Ниеден народ во историјата не бил толку многу заинтересиран за толкување на времето како што биле Маите. Тие буквално му биле робови на времето и затоа нивната астрологија се смета за една од најточните.
POP (01.01 – 19.01)
Нив ги исполнува тивка сила, упорност, издржливост, па дури и каприциозност. Луцидни се и имаат остар ум. Во животот го добиваат тоа што го сакаат, а упорноста и трпението им обезбедуваат успех. Плановите ги реализираат во младоста, а веќе во средните години може да бидат успешни лидери. Изобилуваат со моќ, богатство и сексапилност. Родените во овој знак стапуваат во брак заради љубов, но и заради богатство и престиж. Од партнерот бараат љубов, почит и восхитување. Другите ги ценат затоа што се богати, но не се себични.
WO (20.01 – 07.02)
Смислата на животот за родените во овој знак се слободата и дружењето. Не сакаат да се врзуваат со никого затоа што најмногу ја ценат слободата. Сепак, ретко уживаат во тоа задоволство. Ако успеат да го контролираат ентузијазмот, може да бидат сјајни луѓе, обожавани од другите. Праведни се и немаат влакна на јазикот. Искрени и чесни луѓе. Ги штитат оние кои им се најдраги. Со текот на животот се дистанцираат од другите и се повлекуваат во себе, но им остануваат верни на своите морални начела. Во љубовта се посветени, амбициозни и љубопитни. Подготвени се за компромис, но никогаш не се откажуваат од целта.
SIP (08.02 – 26.02)
Родените во овој знак се тивки, паметни и добри личности. Не размислуваат за себе, туку за другите, посебно за оние кои им се драги и со кои го делат секојдневието. Солидарни се и секогаш подготвени да помогнат. Внимаваат на сопствениот изглед и ретко се изложуваат на ризици. Верни пријатели се. Стапуваат во брак со некој кој ги познава одлично. Во љубовта се верни и искрени. Во младоста знаат да бидат потиштени, а во староста стануваат себични. Не се стремат кон големо богатство, а во душата се скромни и праведни.
SOTZ (27.02 – 17.03)
Припадниците на овој знак се склони кон секакво претерување. Романтични се и имаат бујна фантазија. Познати се како уметнички души, но знаат „да летаат во облаци“ и да бидат егоисти. Се дружат со определени луѓе, но во никого немаат целосна доверба. Ситничари се и туѓите совети не допираат до нив. Сè примаат со резерва и никогаш не се целосно опуштени. Заради тврдоглавоста може да бидат осамени. Упорни се и подготвени на секаква жртва за да ја постигнат целта. Во љубовта се авторитативни, сакаат да доминираат, но затоа се и верни и посветени.
SEK (18.03 – 04.04)
Родените во овој знак се контроверзни и одат во крајности. Може во сè да бидат исклучителни – чесни, хумани, добри и посветени, но може да бидат и многу лоши. Тоа се луѓе кои немаат мерка. Во љубовта се страсни, продорни и упорни во остварувањето на нивните цели. Таквиот однос им носи успех, но и многу непријатели. Не знаат за компромис, но во љубовта знаат да бидат нежни и посветени. Ја сакаат семејната атмосфера и најисполнети се кога се во кругот на оние кои најмногу ги сакаат. Не поднесуваат пораз, но ако го доживеат, се повлекуваат и бараат афирмација од најблиските.
XUL (05.04 – 23.04)
Безгрижноста ги следи родените во овој знак во текот на целиот живот. Немирниот дух и желбата за нови познанства и искуства е нивна главна карактеристика. Наклонетоста кон авантури и воени вештини може да им предизвика непотребна опасност. Тие се храбри и ценети борци, посветени и упорни, дисциплинирани и истрајни. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и да бидат слободни. Бракот не ги интересира затоа што им ја одзема слободата. Желбата за патување ќе им го исполни животот со многу возбудувања. Тие се добри трговци и мисионери. Повеќе го сакаат духовното, отколку материјалното богатство.
JAXKIN (24.04 – 12.05)
Родените во овој знак се тивки и не сакаат да се истакнуваат. Имаат силна волја и многу се издржливи. Способни се за секаква работа, добри се како трговци, организатори и раководители. Ги сакаат парите и удобниот живот. Трпеливи се и не сакаат конфликти. Иако не сакаат непријателства, знаат да бидат големи критичари. Ги потиснуваат емоциите и заради тоа страдаат од комплекс на помала вредност. Тоа често води кон осаменички живот. Прифаќаат сечија помош, но не веруваат никому. Не се тврдоглави, но упорноста и едноставноста со кои ги решаваат проблемите ги воодушевуваат другите. Подготвени се на секаква жртва за да ги задоволат потребите на оние кои ги сакаат. Ги почитуваат традиционалните морални вредности.
MOL (13.05 – 31.05)
Иако ги интересира сè што ги опкружува, родените во овој знак цврсто стојат на земја и многу се реални. Тие се проникливи, внимателни, донесуваат брзи и исправни одлуки, се повлекуваат од ризични ситуации. Ја сакаат уметноста и може да успеат како сликари, музичари или книжевници. Желбата за афирмација и истакнување ќе влијае на нивниот јавен статус и ќе им донесе слава и углед. Имаат потреба за материјална сигурност и тешко ги прифаќаат новите трендови. И покрај нивната љубопитност, уживаат во хармоничен живот и искрено пријателство. Рационални се и интелигентни и затоа одат по најкраткиот и наједноставниот пат кон остварување на целта.
CHEN (01.06 – 20.06)
Ова се темпераментни луѓе со голем интелект и способност за прилагодување. Животот им е полн со предизвици. Љубопитноста, немирот, желбата за авантури и постојаните промени влијаат на нивниот карактер. Ја сакаат славата и важат за вешти манипулатори. Лесно им влијаат на другите и ги вовлекуваат во авантури. Околината ги смета за недопирливи, луцидни, интелигентни, но и непромислени и брзоплети. Тие се родени морепловци, освојувачи, патници, војници, новинари, трговци и истражувачи, но на крај пак се враќаат кај најблиските. Сакаат брзо и лесно да заработат пари. Во секоја иновација гледаат добра заработувачка и лична афирмација.