Што е „нормално"?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Носиме заклучоци дека нешто е нормално а нешто не е нормално.
Дека нешто е природно а она другото не е.. А како? На основа на што?
"Нормално" е карактеристика полна со ограничувања.
Некој кој што во позитивна смисла се рачуна за не "нормален",се мисли дека е различен,оригинален,креативен,храбар,ексцентричен.
Тие исти особини во некоја друга средина се сметаат за непожелни,а личноста,криминална,перверзна,болна.

Паоло Коелјо во неговото дело"Победникот останува сам",преку неговиот лик Игор составил листа од "нормални"работи со која успеал да ја соголи безмисленоста на некои норми според кои живееме.
Неколку од оние што јас би сакала да ги спомнам се:
-Исмејување на оние што трагаат по среката наместо по парите,нарекувајки ги неамбициозни.
-Да се верува во се што е напишано на хартија.
-Следење на модните трендови па макар и тоа изгледало смешно и неудобно.....и уште доста други.
Можете да наведите и вие неколку од листата на Коелјо со кои вие се согласувате.

Секој има свое "нормално",и сечие "нормално" е различно.

Што е за вас нормално?
Како носиме заклучок за нешто дека е нормално?
Дали е нормално единствено она што е блиско на нас самите,а ненормално она што е различно од нашите свакања?
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Многу работи во цивилизираниот свет кои не се нормални, овде се сосем нормални, толку се впиени во мозокот на народот што тој не е свесен за тоа.
Нормално е да бидеш угнетуван на работното место.
Нормално е да се вработиш единствено преку партија и врски.
Нормално е да ги слушаш комшиите како се пцујат, колат, урлаат.
Нормално е на патот да има кратери.
Нормално е да плаќаш порез, а секоја вечер на не светат уличните.
Нормално е предизборните ветувања да не се остварат.
Нормално е ножот да дојде до коска и пак со прст да не се мрдне. ...

(продолжија листата)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Нормално. Имам чувство дека зборот потекнува од поимот норма. Што е норма? Норма е правило.
Моралните норми т.е. правилата за однесување, ни укажуваат што е нормално во едно општество. Ни даваат право да ја процениме постапката на човекот и мотивот за таа постапка, и воедно и да спрoведеме санкција за (не)нормалното однесување, дали тоа ќе биде моралната свест (која се јавува кај индивидуата) или моралната осуда од околината.

На пример, не е нормално за една девојка да има шарена коса, во вид на четка.
2618258469_e788d8850c_z.jpg


За некои кај кои силна е желбата да се биде поинаков, тоа е нормално, ама веќе станува збор за членови на поткултура.
За повеќето не е нормално, бидејќи човекот треба да има средена уредна коса, воедно и облека, односно целовкупен изглед. Морална свест - човекот се чувствува истиснат од општеството, со силно чувство на неприпаѓање. Морална осуда - човекот не е дел од општеството, бидејќи не се вклопува ни приближно со изгледот.

Општеството ни наметнува одредени правила на однесување, иако секоја индивидуа ја има слободата да прави што сака. Самите го бираме и создаваме нашиот физички изглед.
Но што е со сексуалната определеност? Хомосексуалноста? Не станува збор за избор, станува збор за создадени од природа, такви какви што се, со чувство на привлечност од истиот пол. За некои, хомосексуалноста е нормална, за други, не е. Морална свест - човекот има потреба од љубов и секс од човек од ист пол, бидејќи не чувствува привлекување од спротивниот. Морална осуда - човекот е болен, неговото однесување не е природно.

Кога не би постоело општество, било каква заедница, и секој човек би бил оставен сам на себе си, големи се шансите дека убиството би било нормална работа. Се за опстанок.
Но, постојат норми (закон) со чие спроведување постојат санкции. Морална свест - кај човекот кој направил злосторство, убил друг човек, се појавува грижа на совест, каење, потреба за поправка на своите постапки. Морална осуда - човекот е убиец во очите на општеството, монструм, животно... санкција - затвор.

Мојот заклучок е дека, тоа што за еден човек е нормално, не значи дека е и за друг.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,497
9,166
1,683
Кушкундалево
Јас пак сметам дека да се живее според однапред пропишани норми за живот, однапред направен шаблон јас го сметам за нормално. Нормалниот живот за мене е апсурд, себезалажување дека си среќен затоа што и не можеш да си го пуштиш веќе оградениот мозок од правилата и нормите малку подалеку и да пробаш да се „ослободиш“. Да, всушност живеењето во заедници го наметнува таквиот живот каде ако не си како повеќето тогаш отстапуваш од нормата и мораш да трпиш поради тоа. Колку помала заедница, толку повеќе особини се ненормални. Во контекст на темава има една реченица од еден музичар, Frank Zappa кој вели "Without deviation from the norm progress is not possible". И има право со ова. Кога постојано сите би биле „нормални“ светот би бил едноличен, досаден и монотон.
 

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Нормалното е релативна и индивидуална перцепција за настаните што не опкружуваат.
Нема универзална дефиниција, бидејќи условите и ситуацијата креираат различни приоритети на кои се темели нормалата.

Едно влакно на косата е релативно малку, но едно влакно во супа е релативно многу.
Да убиеш човек со умисла е ненормално, но да убиеш 5 души во самоодбрана е сосем нормално.

Целта непрекинато манипулира со границите на нормалата, во зависност од ситуацијата и потребите..
Таа ги оправдува средствата во нашата психа, но опшеството гледа со други очи.. Тоа што за нас е нормално, за некој друг може да биде ненормално, табу, па дури и неразбирливо..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones, malo and melpomena

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
Книгата не сум ја читала....ама ако има напишано такви "нормални" работи ич да не ја читам...тенкс

може и за мене викаат дека не е нормално да носам боја на косата како на сликава...ама мене искрено ми е гајле за другите шо кажуват...луѓето едноставно се навикнати, да бидат како сите останати, и колку и да сакаат да напраат нешо поинакво од општото "нормално" си велат леелеееее ќе шо ќе речат луѓето!? ќе сметаат дека не сум арна или бла бла

од мој аспект ај донт гив а ф... за тоа луѓето шо ќе рекле....
се носам како мене ми одговара и .
небитно дали сакам да искомбинирам некој жиш бои од гардеробата..ако јас се осеќам пријатно , шо треба да се мислам дали некој ќе ме гледа вака или така...

менталитетот у мкд е таков...види ја ваа шо облекла, види го оној како се потшишал...итн
луѓето повеќе се замараат кој шо како прави со туѓиот живот, него да си ја бркаат својата работа и да ги остават другите да си го живеат животот кој си го замислиле...

значи за мене е нормално се шо не е "нормално" за другите :)
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Книгата не сум ја читала....ама ако има напишано такви "нормални" работи ич да не ја читам...тенкс
:)

Книгава баш би згрешила ако не ја прочиташ, отскокнува од шаблонот по кој пишува Пауло. Поразлична е, и навистина обработува интересни теми.

А сега во врска со темава - јас не ги делам работите на нормални и ненормални. Всушност се обидувам да не ги делам.
Некој прави нешто, постапува или зборува некако и многумина посочуваат кон него велејќи дека тоа не е нормално. Јас пак велам тоа за него е нормално и останува на тоа. Во ред е се што секој прави и нормално е се додека не се загрозува себе си или околината на било каков начин.
КОј што сака нека носи, како сака нека ја бојадисува бојата, како сака нека се изразува - се е нормално ако човекот така се пронаоѓа и се чувствува добро.
Ме мрзи да миислам повеќе, ќе се надоврзам после со уште некој ред два.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f