1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Храброст

Дискусија во форумот 'Колумни' започната од Lena, 12 јуни 2013.

  1. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Храброст

    Долго време талкаш по некои си битни за тебе лично одговори и
    длабоко во себе знаеш дека одговорите си ги знаел уште на почетокот на тоа талкање по себе.
    Јасни се како ден,
    а ти си ги барал наоколу плашејќи се да и погледнеш на вистината во очи.
    Најпосле,собираш сила,
    го седнуваш својот убав задник и седиш лице во лице со вистината.
    Таа ти ги кажува одговорите.
    Одговорите се тука.
    Цело време лежат пред тебе и се толку видливи.
    Сфаќаш дека плашејќи се од вистината си одел по околните патчиња лажејќи се себе.
    Си се замотал како мумија сакајќи да го сокриеш она што веќе одамна требало да го покажеш..пред себе пред светот,не е битно.
    И тогаш се руши се она што си го знаел пред тоа.
    Сите форми губат вредност,сите ликови се небитни,
    реалноста ја губи својата смисла.
    Остануваш ти.
    Во целиот тој хаос.
    Хаос на чувства,мисли,идеи,надежи,
    копнежи,соништа,стравови.
    И сфаќаш дека е крајно време да направиш ред во безредието кое владее.
    Крајно време да излезеш од кругот.
    И почнуваш.
    Чекор по чекор.
    Вредно работиш на сето тоа.
    Ги отвараш фиоките,ги тргаш ормарите и го чистиш непотребното ѓубре кое се собрало во текот на животот.
    Ги опфаќаш сите катчиња и скриени ќошиња.
    Изморен си и без сили за понатака,мислиш паѓаш и неможеш понтака.
    Но,се лажеш.
    Се собираш повторно се дигаш и продолжуваш.
    Знаеш дека мораш да продолжиш.
    Налетуваш на убави фигури на кои им ја бришеш прашината ги полираш и оставаш да блескаат со сиот нивни сјај.
    Налетуваш и на негативни фигури и записи..
    Се соочуваш со нив и ги фрлаш.
    Таму им е местото.Во ѓубрето.
    И конечно стоиш чист самиот пред себе.
    И еден единствен чекор е потребен
    за почнеш да делуваш.
    Еден единствен чекор те дели од излезот од тој сигурен дом.
    Само фали храброст.
    Хеаброст да се соочиш со непознатото.
    Да почнеш повторно.
    Од нула.
    Стоиш чист и прекрасен. Но и празен.
    Стерилен од се.
    Фали верба во себе.
    Повторно работиш на себе.
    Верба која од Х причини ја снемало некаде.
    Верба во сопствениот бог.Верба која го прави невозможното возможно.
    Стравот да излезеш од сигурната зона,од чистината која си ја створил.
    Да одиш по трнливи и непознати патеки.
    Повторно да се испрљаш.
    Да се основаш на сопствениот инстинкт,да веруваш на луѓето кои првпат ги гледаш.
    Да се изгориш и повторно да почнеш.
    Чинам
    текстов нема некаква поента.
    Се лажам.
    Има.
    Се работи за порцијата храброст која неможе да се собере.
    Храброст да излезеш од гипсот во кој си замотан и да го покажеш своето прекрасно битие.
    Храброст за нови одлуки и решенија.
    Храброст за повторно паѓање и станување.
    Без притоа да се плашиш од уште една генералка.
     
    На Leiii, cakar_ulav, diva orhideja и уште 9 други им се допаѓа ова.
  2. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Генералките се неодминливи моменти кои не пратат низ животот.
    Понекогаш е потребна инспирација за поттик за храброста.
    За почеток е доволно човек да се освести.
    Тоа е неминовниот прв чекор кон средувањето на сегмент,кој итекако не кочи во животот.
     
    На malo, Leiii, Roxelana и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    ...Се работи за порцијата храброст која неможе да се собере.
    Храброст да излезеш од гипсот во кој си замотан и да го покажеш своето прекрасно битие.
    Храброст за нови одлуки и решенија.
    Храброст за повторно паѓање и станување.
    Без притоа да се плашиш од уште една генералка.

    Која е суштината на едно битување, ако си го скратуваш правото да бидеш храбар?
    Да не носиш одлуки кои би те помрднале од мртва точка?
    Да се задоволиш целиот живот да го поминеш обвиен во молчешкум прифатени, сервирани опции, да дозволиш да те дефинираат?
    Човек си или билка?
    Имаш разум и волја или само мрзоволност да правиш било што друго освен да дишеш?

    Толку прашања, а сите водат кон една единствена целна точка : Одговорноста да бидеш човечко битие.
     
    На malo, Аркантос, WomanInRed и уште 5 други им се допаѓа ова.
  4. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    Храброст е да речиш го можам јас тоа и да го оствариш
    Храброст е жртвување за нештото
    Храброст е еден голем збор со кој неможеме со збор да го објасниме колку и да се трудиме..
     
    На Lena и Badgirl им се допаѓа ова.
  5. mspasenoski

    mspasenoski Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2013
    Мислења:
    442
    Допаѓања:
    701
    Кукавица бакнува, храбар меч.
    Волкот го менува влакното, но не и навиката (тој е храбар, тој неможе да се смени).
    Мораш да бидеш храбар, за да го издржиш она што не можеш да го промениш.
    Храбар е оној кој го совладува стравот. Тој длабоко во себе чувствува страв и знае дека ако моментот кога треба да се соочи со стравот мора да го надмине. Или подоцна ќе се кае што не го направил тоа, без разлика на последиците. Тој момент се јавува пресврт кај човекот. Тој што не чувствува страв, понекогаш е поопасен од најголемиот кукавица. Тој што бега од стравот е најголем кукавица. Никогаш немој да бегаш од ништо, соочи се, така се стекнува и почит или ќе го изгубиш образот. Како викаат старите помеѓу луѓето биди човек, помеѓу кучињата биди волк.
     
    На HAZARDER и Lena им се допаѓа ова.
  6. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,460
    Допаѓања:
    14,377
    Храброст е да прднеш или кивнеш кога имаш пролив. (muscle)
     
  7. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    А уште похрабро е ако тоа го направиш надвор. :)
     
    На JaMi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Е тоа е лудост и бесрамност.
     
  9. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Ама и храброст. :)
     
  10. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Ова е храброст
     
    На mspasenoski му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: