Екстравагантната ревија на Victoria’s Secret денес за првпат се одржа во романтичниот Париз и претставуваше возбудлива фузија на маестрално изработени крилја, сензуална долна облека, гламурозни модели и енергични музички настапи.
Шест сегмента го сочинуваа спектакуларното шоу во срцето на Градот на светлината. Колорит и елементи од различни култури обединуваше „The Road Ahead“, сексапилот на фаталната жена го инспирираше „Secret Angel“, игрива наивност и женственост владееше во „Mountain Romance“, ултра секси готик костими беа прикажани во „Dark Angel“, модерниот уличен стил проткаен со спортски нишки го диктираше „Pink Nation“, додека ведрина и гламур се спојуваа во „Bright Night Angel“.
Погледите на гостите ги хипнотизираа вкупно 82 костими на извајаните тела на 51 модел. Впечатливите обувки го носат потписот на американскиот дизајнер Брајан Етвуд.
Ангелите Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Лили Олдриџ, Елза Хоск, Џасмин Тукс, Жозефин Скривер, Марта Хант, Стела Максвел, Тејлор Хил, Сара Сампајо, Роми Страјд и Лаис Рибеиро беа придружени од десетици свои колешки, меѓу кои Бела и Џиџи Хадид, Кендал Џенер, Ирина Шајк, Даниела Брага, Изабел Голарт, Лили Доналдсон, Џоан Смолс, Лиу Вен, Грејс Елизабет и Меган Вилијамс.

Последна промена од модератор: