Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Никогаш не сум спомнала, ама и јас цртам. Порано повеќе, па да стигнам сега до ич.
Пошто денес немаше што да правам, зедов пенкалото во рака и си го нацртав Стјуи
Да беше со молив ќе беше подобро, ама ок, ќе ве почастам друг пат со нешто поубаво...
Бреее! Повеќе време ми зеде сликањето отколку самото цртање.
Однапред ќе извините што Хопкинс делува ко шминкан, не ми работи фотокопирот на печатарот. Се надевам колку-толку се гледа.
Со блиц се губат линии и изгледа ко недовршено, без блиц пак се губат потенките линии и делува претемно.
Во спојлер ќе ги ставам одблиску, барем некој детаљ да се види.