Црвен Крст

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
416
707
1,103
Сакам да станам активист на црвениот крст... Е сега ме интересира доколку некој е, или некој знае, да ми каже со што се занимаваат активистите на црвениот крст и како се станува нив член...
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScoobyDoo

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
416
707
1,103
Каде имаат претставништва во Скопје? Кај треба да се праша?
Пред некој ден поминаа во зградава наша волонтери или членови (не знам што беа) и собираа пари за некое болно детенце за операција... Извадив и им дадов... Срцето ми се наполна и сакам да станам како нив... Да помагам на луѓето...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Boyka

Истакнат Член
14 февруари 2012
258
735
93
Skopje
Сакам да станам активист на црвениот крст... Е сега ме интересира доколку некој е, или некој знае, да ми каже со што се занимаваат активистите на црвениот крст и како се станува нив член...
јас бев волонтер 4 години додека учев средно после се откажав почнав да работам обрски и криво ми е што не останав многу е интересно запознавас луге идес на семинари учиш нови работи што ке ти бидат корисни итн ако сакас да станес волонтер ке ти завршам работа одма
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Сакам да станам активист на црвениот крст... Е сега ме интересира доколку некој е, или некој знае, да ми каже со што се занимаваат активистите на црвениот крст и како се станува нив член...
Претпоставувам си од Скопје, јас сум член од друг град. Сега се формира нова група и сите сме средно и сме поделени во повеќе групи. Јас сум лидер за социјални дејности, тоа е на пример кога има ден на сида и се организира нешто. Сите сме нови но има многу проекти и обуки. Интересно се дружиш, а помагаш на други. :)
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Оди во центарот на Црвен Крст и зачлени се. Убаво е многу.
Ќе ти даваат секакви задачи, организирате хуманитарни забави по дискотеки, на плоштад, собирате пари за некој болен човек...тоа и го знаеш, дека главно се` хуманитарно правите за помагање на другите.
Има и натпревари меѓу неколку членови и најдобрите одат некаде на зимување или летување. Знам сега после распустот имаше некоја наградна игра, му даваа од ЦК некои ливчиња и децава ги учеа за после тоа да одат на натпревар со тие од ЦК па најдобрите на одмор си одат.. :D И така :p
 

Woman in black

Нов член
13 јули 2012
15
21
3
Јас волонтирам во Црвен Крст скоро 2 години и можам да ви кажам дека одлично е, се прават забави, семинари, кампови...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Незнам за друго но навистина ме изненади гестот на Црвен Крст од пред некој ден.
Стојам на автобуската и тие застануваат со комбе и на сите луѓе што беа на автобуската и дадоа по една флаширана вода и флаер како да се заштитиме од топлото време.Браво за идејата.
 

Wild.One

Истакнат Член
17 јуни 2012
197
147
343
Wonderland
Бев член една година и се разочарав. Никаква организација, парите што ги земаат ги трошат за глупости и не ги интересира некој да пратат на кампување или да организираат нешто. Пријавени се неколку пати од претседателот и немаат превземено никаква мерка од Скопје. Среќа што имаме многу добри невладини организации.
 

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
Сакам да станам активист на црвениот крст... Е сега ме интересира доколку некој е, или некој знае, да ми каже со што се занимаваат активистите на црвениот крст и како се станува нив член...
Каде имаат претставништва во Скопје? Кај треба да се праша?
Пред некој ден поминаа во зградава наша волонтери или членови (не знам што беа) и собираа пари за некое болно детенце за операција... Извадив и им дадов... Срцето ми се наполна и сакам да станам како нив... Да помагам на луѓето...

Активен член сум во Црвениот Крст веќе 4-5 години (пред тоа само како волонтер за ПХВ-проектите) бев и лидер на Клубот на млади во мојот град и член на собрание на млади на ЦКРМ, вчера се вратив од еден меѓународен камп во Битола а за некој ден одам на камп кој го организираме во нашата ООЦК
Во Скопје имаат општински: Гази Баба, Карпош, Центар, Кисела Вода и Чаир.. За да се приклучиш најпаметно ти е да ги побараш директно во просториите на организацијата или доколку познаваш некој кој е член па да те информира.. Во клуб на млади можеш да се приклучиш доколку имаш помалку од 27 години.
ЦК во Македонија работи по традиционалниот календар на активности во кој има Недела за посреќно детство, Недела на грижа за стари лица, Недела на солидарноста и др... Има повеќе активности од кои можеш да бидеш дел, врснички едукации за первенција од ХИВ/СИДА и СПИ како и други здравствено превентивни активности, борба против трговија со луѓе, борба против болести на зависност, превенција од алкохолизам како и голем број на проекти за заштита од топлотните бранови, заштита/информација за разни болести на денешницата(туберкулоза, рак, грип и др..) , собирни акции за социјално загрозени смејства, многу општински клубови на млади прават проекти за почиста околина, комуникација, разни трибини и дебати... многу добро познат е и државниот натпревар по прва помош кој најпрво се организираат општински натпревари на кои победничките екипи одат на државен а од државен победничката понатаму.. исто така и крводарителство, црвениот крст има единствено право како организација да ги организира тие крводарителски акции.. младите учествуваат на многубројни кампови и семинари, на кои се дружат, разменуваат искуства, учат, или се оспособуваат за различни врснички едукации, лидерски способности и др...
Бев член една година и се разочарав. Никаква организација, парите што ги земаат ги трошат за глупости и не ги интересира некој да пратат на кампување или да организираат нешто. Пријавени се неколку пати од претседателот и немаат превземено никаква мерка од Скопје. Среќа што имаме многу добри невладини организации.
Од каде си? Во која ООЦК беше член??
Не верувам дека до толку е лошо, може не си била активен член или не си заслужила да отидеш на камп/семинар... + не секогаш секоја општинска е поканета на истите.. искрено колку добро си информирана за парите кои ги добиваат?? кој тоа ги добива?