кој тоа јак живот го водат за да свесно пропуштат животна прилика, имајќи предвид дека таквите прилики доаѓаат од нула до максимум три пати во животот (има и исклучоци но тоа е премногу ретко). Кај мене напротив, со стапување во брак со неа мојот живот ќе беше збогатен во секој можен поглед.

Друго, има разлика на кој начин се кажуваат целите, нема ништо лошо во тоа човек да си каже однапред дека не му е до "забављање" туку дека сака сериозна врска која со тек на време би можела да прерасне во нешто повеќе.
Но има и селско напнување дека некој е во потрага по брак и деца што секако не е муабет кој спротивната страна би сакала да го слушне. Демек му дошло времето да се жени и ај сеа.
Јас лично секогаш сум кажувал во рок од 100 дена дека сум за сериозна врска затоа што навистина после извесна возраст не знам што би била поента на бидување пар. Ако е до секс...хммм......има што да се каже и на таа тема, а тука е и емотивната страна, зошто човек би бил емотивно ангажиран, зошто би давал се од себе ако знае дека врската нема иднина?

Ги знам и двете крајности, феноменална врска и меѓусебен однос на кој му нема рамен.........и стравичната, сеопшта осаменост која не му би ја посакал нит на непријател. Судбината знае да е сурова. Затоа некои не гледаат поента во половични полу и четврт врски каде што ту смо а можда и нисмо.
 
Океј, да, повеќе е лично, но сепак 100 дена врска и такви муабети на прв дејт не е исто. Додуша мене и двете ме „плашат“ пошто колку и да сме блиски, сепак тоа е малку време за да дознаеме еден за друг, башка што е и ханимун фаза па си прави човек дека си одговара со партнерот на секое поле и немаш ни време да мислиш на лошото „шта би било“. Од друга страна па може да си со некого со децении, па дури тогаш да му го дознаеш правото лице, навистина нема правила.
Претпоставувам за некои е вистина она "When you know, you know", ама за повеќето на денешницава не е баш така, а доказ е и тоа што повеќе од пола бракови кај младите сега завршуваат со развод. Дали е избрзување, незрелост или и двете (и нешто трето), не знам.
 
На прв или втор дејт е претерано ама во 100 дена мислам дека е ок поради тоа што не се губи време. Тоа не значи дека за 100 дена човек решава да се жени туку дека става на знаење дека врската ја смета за долгорочна со потенцијал да прерасне во брак и семејство понатаму во иднина, земено дека типката му се допаѓа до тој степен. Сепак 3+ месеци не се малку за да се запознаат многу елементи на една личност, плус Гестапо пристап :D

Нема гаранција денес, може да стапи некој во брак по два месеци одење а некои по 7 години па обата брака да пропаднат, причините за денешниот стравичен процент на разводи и остали несреќи е на друго место, не е во времетраењето на една врска.

Над 25 за мажи и 22 за жени (тоа се годините на кои мозочната мрежа на синапси целосно е комплетирана кај хомо-сапиенсот) мислам дека е сосема ок да се започне со планови за брак, така и мојата имаше 24 па беше среќна дека е со мене и дека ќе биде со мене засекогаш (шта речи.............а не заплакати.......што ми требаше сеа ова, како оној дедото од Онли фулс едн хорсис ќе станам)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
- Нема расчистено со бившиот/бившата, а веќе прави филмови на други. :frantic
- Иде во Мистик да ги снима цицките на певаљката Сани секој викенд. :zelen
- Доживљај му е џоинт, иако има над 21-2 години.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Језив ред флег за мене е отсуство на интелектуална радозналост, како да кажам, незаинтересираност за нешто повеќе од локални и семејни дешавки или во друштво, да не може човек да сврти муабет за рандом мистерија на пример или да оправа криви дрини на разни теми, тоа многу ми значи пошто денот е 24 часа а годината 365 * 24 така да имајќи постојано теми на кои може да се навратите како пар, макар и не се согласувале воопшто е нешто без кое не би можел да останам во врска, ако е чисто секс како причина тоа е толку недоволно за да живеам со некоја, што ќе правиме во паузите меѓу едно сексање и друго, ќе гувееме како млади невести или ќе оговараме српски певаљки?
Сексот е дебело преценет, не дека и јас како помлад не сум бил дебилен по тоа прашање ама со тек на години човек сфаќа дека сексот е само една од многу компоненти, едноставно израз на максимална интимност меѓу особи кои се сакаат и поради љубовта искрено сакаат да го задоволат партнерот и вајс верса.
А да се труди човек за рандом коитус со рандом особа ми е толку мех и одбивно што мастурбацијата ми делува како тотално подобра опција.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra