Хип-Хоп катче

Македонец

Староседелец
14 февруари 2012
315
440
1,063
  • Ми се допаѓа
Реакции: CofD, Hexasto and Baronessa

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Хип-Хоп Катче
Прво заради тоа што уште некој не знаат што е Хип-Хоп мала историја:


Хип-хоп е музички жанр кој е развиен со Хип-Хоп култура која настанала во САД во 70-тите години на 20-ти век, и станал дел од модерната култура во 80-тите. Воглавно се состои од следниве неколку елементи:

Овие се четирите главни елементи на хип-хоп културата, која ја започнале младите

афро-американци од Њујорк во почетокот на 1970 година. Типично за хип-хопот е тоа што се состои од засилено ритмично рецитирање и обилно користење на техниките: асонанса, алитерација и рима.

Хип Хоп играње
Хип хоп играњето најпрвин се играше со хип хоп музика, или се развило како дел од хип хоп културата. Хип хоп музиката, а исто така и играта може да се подели на стара школа (old school) и нова школа (new school).Врстите на хип хоп играњето се појавиле како независни, и многу луѓе денес го играат без обзир што имаат малку или никакви врски со оригиналната култура. Оригиналните играчки врсти во хип хоп културата створиле субжанрови, еден од нив е Breakdance.
***
Во последно време секој сељак ( затоа што секој има пристап до интернет и компијутер), почна да прави РАП. Не е во рапот само да се направи само пари, финтата е тоа што се прави да биде од љубов.Само ќе ве молам да правите разлика меѓу Комерцијален Рап и "Underground" рап. Го завршувам воведот со едан мисла:

Само ќе ве молам да правите разлика меѓу Комерцијален Рап и "Underground" рап.
????? МОЛАМ ?????? Да не си се збунил со РАП... пошто ХИП-ХОП е КУЛТУРА ! нели? или да?
а јас сум гревче, си го сакам рапчево како што жедниот сака вода! аххх моја љубов... никогаш не би те заменила! секогаш си слушам рапче!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and parvati

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
????? МОЛАМ ?????? Да не си се збунил со РАП... пошто ХИП-ХОП е КУЛТУРА ! нели? или да?
а јас сум гревче, си го сакам рапчево како што жедниот сака вода! аххх моја љубов... никогаш не би те заменила! секогаш си слушам рапче!
Рап е вид на музика во која се рецитира и мора да содржи рими. Постои андерграунд и комерцијален рап. Во комерцијалниот рап спаѓаат оние артисти кои го прават за пари, слава, публицитет..додека андерграундот се прави чисто од љубов кон музката. Артистот ја презентира вистината, своето животно патешествие, инспириран од неисцрпните патеки на животот.Поимот РАП доаѓа како кратенка од Rhythm And Poetry (Ритам и Поезија). Како што кажува самата кратенка, оваа музика се состои од две клучни работи, поезија која се искажува врз ритам. Уште пред да ја добие својата светска експанзија, оваа култура почна да се развива и кај нас, на почетокот изразена преку застрашувачки мал број артисти, но денес самата Хип Хоп култура (чии начела се најдобро опишани преку овој музички правец) ја доживува својата врвна популарност. Сепак, може да се заклучи дека прилично голем број на луѓе во Македонија, ја прифатиле само модната линија на оваа култура, не знаејќи ја всушност вистинската слика за животот која таа ја носи, како и нејзините принципи и квалитети.Исто така рапот е многу убава музика и пријатна за слушање.
Хип-хоп е музички жанр кој е развиен со Хип-Хоп култура која настанала во САД во 70-тите години на 20-ти век, и станал дел од модерната култура во 80-тите. Воглавно се состои од: Рецитирање (англиски: MCing),Продукција и скречување (англиски: DJingи Scratching),Брејкденс (англиски: breakdance),Графити (англиски: graffiti).Овие се четирите главни елементи на хип-хоп културата, која ја започнале младите афро-американци од Њујорк во почетокот на 1970 година. Типично за хип-хопот е тоа што се состои од засилено ритмично рецитирање и обилно користење на техниките: асонанса, алитерација и рима.Хип хоп играњето најпрвин се играло со хип хоп музика, или се развило како дел од хип хоп културата. Хип хоп музиката, а исто така и играта може да се подели на стара школа (old school) и нова школа (new school).Врстите на хип хоп играњето се појавиле како независни, и многу луѓе денес го играат без обзир што имаат малку или никакви врски со оригиналната култура. Оригиналните играчки врсти во хип хоп културата створиле субжанрови, еден од нив е Breakdance.
https://www.google.com/search?rlz=1C1AVSX_enMK469MK469&ix=sea&sourceid=chrome&ie=UTF-8&q=Хип-хоп е музички жанр кој е развиен со Хип-Хоп
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy