ихаа се изнамуабетивте, шубо
Lena муабетот ми е - не се разделуваат работите така како што ги делиш ти, притоа отфрлајќи ги сосема оние кои не ти одговараат.
Точно е дека очекувањата носат разочарувања, ама не е тоа правило. Ако 10 очекувања донеле 10 разочарувања не значи дека и секое следно очекување ќе донесе ново разочарување.
Разбирам дека после еден куп разочарувања човек доаѓа во ситуација да си рече - доста ми е, не очекувам веќе ништо од никој и од никаде. Ама тоа ми е исто како кога се најдеш на дното да си речеш - епа јбг, од тука нема каде да паднам, па ќе си останам тука. Нема очекувања, нема ризик ново разочарување, нема ризик од ново паѓање, сѐ е познато и безбедно...
Не е поентата човек да се откаже од очекувањата, да ги отфрли како непотребни сите размисли за резултатот, не е поентата да се остане без цели кон кои ќе се стремиме. Поентата е да не дозволиме тие очекувања и размислувања за резултатите да ни станат единствената мисла која ќе ги поклопи сите други.
Барем јас така гледам на тоа.
Инаку ми е само заменување на една крајност со друга - наместо тотална преокупираност со исходот, тотално отфрлање на било какви размислувања за исходот. Или ако сакаш - тоа е чисто бегање.