-На себе!
На мојата глупава глава!
Знам дека не сакам да сум со дечко како него, ама упорно продолжувам, затоа што страшно ме мрзи да му објаснувам, а всушност и не морам да му објаснувам, моите причини можат да останат само мои, ама ете... доаѓа моментот и не реагирам - глупаваааааа!!!
-Лута сум на сите што не ме оставија на мир денеска, а толку многу сакав да сум сама.
-Лута сум и на кучето на соседите, цел ден лае ли лае, без престан. Јас неизмерно ги сакам животните, посебно кучињата, ама ова главата ми ја пукна!