Го користам овој... инаку за мрсна коса е, ми се мрси и мене, но сега почнав пак со бабинските лекови и гледам почна подобрување да има... порано косата ми се мрсеше премногу, секој ден, за 3-4 саати после миењето и се миев со чај од коприва и за 1 месец косата престана да ми се мрси, ми стоела и по 5 дена... сега после толку години, почна да ми се мрси пак, не ја мијам толку често, секои 2-3 дена, зависи кога како, со овој шампон и на крајот ја исплакнувам со чајот... баш пред некој ден и прочитав за мрсна коса наместо шампон да се мие со сода, во старо шише да се стави една лажица сода и чаша вода и со тоа да се мие косата, оваа го немам пробано и не знам што и како е...