Чет муабети (ти реков-ми рече)

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Знаете ли каква револуција е пеницилинот? Знаете ли дека без антибиотици светот денес ќе беше преполовен? Знаете ли дека се отстранети болести како колера, вариола вера, дифтерија и многу други?

Знаеме. Но исто така знаеме и дека оваквите лекови се препишуваат и за најобична настинка, како да се витамински таблети.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and ●Untouchable°

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Знаеме. Но исто така знаеме и дека оваквите лекови се препишуваат и за најобична настинка, како да се витамински таблети.
Тоа што денес се претерува со антибиотици не ја спори нивната корист. Точно е дека поради честата употреба бактерии стануваат отпорни и се потешки за лечење ама дека антибиотиците се направени за некој да си го наполни џебот не се сложувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Знаеме. Но исто така знаеме и дека оваквите лекови се препишуваат и за најобична настинка, како да се витамински таблети.
Тоа што некој несовесен доктор ги препорачува и за најобична настинка, не значи дека не се едни од најбитните лекови за човештвото. Не сме виделе дифтерија, туберкулоза и многу други, затоа мислиме дека не се толку потребни. Верувај, доволно е да фати една мала епидемија (недај Боже), па да видиш како ќе се молат сите да има ефективен лек.
Не негирам јас дека и тревките и билките си имаат лековити дејства, напротив треба да се пијаат и тие, ама никако не се замена за лекови.
 

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Не негирам јас дека и тревките и билките си имаат лековити дејства, напротив треба да се пијаат и тие, ама никако не се замена за лекови.

Зависи од јачината на билката. Со нане сигурно нема да излечиш некоја тешка болест.

Тоа што денес се претерува со антибиотици не ја спори нивната корист. Точно е дека поради честата употреба бактерии стануваат отпорни и се потешки за лечење ама дека антибиотиците се направени за некој да си го наполни џебот не се сложувам.

Тогаш зошто се препишуваат пречесто, ако не за тоа некој да оствари профит?

Да се разбереме, нема потреба да ме убедувате дека синтетичките лекови се потребни затоа што не сум против нивната употреба, се противам само поради нивната злоупотреба со цел да се профитира на сметка на човековото здравје.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
^ Тоа не можеш никако да го спречиш. Everything is made to be broken.
Се злоупотребуваат лекови, се злоупотребуваат органи за трансплантација, ќе почнат и матични клетки да се злоупотребуваат, се злоупотребува хемијата (се прават бомби кои можат комотно да не демолираат цел свет), се злоупотребува физиката... Сите работи во светов почнале како визија за подобро утре, и се нашол некој социопат и ги претворил во орудие за правње на пари. Тоа така оди, таков е едноставно светот.
Ист муабет вртиме во глобала :)
А за тревки мислев дека и тие можат да бидат корисни, како на пример увин чај кога има уринарна инфекција, ама без антибиотик никако не врви. Се разбравме:)