Хороскопот на Маите

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Ниеден народ во историјата не бил толку многу заинтересиран за толкување на времето како што биле Маите. Тие буквално му биле робови на времето и затоа нивната астрологија се смета за една од најточните.

POP (01.01 – 19.01)
Нив ги исполнува тивка сила, упорност, издржливост, па дури и каприциозност. Луцидни се и имаат остар ум. Во животот го добиваат тоа што го сакаат, а упорноста и трпението им обезбедуваат успех. Плановите ги реализираат во младоста, а веќе во средните години може да бидат успешни лидери. Изобилуваат со моќ, богатство и сексапилност. Родените во овој знак стапуваат во брак заради љубов, но и заради богатство и престиж. Од партнерот бараат љубов, почит и восхитување. Другите ги ценат затоа што се богати, но не се себични.

WO (20.01 – 07.02)
Смислата на животот за родените во овој знак се слободата и дружењето. Не сакаат да се врзуваат со никого затоа што најмногу ја ценат слободата. Сепак, ретко уживаат во тоа задоволство. Ако успеат да го контролираат ентузијазмот, може да бидат сјајни луѓе, обожавани од другите. Праведни се и немаат влакна на јазикот. Искрени и чесни луѓе. Ги штитат оние кои им се најдраги. Со текот на животот се дистанцираат од другите и се повлекуваат во себе, но им остануваат верни на своите морални начела. Во љубовта се посветени, амбициозни и љубопитни. Подготвени се за компромис, но никогаш не се откажуваат од целта.

SIP (08.02 – 26.02)
Родените во овој знак се тивки, паметни и добри личности. Не размислуваат за себе, туку за другите, посебно за оние кои им се драги и со кои го делат секојдневието. Солидарни се и секогаш подготвени да помогнат. Внимаваат на сопствениот изглед и ретко се изложуваат на ризици. Верни пријатели се. Стапуваат во брак со некој кој ги познава одлично. Во љубовта се верни и искрени. Во младоста знаат да бидат потиштени, а во староста стануваат себични. Не се стремат кон големо богатство, а во душата се скромни и праведни.


SOTZ (27.02 – 17.03)
Припадниците на овој знак се склони кон секакво претерување. Романтични се и имаат бујна фантазија. Познати се како уметнички души, но знаат „да летаат во облаци“ и да бидат егоисти. Се дружат со определени луѓе, но во никого немаат целосна доверба. Ситничари се и туѓите совети не допираат до нив. Сè примаат со резерва и никогаш не се целосно опуштени. Заради тврдоглавоста може да бидат осамени. Упорни се и подготвени на секаква жртва за да ја постигнат целта. Во љубовта се авторитативни, сакаат да доминираат, но затоа се и верни и посветени.

SEK (18.03 – 04.04)
Родените во овој знак се контроверзни и одат во крајности. Може во сè да бидат исклучителни – чесни, хумани, добри и посветени, но може да бидат и многу лоши. Тоа се луѓе кои немаат мерка. Во љубовта се страсни, продорни и упорни во остварувањето на нивните цели. Таквиот однос им носи успех, но и многу непријатели. Не знаат за компромис, но во љубовта знаат да бидат нежни и посветени. Ја сакаат семејната атмосфера и најисполнети се кога се во кругот на оние кои најмногу ги сакаат. Не поднесуваат пораз, но ако го доживеат, се повлекуваат и бараат афирмација од најблиските.

XUL (05.04 – 23.04)
Безгрижноста ги следи родените во овој знак во текот на целиот живот. Немирниот дух и желбата за нови познанства и искуства е нивна главна карактеристика. Наклонетоста кон авантури и воени вештини може да им предизвика непотребна опасност. Тие се храбри и ценети борци, посветени и упорни, дисциплинирани и истрајни. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и да бидат слободни. Бракот не ги интересира затоа што им ја одзема слободата. Желбата за патување ќе им го исполни животот со многу возбудувања. Тие се добри трговци и мисионери. Повеќе го сакаат духовното, отколку материјалното богатство.

