Од каде си? Во која ООЦК беше член??
Не верувам дека до толку е лошо, може не си била активен член или не си заслужила да отидеш на камп/семинар... + не секогаш секоја општинска е поканета на истите.. искрено колку добро си информирана за парите кои ги добиваат?? кој тоа ги добива?
ООЦК Кавадарци.
Не реков дека ми е криво што не сум одела на семинари туку кажувам за ситуацијата во клубот. Многу е лошо, признавам дека не бев многу акривен член, односно не ми дадиа прилика да бидам навистина активна. Кајнас за да бидеш активен се подразбира: да одиш да му купуваш кафе, да му го средуваш компјутерот, да му куцаш документи, да доставуваш писма до училиштата, да му правиш друштво за пуш-пауза и ред други срања.
Кога има некоја хуманитарна акција и кога треба да се собираат пари членовите не се известени туку одат деца од некое училиште, една иста група секоја година се натпреварува за прва помош, обавезно одат секоја година за Србија незнам како се викаше местото и еднаш беа за Велестово.
Оваа година за Србија замина еден пар кој врска немаат со црвен крст, по 25 години се и кога ни кажуваа дека ке одат се чувствуваа како да одат на одмор. Се чудам дали имаат и претседател.
Знам уште многу ситуации што се дешаваат таму ама не сум таа што треба да суди. Додека не ги сменат главните никој нема да се врати таму.