Сакам да станам активист на црвениот крст... Е сега ме интересира доколку некој е, или некој знае, да ми каже со што се занимаваат активистите на црвениот крст и како се станува нив член...
Каде имаат претставништва во Скопје? Кај треба да се праша?
Пред некој ден поминаа во зградава наша волонтери или членови (не знам што беа) и собираа пари за некое болно детенце за операција... Извадив и им дадов... Срцето ми се наполна и сакам да станам како нив... Да помагам на луѓето...
Активен член сум во Црвениот Крст веќе 4-5 години (пред тоа само како волонтер за ПХВ-проектите) бев и лидер на Клубот на млади во мојот град и член на собрание на млади на ЦКРМ, вчера се вратив од еден меѓународен камп во Битола а за некој ден одам на камп кој го организираме во нашата ООЦК
Во Скопје имаат општински: Гази Баба, Карпош, Центар, Кисела Вода и Чаир.. За да се приклучиш најпаметно ти е да ги побараш директно во просториите на организацијата или доколку познаваш некој кој е член па да те информира.. Во клуб на млади можеш да се приклучиш доколку имаш помалку од 27 години.
ЦК во Македонија работи по традиционалниот календар на активности во кој има Недела за посреќно детство, Недела на грижа за стари лица, Недела на солидарноста и др... Има повеќе активности од кои можеш да бидеш дел, врснички едукации за первенција од ХИВ/СИДА и СПИ како и други здравствено превентивни активности, борба против трговија со луѓе, борба против болести на зависност, превенција од алкохолизам како и голем број на проекти за заштита од топлотните бранови, заштита/информација за разни болести на денешницата(туберкулоза, рак, грип и др..) , собирни акции за социјално загрозени смејства, многу општински клубови на млади прават проекти за почиста околина, комуникација, разни трибини и дебати... многу добро познат е и државниот натпревар по прва помош кој најпрво се организираат општински натпревари на кои победничките екипи одат на државен а од државен победничката понатаму.. исто така и крводарителство, црвениот крст има единствено право како организација да ги организира тие крводарителски акции.. младите учествуваат на многубројни кампови и семинари, на кои се дружат, разменуваат искуства, учат, или се оспособуваат за различни врснички едукации, лидерски способности и др...
Бев член една година и се разочарав. Никаква организација, парите што ги земаат ги трошат за глупости и не ги интересира некој да пратат на кампување или да организираат нешто. Пријавени се неколку пати од претседателот и немаат превземено никаква мерка од Скопје. Среќа што имаме многу добри невладини организации.
Од каде си? Во која ООЦК беше член??
Не верувам дека до толку е лошо, може не си била активен член или не си заслужила да отидеш на камп/семинар... + не секогаш секоја општинска е поканета на истите.. искрено колку добро си информирана за парите кои ги добиваат?? кој тоа ги добива?