JAXKIN (24.04 – 12.05)
Родените во овој знак се тивки и не сакаат да се истакнуваат. Имаат силна волја и многу се издржливи. Способни се за секаква работа, добри се како трговци, организатори и раководители. Ги сакаат парите и удобниот живот. Трпеливи се и не сакаат конфликти. Иако не сакаат непријателства, знаат да бидат големи критичари. Ги потиснуваат емоциите и заради тоа страдаат од комплекс на помала вредност. Тоа често води кон осаменички живот. Прифаќаат сечија помош, но не веруваат никому. Не се тврдоглави, но упорноста и едноставноста со кои ги решаваат проблемите ги воодушевуваат другите. Подготвени се на секаква жртва за да ги задоволат потребите на оние кои ги сакаат. Ги почитуваат традиционалните морални вредности.

MOL (13.05 – 31.05)
Иако ги интересира сè што ги опкружува, родените во овој знак цврсто стојат на земја и многу се реални. Тие се проникливи, внимателни, донесуваат брзи и исправни одлуки, се повлекуваат од ризични ситуации. Ја сакаат уметноста и може да успеат како сликари, музичари или книжевници. Желбата за афирмација и истакнување ќе влијае на нивниот јавен статус и ќе им донесе слава и углед. Имаат потреба за материјална сигурност и тешко ги прифаќаат новите трендови. И покрај нивната љубопитност, уживаат во хармоничен живот и искрено пријателство. Рационални се и интелигентни и затоа одат по најкраткиот и наједноставниот пат кон остварување на целта.

CHEN (01.06 – 20.06)
Ова се темпераментни луѓе со голем интелект и способност за прилагодување. Животот им е полн со предизвици. Љубопитноста, немирот, желбата за авантури и постојаните промени влијаат на нивниот карактер. Ја сакаат славата и важат за вешти манипулатори. Лесно им влијаат на другите и ги вовлекуваат во авантури. Околината ги смета за недопирливи, луцидни, интелигентни, но и непромислени и брзоплети. Тие се родени морепловци, освојувачи, патници, војници, новинари, трговци и истражувачи, но на крај пак се враќаат кај најблиските. Сакаат брзо и лесно да заработат пари. Во секоја иновација гледаат добра заработувачка и лична афирмација.
 

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
YAX (21.06 – 09.07)

Луѓето родени во овој знак имаат добра душа, ги разбираат сите и никого не осудуваат. Подготвени се секому да му помогнат. Имаат афинитети кон магијата и окултното. Одлични се како учители и свештеници. Внимателни се со парите и ако се занимаваат со трговија, може да станат многу итри. Крајната цел им е материјалното богатство. Друштвени се, го сакаат јавниот живот, но избегнуваат скандали. Многу им се важни туѓото мислење и средината во која живеат. Верни се и искрени без никакви условувања и ограничувања. Во љубовта се упорни и посветени, па дури и љубоморни.

SAK (10.07 – 29.07)

Родените во овој знак се сонувачи по природа и се неодоливо шармантни. Во детството, тоа се деца со кои родителите се гордеат, а во подоцнежните години, тоа се угледни и афирмирани личности, неретко членови на Владата или државниот кабинет. Овие луѓе се конзервативни, ги ценат проверените вредности и секогаш преку свој личен пример ја докажуваат вредноста на семејниот живот. Важат за солидарни, веродостојни и секогаш се на страната на вистината.

KEH (30.07 – 18.08)

Личностите родени во овој знак се горди, амбициозни, дарежливи, среќни и посветени. Имаат силна волја и добри организаторски способности, сигурни се во себе и авторитативни. Во љубовта се искрени и верни. Сакаат сè што е популарно и постојано сакаат да се афирмираат. Нивните пријателства се долги и цврсти. Никогаш не ги напуштаат оние кои ги сакаат. Практични се и секогаш одат до крај. За нив не постојат никакви препреки. Подеднакво ги сакаат и партнерот и друштвото. Нивните совети се искрени, пријателски и корисни. Со насмевка на лицето ги прикриваат неуспесите и љубовните проблеми. Добри советници се и темелни истражувачи. Прифатени се од сите и брзо постигнуваат успех. Ако ја најдат вистинската љубов, може да остварат длабока емотивна и долга врска.

