Храброст
Долго време талкаш по некои си битни за тебе лично одговори и
длабоко во себе знаеш дека одговорите си ги знаел уште на почетокот на тоа талкање по себе.
Јасни се како ден,
а ти си ги барал наоколу плашејќи се да и погледнеш на вистината во очи.
Најпосле,собираш сила,
го седнуваш својот убав задник и седиш лице во лице со вистината.
Таа ти ги кажува одговорите.
Одговорите се тука.
Цело време лежат пред тебе и се толку видливи.
Сфаќаш дека плашејќи се од вистината си одел по околните патчиња лажејќи се себе.
Си се замотал како мумија сакајќи да го сокриеш она што веќе одамна требало да го покажеш..пред себе пред светот,не е битно.
И тогаш се руши се она што си го знаел пред тоа.
Сите форми губат вредност,сите ликови се небитни,
реалноста ја губи својата смисла.
Остануваш ти.
Во целиот тој хаос.
Хаос на чувства,мисли,идеи,надежи,
копнежи,соништа,стравови.
И сфаќаш дека е крајно време да направиш ред во безредието кое владее.
Крајно време да излезеш од кругот.
И почнуваш.
Чекор по чекор.
Вредно работиш на сето тоа.
Ги отвараш фиоките,ги тргаш ормарите и го чистиш непотребното ѓубре кое се собрало во текот на животот.
Ги опфаќаш сите катчиња и скриени ќошиња.
Изморен си и без сили за понатака,мислиш паѓаш и неможеш понтака.
Но,се лажеш.
Се собираш повторно се дигаш и продолжуваш.
Знаеш дека мораш да продолжиш.
Налетуваш на убави фигури на кои им ја бришеш прашината ги полираш и оставаш да блескаат со сиот нивни сјај.
Налетуваш и на негативни фигури и записи..
Се соочуваш со нив и ги фрлаш.
Таму им е местото.Во ѓубрето.
И конечно стоиш чист самиот пред себе.
И еден единствен чекор е потребен
за почнеш да делуваш.
Еден единствен чекор те дели од излезот од тој сигурен дом.
Само фали храброст.
Хеаброст да се соочиш со непознатото.
Да почнеш повторно.
Од нула.
Стоиш чист и прекрасен. Но и празен.
Стерилен од се.
Фали верба во себе.
Повторно работиш на себе.
Верба која од Х причини ја снемало некаде.
Верба во сопствениот бог.Верба која го прави невозможното возможно.
Стравот да излезеш од сигурната зона,од чистината која си ја створил.
Да одиш по трнливи и непознати патеки.
Повторно да се испрљаш.
Да се основаш на сопствениот инстинкт,да веруваш на луѓето кои првпат ги гледаш.
Да се изгориш и повторно да почнеш.
Чинам
текстов нема некаква поента.
Се лажам.
Има.
Се работи за порцијата храброст која неможе да се собере.
Храброст да излезеш од гипсот во кој си замотан и да го покажеш своето прекрасно битие.
Храброст за нови одлуки и решенија.
Храброст за повторно паѓање и станување.
Без притоа да се плашиш од уште една генералка.