MAK (19.08 – 25.09)

Главни карактеристики на родените во овој знак се пренагласената индивидуалност и желбата за совршенство. Напредуваат полека, но сигурно. Имаат развиена интуиција и креативна енергија. Нивните планови се темелат на знаење и искуство. Не сакаат да импровизираат. Секоја одлука темелно ја анализираат пред да ја донесат, па кај нив речиси и да не постои ризик од неуспех. Овие личности се истакнуваат со нивните морални квалитети и подготвеноста да помогнат, така што со текот на времето стекнуваат многу пријатели. Може да успеат како уметници. Живеат во хармонија со околината, но ги следат своите инстинкти. Влегуваат во конфликт само доколку почувствуваат опасност. Тогаш се многу опасни противници.

MUAN (26.09 – 14.10)

Родените во овој знак се натпросечно интелигентни, креативни, духовити и строги реалисти. Владеат коректно и ги сакаат независноста и осаменоста. Не поднесуваат да бидат временски ограничени. Во работата се трпеливи, упорни и темелни. Ги сакаат мирот и хармонијата. Економични се и внимаваат на трошоците. Не превземаат ризици и уживаат во мирни и далечни патувања. Постојано се во потрага по среќа. Пребирливи се и затоа тешко се одлучуваат на заеднички живот. Иако се тивки, затворени и недостижни, од нив може многу да се научи. Секогаш сметаат дека може да постигнат многу повеќе. Важат за уметнички души и големи хуманитарци.

PAX (15.10 – 02.11)

Претставниците на овој знак се праведни, стабилни, авторитативни личности кои сакаат да се истакнуваат. Уште од мали сакаат да бидат независни и самостојни. Често им противречат на родителите. Омилени се во друштвото. Весели се и темпераментни и за секого го кажуваат само најдоброто. Имаат талент за уметност, посебно за музика и сликарство. Но, и покрај тоа може да бидат храбри и успешни војсководци, но и строги и дисциплинирани господари. Свесни се за своите цели и интереси кои, ако не ги реализираат, може да застранат и да отидат во крајност.

KAYAB (03.11 – 22.11)

Овие луѓе ја носат среќата во себе. Доверливи се, дискретни, искрени, но и љубоморни. Ги ценат пријателството и соработката. Подготвени се да се жртвуваат за оние кои ги сакаат, но и да ги прогонуваат непријателите. Тие се отворени и бескомпромисни борци. Многу се креативни. Може да бидат успешни во секоја професија. Сакаат долга и искрена љубов. Никогаш не се откажуваат од своите цели и заради тоа се одлични организатори. Омилени се меѓу пријателите. Кога ќе одлучат нешто, тоа го реализираат надминувајќи ги сите препреки. Потешко се снаоѓаат во непозната средина. Заинтересирани се за религијата, историјата и уметноста.

KUMKU (23.11 – 11.12)

Сјајни личности се раѓаат во овој знак. Праведни се, посветени, искрени и упорни. Тие се вистински борци за правда. Тежнеат кон далечни и возвишени цели, истрајни се во работата, темпераментни и омилени во средината каде што живеат. Дарежливи се и полни со разбирање за туѓата несреќа. Во работата се упорни и креативни. Одлични се како лидери и раководители. Во животот им се отвораат сите врати. Уживаат голем углед во средината во која што живеат и работат. Важат за хуманитарци, мисионери, свештеници и борци за човекови права. Лесно ги освојуваат туѓите срца и речиси никогаш не се расправаат.

WAYEB (12.12 – 31.12)

Родените во овој знак со малку труд постигнуваат среќа и хармонија. Ѝ се радуваат на секоја ситница. Не се амбициозни и немаат нереални планови. Скромни се и лесно се помируваат. Имаат изразено чувство за праведност. Целосно задоволство наоѓаат во семејството. Најуспешни се кога работат тимски. Немаат многу храброст и не се служат со „ниски удари“. Ги разбираат поразените и подготвени се да им помогнат. Ги ценат семејните вредности и ретко ризикуваат. Не го кријат незадоволството, но ги избегнуваат расправиите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: EmmaLoveN and 048

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
SIP (08.02 – 26.02)
Родените во овој знак се тивки, паметни и добри личности. Не размислуваат за себе, туку за другите, посебно за оние кои им се драги и со кои го делат секојдневието. Солидарни се и секогаш подготвени да помогнат. Внимаваат на сопствениот изглед и ретко се изложуваат на ризици. Верни пријатели се. Стапуваат во брак со некој кој ги познава одлично. Во љубовта се верни и искрени. Во младоста знаат да бидат потиштени, а во староста стануваат себични. Не се стремат кон големо богатство, а во душата се скромни и праведни.

--------------------------------------------------------------------------------
умре ѓупката шо ме фалеше :)

truestory.jpg
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
SEK (18.03 – 04.04)
Родените во овој знак се контроверзни и одат во крајности. Може во сè да бидат исклучителни – чесни, хумани, добри и посветени, но може да бидат и многу лоши. Тоа се луѓе кои немаат мерка. Во љубовта се страсни, продорни и упорни во остварувањето на нивните цели. Таквиот однос им носи успех, но и многу непријатели. Не знаат за компромис, но во љубовта знаат да бидат нежни и посветени. Ја сакаат семејната атмосфера и најисполнети се кога се во кругот на оние кои најмногу ги сакаат. Не поднесуваат пораз, но ако го доживеат, се повлекуваат и бараат афирмација од најблиските. kolku e samo tocno ;)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
SIP (08.02 – 26.02)
Родените во овој знак се тивки, паметни и добри личности. Не размислуваат за себе, туку за другите, посебно за оние кои им се драги и со кои го делат секојдневието. Солидарни се и секогаш подготвени да помогнат. Внимаваат на сопствениот изглед и ретко се изложуваат на ризици. Верни пријатели се. Стапуваат во брак со некој кој ги познава одлично. Во љубовта се верни и искрени. Во младоста знаат да бидат потиштени, а во староста стануваат себични. Не се стремат кон големо богатство, а во душата се скромни и праведни.

Ја сам тивок да, мноо збору ама тихо лол
а сфе друо е горе доле тачно нетачно(како мене) хх
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
MUAN (26.09 – 14.10)
Родените во овој знак се натпросечно интелигентни, креативни, духовити и строги реалисти. Владеат коректно и ги сакаат независноста и осаменоста. Не поднесуваат да бидат временски ограничени. Во работата се трпеливи, упорни и темелни. Ги сакаат мирот и хармонијата. Економични се и внимаваат на трошоците. Не превземаат ризици и уживаат во мирни и далечни патувања. Постојано се во потрага по среќа. Пребирливи се и затоа тешко се одлучуваат на заеднички живот. Иако се тивки, затворени и недостижни, од нив може многу да се научи. Секогаш сметаат дека може да постигнат многу повеќе. Важат за уметнички души и големи хуманитарци.

како мене да ме гледале и да пишувале. :D
 

EmmaLoveN

Полноправен Член
11 јуни 2012
13
26
13
MUAN (26.09 – 14.10)

Родените во овој знак се натпросечно интелигентни, креативни, духовити и строги реалисти. Владеат коректно и ги сакаат независноста и осаменоста. Не поднесуваат да бидат временски ограничени. Во работата се трпеливи, упорни и темелни. Ги сакаат мирот и хармонијата. Економични се и внимаваат на трошоците. Не превземаат ризици и уживаат во мирни и далечни патувања. Постојано се во потрага по среќа. Пребирливи се и затоа тешко се одлучуваат на заеднички живот. Иако се тивки, затворени и недостижни, од нив може многу да се научи. Секогаш сметаат дека може да постигнат многу повеќе. Важат за уметнички души и големи хуманитарци....Поголемиот дел го имаат погодено :))